Дерматологија - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дерматологија

 

Одделот за дерматологија во Клиничката болница Жан Митрев, се грижи за сите болести на кожата и сите видов воспаленија и црвенила предизвикани од различни причини.

На кожата и нејзините аднекси  (мирисни жлезди, потни жлезди, лојни жлезди, влакна и нокти ) кај деца и возрасни може да се појават бројни промени и болести за кои современата медицинска опрема и брза дијагностика водат до лечење на истите.  Дермато-венеролошкиот специјалистички преглед се препорачува при секоја промена на постоечкиот статус или при појава на нови промени на кожата, видливите слузници, косата и ноктите и тој подразбира земање на детална анамнеза, утврдување на општиот и дерматолошкиот статус и зависно од потребите поставување план за дијагностички и лабораториски тестови за поставување на дијагноза и третман. Дел од дерматолошките методи и услуги се:

Криохирургија

Кожни биопсии (екцизиона и punch), алерголошки тестови (интрадермални, scratch и patch) кои се користат во дијагостика на контактните алергиски реакции, инхалативните и нутритивните како и медикаментозните несакани реакции.

 

Дермоскопија

Дермоскопија е брз метод  кој служи за преглед на пигментни (бенки) и непигментни промени на кожата, со кој се овозможува прецизен и ран скрининг на карциномот на кожа. Препораките се дека секој треба да барем еднаш во годината да направи скрининг на бенки. Навременото дијагностицирање на кожните карциноми може да значи и нивно комплетно излекување.

 

Третман на хронични рани

Третман на хронични рани, рани од разни етиолошки причини како хронични артериски и венски улкуси , дијабетично стопало, декубитални рани, хируршки рани кои зараснуваат пер секундам, рани од физичи трауми како изгореници, подмрзнатини и радијациски улкуси. Третманот на раните се изведува со специјализирани преврски и озон терапија.

 

Hyfrecator2000

Повеќенаменска електрохируршка единица за безболно и прецизно отстранување на кожни израстоци, брадавици, третман на телеангиектазии. Третманот е неинвазивен се изведува во амбулантски услови без несакани ефекти како  крварење и формирање на лузни.

 

PRP (Plasma-Rich Platelet)

Светски докажан метод кој со помош на мала количина на крв од пациентот, која се обработува и се аплицира во кожата на пациентот служи за подмладување и ревитализирање на кожата на лицето, вратот и деколтето. Метод кој се користи и при опаѓање на косата.

 

Мезотерапија

Претставува минимално инвазивна метода која се изведува со вбризгување на активни супстанци (витамини, минерали, амино киселини, медикаменти) во дермот и хиподермот на лицето, вратот, дланките како и мезотерапија на телото (како антицелулитна и липолитична терапија). Оваа терапија со взаемното дејство  на механичката дразба како и уппотребата на активнити супстанци постигнува ефект на поттикнување на продукција на колаген и фибробласти, подмладување, избледување на пигментации и изедначување на тенот, отстранување на стрии и лузни од акни, поттикнување на раст на влакна при опаѓање на косата.

 

 Хемиски пилинг

Претставува неинвазивен медицински третман кој со помош на раствори на киселини со различна концентрација  врши отстранување на површинскиот слој на кожата.  Со овој третман се подобрува текстурата на кожата, се отстрануваат постоечките пигментации, служи како  третман на лузни од акни и се постигнува значителен ефект против знаците на стареење.  Зависно од видот и концентрацијата на киселините постојат три типа на хемиски пилинзи, површински, средено длабок и длабок. За постигнување на најдобар ефект потребно е да се извршат од 4-10 повторувања на третманот.

Кожата како најголем орган во телото  функционира како главна заштитна бариера кон околината, но истовремено кожата е прозорец преку кој гледаме во внатрешноста на организмот и огледало кое ги одразува случувањата во организмот, затоа секоја промена е важна и навремената дијагноза на дерматолошките промени значи целокупно здравје.