Закажете преглед

Закажи преглед

Домашна посета

Почитувани,

Zan Mitrev Clinic воведува нова услуга- ДОМАШНА ПОСЕТА со преглед од кардиолог, за сите пациенти кои поради пандемијата не можат да дојдат во нашата клиника, а имаат кардиоваскуларни заболувања.

Закажете термин за домашна посета во период од 07 до 20 часот секој работен ден, а за викенд од 07 до 15 часот, преку телефонскиот број:  02/3091 484 или преку електронската пошта: infosalter@zmc.mk.

Со почит,

Zan Mitrev Clinic

389 2 3091500

Евоцирани потенцијали

Евоцираните потенцијали се предизвикани потенцијали со чија помош се перципира надворешната дразба и одговорот на мозочните центри на тие дразби.

Зависно од дразбата со која тие се предизвикани разликуваме неколку видови на евоцирани потенцијали, а најчесто користени во нашата пракса се: Видни евоцирани потенцијали – ВЕП: Слушни евоцирани потенцијали и потенцијали на мозочното стебло – БАЕП: Соматосензорни евоцирани потенцијали – СЕП.

Тегобите кои со ова метода можат да се „расветлат” се сметни на видот (ослабен и изгубен вид) сметни на слухот (ослабен и изгубен слух, “зуење” ) и сензитивни системи (отрпнатост, „боцкање”, „палење”, „трпнење” и сл.)

Испитувањето е безболно, за неговата припрема нема апсолутни контраиндикации. Припремата опфаќа чиста коса, без гелови. На денот на снимањето потребно е лицето да јаде и да не прима седативи.