Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

20.11.2017

Вие сте единствените „чувари“ на моето и здравјето на фамилијата

Ибуш Јашари од Косово, посвети време од последниот ден во болницата со нас, за да го сподели неговото искуство во ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК. „Јас и мојата поширока фамилија сме пациенти во болницата и вие сте нашите чувари на здравјето. Единствен избор кога се работи за здравјето и проблемите“, рече Јашари кај кого беше направена операција со 3 бајпаси од д-р Жан Митрев.

Тој имал болки во градите и во грбот и најпрво се јавил на лекар во Гњилане, по што закажал преглед кај д-р Енвер Идоски. „Овде дојдов по препорака на еден пријател, кој имал позитивно искуство и ми препорача да контактирам со д-р Енвер Идоски. И од првиот контакт до сега јас сум задоволен од него, посветеноста во работата, а станавме и пријатели“, додаде тој. „Се чувствувам добро благодарение на тимот кој се грижеше за мене, пред и после операцијата. Задоволен сум што овде не само што е стручно, туку и ефикасно, се сè завршува во брзо време. Од дијагностика до решение за проблемот за 24 часа. Тоа е предност за секој пациент“, дополни тој.

Пред да си замине рече дека се чувствува добро и дека сега може да се врати на секојдневните активности и дека е задоволен што е дел од семејството на задоволни пациенти на ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК.