Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

23.06.2018

На 99 – години Ангелина Тодевска беше удрена со комбе, а по операцијата во Zan Mitrev Clinic беше вратена на нозе за само десетина дена

– Никогаш не сум била болна ниту пак сум лежела во болница но овој пат ме здробија. Не се сеќавам на сообраќајната несреќа но сега сум свесна дека среќа е што сум останала жива-вака го почнува сведочењето за она што и се случило на 99 – годишната Ангелина Тодевска од Скопје.

Оваа скопјанка преживеала тешка сообраќајна несреќа којашто се случила во околината на хотелот Континентал во Скопје по што се здобила со тешки телесни повреди меѓу кои најголема е онаа на левата нога којашто и била комплетно извадена од зглобот. Со видни модрици и гребаници по телото, главата и рацете, баба Ангелина раскажува за својата речиси 100-годишна виталност во која уживаласе до кобниот ден, на почетокот на месецов, кога од невнимателен возач на комбе била згазена и влечена неколку метра по коловозот. И покрај своите години таа секој ден од Карпош до Гази Баба одела во својата мала градина во дворот на родната куќа.

– Не се сеќавам на сообраќајката. Си одев во мојот двор во мојата стара родна куќа во Гази Баба, во населбата позната како Крњево каде што имам и своја бавча. Секое утро одев а навечер се враќав. Уживав да работам таму и ако сум стара не ми беа тешки годините. Сечев дрвја, одгледував винова лоза, се грижев за мојот двор и се релаксирав со тоа. Таа е турска куќа и татко ми ја купил од Турците пред речиси еден век кога јас сум се родила… Емотивно сум врзана за тоа место – ни раскажува баба Ангелина при тоа жалејќи се на дел од раните и болките кои од време – на време ја потсетуваат на немилиот настан.

Најпрвин во бессознание и во големи болки била однесена на една од државните клиники каде неколку дена чекала некој да преземе некаква интервенција. Состојбата и се влошувала а таа страдала по што нејзината ќерка одлучила да ја донесе во Zan Mitrev Clinic.

– Имав големи болки, едната нога ми била извадена од колк, имам и рани по телото, на главата од ударот и влечењето од комбето. Ќерка ми ме донесе, една недела бев во државна болница, недела дена без никакво чување и нега. Никогаш не би сакала да се вратам таму. Никој не ме гледаше, уште толку се разболев таму а овде за два дена веќе ме подигнаа на нозе – вели Тодевска.

Примена е на 9 јуни, па стабилизирана по што на 12 јуни и е направена операцијата на колкот. По операцијата е преместена на одделение и на 22 јуни веќе заминува дома иако за тоа беше подготвена уште пред неколку дена но по барање на семејството таа остана неколку повеќе со цел да и се продолжи периодот на престој во болницата со сета расположлива медицинска нега и надгледување.

– Пациентката е примена како итен случај, повредена како пешак во сообраќајна незгода при удар од комбе. Била удрена, во предел на левата бутна регија, потколеница и стопало и се здобила со скршеница на вратот, на бутната коска во предел на средната третина и во предел на интертрохатерната секција, лацероконтузиона повреда на левата потколеница со поткожно крвавење и лацероконтузиона рана со дефект на кожата и поткожното ткиво на дорзумот од левото стопало со големина 5 на 4 цм. Со оглед на возраста и придружните болести/аортна стеноза и периферна оклузивна болест на артерите на нозете / беше поставена релативна хируршка индикација за оперативен третман и по беспрекорно направените предоперативни подготовки во смисла на реституција и интензивен третман пациентката оперирана во спинална анестезија и ѝ беше вградена тотална ендопротеза на колкот. Пациентката на вториот постоперативен ден е оспособена да се движи со патерици, раните на нозете и се зараснати, и се отпушта десетиот постоперативен ден на домошнолекување и боледување во општа добра состојба – велат од тимот којшто ја оперираше баба Ангелина.

Баба Ангелина заминува од Zan Mitrev Clinic во својот дом каде што со правилна нега ќе се заздравикомплетно. Таа за наша болница вели дека е најубавата институција и објект каде што влегла во нејзиниот живот.

Да не беше болницава на доктор Жан Митрев јас до сега или ќе бев „на оној свет“ или уште ќе се мачев на креветите во државната клиника каде што првично бев сместена – вели Тодевска.