Хирургија деформитети на граден кош
PEXTUS EXCAVATUM е вродена аномалија на предната страна на градниот кош. Овој дефект се јавува кај еден случај помеѓу 500 до 1000 деца. Најчесто се јавува кај машки деца со наследен фактор, во семејства каде што и претходно имало такви случаеви. Дефектот се јавува веднаш по раѓањето, а особено е изразен во периодот на пубертетот.
Во полесни клинички форми одредени ортопедски помагала и физичка активност доведуваат до подобрување на деформитетот. Но, постојат деформитети кои може да се решат исклучиво со хируршки третман.
Нас процедурата е современа хируршка процедура за санација на дефектот на градниот кош. Самата интервенција трае максимум еден час со хоспитализација од еден до два дена.
Со хируршка санација на дефектот, функциитена младото тело се враќаат во нормала со што детето може да ги изврувашува сите физички активности.
Пациентите можат да се вратат во нормален живот (работа, школо и т.н.) една недела по хируршкиот третман на градниот кош. Физичка активност може да се практикува еден месец по операцијата.