Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

26.04.2018

Кога некој ќе ти ја врати желбата за живот се бориш уште пожестоко за својот спас

 

Семејството Стојановски е едно од многуте семејства коишто го запознавме во амбулантите на Zan Mitrev Clinic и кои сакаа со нас да ја споделат својата животна приказна. Во главна улога е најстариот член на нивното семејство т.е. господинот Аксенти Стојановски. Овој 82-годишен господин стана наш херој кој со своите години и со дијабетесот кој го носи со себе веќе 73 години беше предизвик за секого а во нашата клиника се презедоа сите потребни мерки за неговата состојба да се стабилизира и значително да се подобри.

Неговиот син Антони Стојановски, со солзи во очите, ни ја раскажува голготата којашто ја поминал неговиот татко а и целото семејство во изминативе триесетина дена низ ходниците на неколкуте болници каде што биле пред да дојдат во нашата клиника.

– Откако му се влоши состојбата на татко ми го однесовме во една друга кардиолошка болница каде мислевме дека веднаш ќе преземат мерки за негово оздравување, но тоа не се случи. Зошто го велам ова? И по неколку дена откако лежеше во таа болница состојбата не му се подобруваше. После четвртиот ден забележав дека состојбата наместо да му се подобри му се влошуваше драстично брзо. Беше дехидриран, изнемоштен, веќе не се ни движеше туку само лежеше па дури и тешко зборуваше. Докторите таму ми велеа дека не можат ништо повеќе да сторат и дека ги употребиле сите средства што медицината ги дала но ете не давале резултати. Решив дека итно морам да преземам нешто. Ја потпишав согласноста што ми ја бараа и на моја одговорност го извадив татко ми од таа болница и по слушната претходна препорака го донесов во Zan Mitrev Clinic – ни раскажува синот Антони Стојановски.

Тој појаснува дека свесно реагирал оти ако не го направел тоа сигурно ќе го изгубел својот татко. Откако го донеле во Zan Mitrev Clinic веднаш бил прегледан од докторката Тања Анѓушева по што започнала итна терапија а веќе од следниот ден имало подобрување на состојбата.

– Навистина ме чуди како во првата болница ме убедуваа дека сè преземале а состојбата му се влошуваше. Во клиниката „Жан Митрев“ веднаш пристапија кон прочистување на неговите гради кои биле полни со вода како а беше направена и компјутерска томографија. Беше констатирано дека татко ми има затнување на 4 артерии со над 70 проценти а имал проблеми и со валвула. За неколку дена докторите го стабилизираа по што го оперираа со два бајпаса а имаше и зафат на проблематичната валвула. Операцијата помина успешно и тој за три дена веќе беше значително подобар. Немам зборови со кои би се заблагодарил на докторката Анѓушева, на докторите Енвер Идоски, на доктор Емил Стоицовски како и на целиот тим кои во најлошите мигови ги презедоа најважните потези за спас на мојот татко а во што успеаја. Би се заблагодарил и на доктор Жан Митрев кој ја направи оваа болница и се грижи системот да функционира онака како што треба – вели Антони Стојановски.

Додека зборуваме со неговиот син, господинот Аксенти Стојановски потстанува и вели:

– Најважното од сè е што овде ми ја вратија волјата за живот. Кога гледате дека сите околу вас се борат за вас, за вашиот живот, тогаш вие се будите и не се предавате туку се борите уште појако, пожестоко… Јас како пациент ја гледам и слушам борбата околу мене и се приклучувам кон неа. Им благодарам на сите – со треперлив глас и солзи во очите испрати порака Аксенти Стојановски и се упати во една од нашите амбуланти каде што имаше закажано прва контрола по операцијата.