Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

24.07.2018

И мајката и ќерката успешно оперирани од истиот проблем на срцето

Шестмесечната ќерка на едно семејство од Штип беше една од многуте успешни примери на среќно испратените деца дома по интервенцијата направена во нашата клиника. Оваа мала штипјанка се најде во нашата клиника по одлуката на нејзината мајка да дојде до вистинскиот одговор на прашањето: Што го предизвикува шумот при работата на срцето што се утврдил на преглед кај матичниот лекар?

– Мојата ќерка е родена со тежина од 2,450 кг. Немаше некои посебни проблеми но при една кашлица и при преглед на ехо забележавме дека има мал шум при работата на срцето. Веднаш почнавме да се распрашуваме за дијагнозата и почнавме да бараме решение за проблемот-раскажува мајката гледајќи ја малата ќерка додека спие во болничкиот кревет, задоволна од тоа дека операцијата е помината и успешно завршена.

Таа вели дека во нашата клиника ќерката ја донела на преглед кај доктор Иван Милев кој констатирал поголем отвор од вообичаеното меѓу аортата и левата пулмонална артерија што неминовно водело кон брза интервенција.

Интересно е тоа што од истиот проблем пред неколку години била оперирана и мајката.

– Многу се изненадив кога сфатив дека истиот проблем го имав и јас, т.е. сум го имала а со операција кај доктор Милев го решив пред неколку години. Сега и ќерка ми дојде со таа дијагноза и благодарение на докторот Милев и неговиот тим како и на целата болница сè се заврши одлично – додава таа.

Со ова семејство се видовме и на првата контрола по операцијата кога и лично се уверивме во одличната состојба на малата штипјанка која безгрижно трчаше низ просториите на Zan Mitrev Clinic.