Хирургија на бели дробови
Белите дробови престравуваат еден од најважните органи во нашето тело. Тие се одговорни за размената на гасови, односно полнење на крвта со кислород која потоа се разнесува до целото тело, и елиминирање на јаглеродниот диоксид од крвта надвор од телото. Белите дробиви се сместени во градниот кош на двете страни од срцето.
Што ги предивикува заболувањата на белите дробови?
Со секојдневното вдишување белите дробови исто така се изложени да бактерии во воздухот, вируси и алергени, кои можат да бидат потенцијални причинители на заболувања на белите дробови. Иако мал број на иританти може да имаат влијание на дишењето привремено, иритантите или заболувањата може да предизвикаат тешки оштерувања како и да го донесат вашето респираторно здравје во опасност.
КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ ЗА БЕЛОДРОБНО ЗАБОЛУВАЊЕ?
Мноштво на симтоми укажуваат на потребата да се посети пулмолог поради можноста од белодробно заболување. Помеѓу симптомите спаѓаат:
- Потешкотии со дишењето
- Негостаток на воздух
- Кашлица која трае подолго од нормална настинка
- Континуирано создање на зелен секрет
КАКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА?
За дијагностицирање и евалуација на состојба се користат повеќе видови на тестови, според кое се утврдува најдоброто решение за лекување.
Пулмонални функционални тестови
Пулмоналните функционални тестови мерат колку добро „работат“ вашите бели дробови, тие вклучуваат:
- Спирометрија
- Тестови за волумен на белите дробови
- Тестови за дифузија (ширење на белите дробови) и пулс оксиметрија
Имиџинг тестови
Имиџинг тестовите, прават слика на вашите бели дробови и преку нив може да се детектираат проблеми како инфекции, маси и воздух во плевралниот простор. А тие се:
- Рентген снимна на граден кош
- Компјутерска томографија
- Магнетна резонанца
Визуелизација и тестови за биопсија
Тестовите за визуелизација му помагаат н лакрот директно да погледне во внатрешноста на белите дробови и во околината. Додека пак тестовите за биопсија помаат за земање на материјал од ткивото кој панатаму ќе се тестира и испитува под микроскоп. Можните тестови вклучуваат:
- Бронхоскопија
- Медијастиноскопија
- Тенко иглена биопсија
Хирургија на бели дробови се изведува кај пациентите со заболувања на белите дробови кај кои е потребен оперативен третман. Операцијата може да се изведе со торакоскопија или торакотомија. Во зависнот од заболувањето има неколку типови на операција и тоа:
- Лобектомија преставува хируршка процедура со која се отстранува еден лобус од белите дробови кој има канцерогени клетки. Доколку се отстранат двата лобуса оваа процедура се нарекува билобектомија
- Како можна опција постои и Sleeve – лобектомија која преставува хируршка процедура при која покрај отстранување на лобус се отстранува и дел од бронхот.
ПУЛМЕКТОМИЈА претставува хируршка процедура при која се отстранува цело бело дробно крило.
WEDGE – РЕСЕКЦИЈА претставува хируршка процедура при која се отстранува мал, добро ограничен дел од белите дробови кој содржи канцерогени клетки, заедно со околно здраво ткиво.
СЕГМЕНТОМИЈА претставува хируршка процедура при која се отстранува поголем сегмент/дел од белите дробови, но се отстранува целиот лобус.