Nicht-Invasive
Радиографијата претставува почетна точка при дијагностицирање на разни клинички случаи. Предноста на оваа метода е во лесната достапност, неинвазивност, ниски трошоци, релативно безбедна,брзина на изведување,резултати за кратко време.
Нашиот РТГ оддел е целосно дигитализиран,со минимална радијација.
Во нашата болница се изведува дијагностицирање на:
- Нативна рентгенграфија на скелет
- Нативна рентгенграфија на белите дробови
- Нативна рентгенграфија на абдомен
- Нативна рентгенграфија на уринарниот тракт
- Интравенска урографија за визуелизација на екскреторниот систем на уринарниот тракт
Компјутерското снимање претставува современа, неинвазивна, прецизна дијагностичка процедура која користи јонизирачко зрачење, со што се добиваат детални слики од различни регии на човековото тело. Се користи за анализа и дијагностика на повреди и/или заболувања на мозокот, мускулоскелетниот систем, градна и стомачна шуплина со нивните внатрешни органи, карлица и нејзините органи, како и анализа и дијагностика на заболувања на кардиоваскуларниот систем .
Во нашата болница имаме 256 слоен компјутерски томограф од компанијата Phillips со околу 50% помало зрачење. Подготовката за КТ скенирање бара мининален напор од пациентот. Најдобро е да ја направите 4 часа по гладување, додека пак за некои абдоменални испитувања ќе Ви биде дадено да испиете супстанца од јод пред да се направи испитувањето. Инатравенски контраст може да биде задолжителен за некои испитувања со цел прикажување на подетални делови од одредено ткиво и крвни садови. Доколку е потребно, ќе треба да се направат и резултати од крвта, за да се утврди колку добро вашите бубрези функционираат и дали е безбедно да се продолжи со скенирање.
Процесот на подготовка и скенирање е во траење до 30 минути. Доколку за Вашето скенирање е потребно инјкетирање на контраст или Вашата процедура е интервентна тогаш може да се задржите и до 90 минути во одделот за радиологија.
Кај нас се изведуваат следните КТ испитување и КТ водени интервенции:
- КТ коронографија
- КТ графтографија
- КТ на срце (заболувања и вродени аномалии)
- КТ на аорта
- КТ ангиографија на каротида и церебрални артерии
- КТ на периферни артерии
- КТ венографија( големи вени)
- КТ на черепот и мозокот
- КТ на торакс
- КТ на абдомен и карлицата
- КТ на скелетот кај пациенти со политраума и/или тумори
- КТ колонографија (виртуелна колоноскопија)
- КТ водени биопсии
- КТ – ПРТ перирадикуларна терапија
Магнетната резонанца е неинвазивна дијагностичка процедура која не користи јонизирачко зрачење, туку моќно магнетно поле и радиофреквентни бранови со што се добиваат детални слики од различни регии на човековото тело. Се користи за анализа и дијагностика на заболувања на мозокот, мускулоскелетниот систем, градна и стомачна шуплина со нивните внатрешни органи, карлица и нејзините органи, дојки и анализа и дијагностика на кардиоваскуларниот систем .
Кај нас се изведуваат следниве МР испитувања:
- МР на мозок
- МР на целиот рбет (цервикален, торакален и лумбален)
- МР на зглобовите (спортски повреди)
- МР на горниот адбдомен
- MРЦП – холангио –панкреатографија (жолчно кесе, жолчни патишта и панкреатичен канал)
- МР ентерографија (тенко црево)
- МР на карлицата
- MР на матката
- МР на ректум
- МР на простата
- МР ангиографија (MRA) на церебралните и периферните артерии
- МР на дојки
- МР спектроскопија
- МР следење на нервни патишта
- МР на срце
Нашиот Philips Ingenia 1.5T MRI скенер придонесува кон подобар комфорт на пациентот, согласно следниве карактеристики: пократок тунел и поголем отвор од 70cm. Амбиентално осветлување за порелаксирано искуство. Со оглед на силното магнетно поле кое се создава од МР скенерот се појавуваат и неколку контраиндикации за МР испитување. Многу е важно да ги информирате од МР одделот, пред да биде направено скенирањето, доколку сте бремени, или пак имате вградено: пејсмејкер на срце, имплант, метални делови или рана од шрапнел на Вашето тело од било кој период од животот. Пред снимањето ќе добиете прашалник за безбедност кој треба да го поплните. Ова е со цел да Ви помогне во потврдување на сигурноста од скенирањето. Радиолошкиот технолог е подготвен да одговори на секое прашање кое го имате и да Ви ја објасни процедурата во целост.
Подготовката за МР е мининална. Во некои случаи може да Ви се даде да испиете една шеќерна состојка пред отпочнување со постaпката за испитување. Интравенски контраст може да биде задолжителен за некои испитувања со цел прикажување на подетални делови од одредено ткиво и крвни садови. Доколку е потребно, ќе треба да се направат и проследат резултати од крвта, за да се утврди колку добро вашиот бубрези функционираат и дали е безбедно да се продолжи со скенирање. Откако ќе бидеме сигурни дека сте безбедни за скенирање ќе Ви биде побарано да ги извадите часовникот или било кој накит, протези или слушни апарати доколку имате. Од пациентките ќе биде побарано да ги отстранат и додатоците во коса, доколку имаат. Може ќе биде побарано да облечете наметка. Доколку не сакате да облечете наметка, Ве молиме да носите облека без патенти, копчиња, ремчиња или токи. МР скенирањето најчесто се завршува од 30-60 минути, во зависност од тоа кој дел од телото се скенира. Ќе биде побарано да легнете прво со главата илипрво со нозете на креветот, во зависност од тоа кој дел од телото се скенира. Тогаш, дел од опремата ќе биде поставена на телото кое е во фокус на работа.
Овој дел од опремата не може да Ве повреди или наштети бидејќи го прима сигналот од делот каде што се продуцира снимката. Скенерот е контролиран од компјутер којшто се наоѓа надвор од МР салата. Радиолошкиот технолог Ве следи преку стаклен панел и може да комуницирате со Вас преку интерком. Скенерот кога работи прави силна бука која варира во текот на скенирањето, така што ќе Ви бидат дадени слушалки за да се анулира буката. За да бидеме сигурни дека снимките се чисти многу е важно да останете мирни за време на скенирањето. Пред отпочнување со снимање ќе Ви буде дадено да држите ѕвонче во раката, доколку за време на снимањето Ви биде потребно да го повикате радиолошкиот технолог После МР скенирањето не се забележани несакани ефекти, така што после снимање може да јадете и пиете нормално.
Виртуелната колоноскопија е компјутерски генерирана 3Д постпроцесинг техника со која се продуцираат ендолуминални слики од внатрешноста на дебелото црево со одличен квалитет, со чија помош се откриваат и најмалите израслини, полипи или други туморски формации со потекло од слузницата на дебелото црево. Прегледот се изведува на тој начин што со ректален катетер се инсуфлира само воздух во цревото и потоа се скенира. Пред прегледот пациентот треба да биде подготвен на тој начин што 3 дена пред прегледот држи диета (за која подетални информации се добиваат на инфо шалтерот), а ден пред прегледот се зема и лаксативно средство за прочистување со цел цревото да се испразни во целост за да не се добијат лажно позитивни резултати. Самиот преглед трае неколку минути и е неинвазивен и доста удобен за пациентите.
Виртуелната бронхоскопија е компјутерски генерирана 3Д постпроцесинг техника со која се продуцираат ендолуминални слики од внатрешноста на трахеобронхијалното стебло со одличен квалитет, со чија помош се откриваат и најмалите израслини, полипи или други туморозни формации со потекло од слузницата на дишните патишта.
Пред прегледот не се потребни никакви подготовки, а самиот преглед е неинвазивен, трае неколку секунди, се изведува во еден здив (инспириум) и е доста удобен за пациентите.
Вовед:
Ултразвукот е безбедна, неинвазивна дијагностичка процедура која дава слики од внатрешноста на телото со користење на звучни бранови. Вклучува употреба на мал конвертор (сонда) и ултразвучен гел кој се нанесува директно на кожата. Звучните бранови со висока фреквенција се пренесуваат од сондата низ гелот во телото. Сондата ги собира звуците кои отскокнуваат наназад и потоа компјутер ги користи овие звучни бранови за да создаде слика. При прегледите со ултразвук не се користи јонизирачка радијација (како што се користи кај рендгенски зраци), имено нема изложување на радијација за пациентот. Ултразвук на гради Пред сѐ се користи како помош при дијагноза на грутки во дојките или други абнормалности кои вашиот доктор можеби ги открил за време на физички преглед, мамограм или магнетна резонанца на гради.
Подготовка
За жени во репродуктивниот период, оптимално е тоа да биде од седмиот до десеттиот ден од Вашиот циклус. За оваа процедура е потребна мала подготовка телото. Сондата ги собира звуците кои отскокнуваат наназад и потоа компјутер ги користи овие звучни бранови за да создаде слика. При прегледите со ултразвук не се користи јонизирачка радијација (како што се користи кај рендгенски зраци), имено нема изложување на радијација за пациентот.
За време на прегледот
Прегледите со ултразвук се безболни и повеќето пациенти лесно ги поднесуваат. Ќе лежите на грб на масата за преглед и од Вас можеби ќе биде побарано да ја кренете раката над Вашата глава. Исто така можеби ќе биде побарано да ги менувате положбите за време на прегледот. Стучното лице кое работи со сонографот ќе нанесе топол гел базиран на вода на делот од телото кој се проучува. Сондата се нанесува на телото и се поместува наназад и нанапред преку делот од интерес на иследување, додека да се добијат саканите слики.Обично нема нелагодност од притисок бидејќи сондата се притиска кон делот кој се испитува. Сепак, доколку се изврши скенирање над мек дел, може да почувствувате притисок или помала болка од сондата. Носете комотна, удобна облека.Штом снимањето е завршено, проѕирниот гел од ултразвукот ќе биде избришан од Вашата кожа. Гелот од ултразвукот не ја обојува или обезбојува облеката. Ултразвук на градите обично се врши за 30 минути.
После прегледот
Кога прегледот ќе биде завршен, од Вас може да биде побарано да се облечете и да почекате додека да бидат прегледани сликите од ултразвукот. После преглед со ултразвук, треба да можете веднаш да се вратите на Вашите нормални активности.