Klassische – offene Bauchchirurgie
Дванаестопалачно црево е цеваст орган во вид на буквата “C”, сместен помеѓу желудникот и тенкто црево. Во неговиот конкавитет е сместена главата на панкреасот и со неа чпретставува генетски и функционално заеднички орган – т.н.дуопденопанкреас.

Во него се слеваат сите сокови за варење на храната и тоа: Жолчната течност од црниот дроб и панкреасниот сок кои таму се слеваат преку отворот на т.н. Ватерова папила.
Најчести заболувања:
- Воспаленија
- Тумори од бенигно и малигно потекло
- Повреди на дванаестопалачното црево
Симптоми: болка во горниот дел на стомакот над папокот и кон десно, болка во грбот, гадење, повраќање.
Во нашата установа се работи комплетна хирургија на дванаестопалачното црево.
Вовед
Овој предел има многу важна функција во одржување на целосна континенција-одржување на столицата, амортизација од повреди на ѕидот на цревото при поминување на столицата, контрола на празнењето на дебелото црево, како и резервоар на фекална маса.
Хемороиди
Оперативно лекување: – еднодневна хирургија
Операција со ултразвук,
Операција со степлер за хемороиди – Лонго процедура.
Анални фисури
Пукнатина на аналниот прстен која во длабочина оди до мускулниот слој.
Причина за појава обично е повторувана или долготрајна опстипација – запек, односно тврда столица.
Многу болна, поготово при дефекација, а исто така и често крвари.
Терапија кај хроничните облици е оперативна.
Перианални фистули
Обично се јавуваат како последица на некој друг воспалителен процес во аноректалната регија или нешто повисоко на дебелото црево.
Најнапред почнуваат како абсцеси-гнојни шуплини кои со тек на време пробиваат према површината на кожата во перианалниот предел. Можат да комуницираат со луменот на дебелото црево, а можат и да бидат само дренажен канал на гнојни шуплини во ткивата.
Терапијата е хируршка – отстранување на фистулозниот отвор и канал, како и причината.
Перианални абсцеси
Тоа се ограничени простори или шуплини во перианалната регија, исполнето со гнојна содржина. Настануваат како резултат подолготрајни и повторувани воспалителни процеси во тој предел.
За сите патолошки процеси во аноректалниот и перианалниот предел најчест и најсилно изразен симптом е болката.
Терапијата е хируршка – инцизија и евакуација на гнојната содржина, поткрепена со краткотрајно користење на антибиотска терапија.
Реконструкција на анален сфинктер
Најчеста причина за пореметена функција на надворешниот анален сфинктер е траума.
Кај женскиот пол, обично тоа се случува при породување поради ненавремена или отсутна епизиотомија, додека кај мажите тоа е трауматска повреда на аноректум.
Главна карактеристика на повредување на функцијата на овој сфинктер е неможност за контрола и задршка на столицата-изметот и неволно и неконтролирано негово празнење.
Во нашата установа се врши оперативна интервенција со која 100 % се враќа комплетната функција на аналниот сфинктер, дури и после 20 години од настанатата повреда.