Закажете преглед

Закажи преглед

Почитувани,

Користејќи ги дигиталните информациски и комуникациски технологии, Zan Mitrev Clinic обезбеди електронски пристап до здравствените услуги кога не е потребна или можна Ваша лична посета.

Воведуваме online консултација, советување со лекар специјалист од одредена област во траење од 10 минути која е овозможена преку видео комуникација.

За време на видео разговорот, лекарот може да ве советува за терапијата, да предлага стратегии за домашна нега или да препорача дополнителни медицински испитувања.

Закажете online консултација преку нашата интернет страница www.zmc.mk или на следниот линк zmc.tiktak.mk

Со почит,

Zan Mitrev Clinic

389 2 3091500

АНЕВРИЗМА НА АБДОМИНАЛНА АОРТА

Аортата е најголемиот крвен сад во телото кој ја носи крвта од срцето до сите органи. Во абдоминалниот дел на телото (стомакот) аортата се нарекува абдоминална аорта. Аневризма (проширување) на абдоминалната аорта настанува кога ѕидот на крвниот сад ослабува. Самото проширување прави ѕидот што повеќе да ослабе и создава можност истиот да пукне. Аневризма на абдоминалната аорта почесто се појавува кај мажите и е резултат на висок крвен притисок.

Како се дијагностицира абдоминална аневризма?

Повеќето аневризми на абдоминалната аорта не предизивикуваат симптоми и се откриени случајно. Рутинска контрола од страна на доктор со ехографија, рентген снимка или компјутерска и магнетна слика, направени од друга причина може да го открие присуството на аневризма. Кај некои случаи, пациентите чуствуваат пулсирање во абдоменот како и болка при ширење на аневризмата.

Хируршка корекција (замена) на аневризма

 

Хируршка замена корекција на аневризма преставува операција при која доаѓа до замена на проширениот дел на абдоминалната аорта со артифицијална протеза

Како се прави?

  • Ќе добиете медикаменти да ви помогнат да спиете и да ве ослободат од болка.
  • Докторот прави рез на вашиот абдомен каде што е проширувањето.
  • Докторот го заменува проширениот дел од аортата со артифицијална протеза
  • Операцијата најчесто трае 3-4 часа.

Што потоа?

  • Најпрво ќе бидете сместени на одделот за интензивна нега и може да се чуствувате збунети
  • Ќе имате црево во устата и грлото кое ќе ви помага да дишете.Не е удобно и нема да може да зборувате, но сестрите ќе ви помогнат да комуницираат.
  • Цревото за дишење ќе остане додека не почнете самостојно да дишете – неколкучаса.
  • Ќе бидете приклучени на машини за мониторирање.
  • По неколку дена ќе бидете преместени на одделот за полуинтензивна нега и ќе почнете да се движите.
  • Си заминувате дома кога ќе се чуствувате добро, 8-10 дена по операцијата.

Како може да дознаам повеќе?

  • Разговарајте со вашиот доктор, сестра или друг медицински персонал.
  • Станете дел од нашиот клуб на пациенти. Со ова ќе имате можност да се запознаете со повеќе медицински прашања и да ги споделите вашите искуства со други пациенти.