ДЕТСКА ГАСТРО-ЕНТЕРОЛОГИЈА
Гастроентерологијата е гранка на педијатријата која се занимава со дијагноза и терапија на заболувања на дигестивниот систем и на пореметувања во исхраната на деца и адолесценти. Фокусот на дејноста е третман и водење на дигестивните пореметувања како што се гастроезофагеалниот рефлукс, стомачната болка, опстипацијата и проблеми во исхраната, се со цел да им се помогне на пациентите и на родителите во справувањето со болеста и подобрување на здравјето и квалитетот на животот на нивното дете. Состојби кои се третираат се :
- Стомачна болка
- Опстипација
- Пореметувања во исхраната/дебелина/ ненапредување во телесна тежина
- Дијареа од неинфективно потекло
- Енкомпреза
- Гастроезофагеален рефлукс и рефлуксна болест
- Алергија и интолеранција на храна
- Хипербилирубинемија/жолтица
- Инфламаторни болести на цревата
- Панкреатит
- Улкусна болест
- Малапсорпции/малдигестии
- Алергиски колитис
- Целијачна болест
УСЛУГИ
- Преглед од педијатриски гастроентеролог
- Совети за правилна исхрана на децата
- орална рехидратација
- абдоминален ултразвук
- 256- слајсен МСКТ на абдомен
- лабораториска дијагностика
- 24 часовна pH метрија за дијагноза на ГЕР
- Генетско тестирање за Целиакија
- Нутригенетика
Дијагностика и терапија
- акутна и повторувачка абдоминална болка
- запек кај децата
- гастроезофагеален рефлукс
- повторувачки повраќања
- алергија на храна
- хронична дијареа и малапсорпција (пр. Целијачна болест)
- нарушувања во исхраната (слабо напредување во тежината / дебелина)
- акутни и хронични заболувања на црниот дроб
- Интравенска / Инфузиона терапија
- интрамускулна терапија
Совети за исхрана
- Здрави деца и постари деца
- Деца со нарушувања во исхраната (неухранетост / дебелина)
- Децата со алергии на храна
- Деца со специчност во исхраната кај некои хронични болести / состојби