ХИРУРГИЈА НА АОРТА
Што е аорта? Аортата е најголемиот крвен сад во човековото тело . Сите артерии во телото излегуваат од аортата и носат крв во главата, вратот, екстремитетите и виталните органи како бубрезите, црниот дроб и мозокот. Ослабувањето на ѕидот на аортата кое доведува до нејзино проширување се нарекува аневризма.
Кои се симптомите?
Повеќето аневризми на аортата не предизивикуваат симптоми и се откриени случајно. Како најчести симптоми кои може да се појават се:
- Градна болка
- Болка во грбот
- Абдоминална болка
- Недостаток на воздух
- Проблеми со говорот
- Парализа
- Кома
Како се дијагностицира аневризма на аорта? Поради не појавување на симптоми, аневризмите на аортата се дијагностицираат најчесто при рутинска контрола од страна на доктор со ехографија, рентген снимка или компјутерска и магнетна слика, направени од друга причина.
Хируршка корекција (замена) на аневризма.
Доколку аневризмата нема достигнато критична големина, потребно е континуирано следење и мониторирање на истата и строго контролирање на крвниот притисок.
- Најпрво ќе бидете сместени на одделот за интензивна нега и може да се чуствувате збунети
- Ќе имате црево во устата и грлото кое ќе ви помага да дишете. Не е удобно и нема да може да зборувате, но сестрите ќе ви помогнат да комуницираат.
- Цревото за дишење ќе остане додека не почнете самостојно да дишете – неколку часа.
- Ќе бидете приклучени на машини за мониторирање.
- По неколку дена ќе бидете преместени на одделот за полуинтензивна нега и ќе почнете да се движите.
- Си заминувате дома кога ќе се чуствувате добро, 10-12 дена по операцијата.
1. Разговарајте со вашиот доктор, сестра или друг медицински персонал.
2. Станете дел од нашиот клуб на пациенти. Со ова ќе имате можност да се запознаете со повеќе медицински прашања и да ги споделите вашите искуства со други пациенти.