Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

14.05.2024

Традиционално доделување на признанија за најхумани медицински сестри

Во неделата на сестринската професија, која претходи на Меѓународниот ден на медицинските сестри 12 мај, беша оджани бројни хуманитарни активности, но и свечена академија во организација на Унијата на здруженија предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“.

На овој традиционален настан беа доделени признанија за најхумани медицински сестри-техничари избрани од институциите во кои работат.

Од нашата клиника ова признание му припадна на Андреја Србиновски – Дипломиран медицински техничар и одговорен на одделот за полуинтензивна нега и амбулантни возила.
На доделувањето присуствуваа голем број припадници на оваа професија како и претставници од Министерството за здравство и за култура, но и бројни гости од немедицинската фела.
Му честитаме на нашиот колега Андреја.