Закажете преглед

Закажи преглед

Почитувани,

Користејќи ги дигиталните информациски и комуникациски технологии, Zan Mitrev Clinic обезбеди електронски пристап до здравствените услуги кога не е потребна или можна Ваша лична посета.

Воведуваме online консултација, советување со лекар специјалист од одредена област во траење од 10 минути која е овозможена преку видео комуникација.

За време на видео разговорот, лекарот може да ве советува за терапијата, да предлага стратегии за домашна нега или да препорача дополнителни медицински испитувања.

Закажете online консултација преку нашата интернет страница www.zmc.mk или на следниот линк zmc.tiktak.mk

Со почит,

Zan Mitrev Clinic

389 2 3091500

Кардиоваскуларни болести

Претскажувачкото генетско тестирање за срцеви болести претставува испитување на здрава личност и се користи со цел да се определи идниот ризик за развивање на срцева болест или да се потврди дијагноза на вродена кардиоваскуларна состојба. Овие тестови претставуваат нова и растечка класа на медицински пристапи, коишто фундаментално се разликуваат од стандардните дијагностички тестови. Предноста на овие тестови лежи во раната идентификација на ризик за развивање на одредена кардиоваскуларна болест или нејзина брза и прецизна дијагноза. Овие типови на тестови обично откриваат генски мутации поврзани со срцеви болести коишто се манифестираат веднаш по раѓањето или подоцна во животот. Овие анализи може да помогнат во намалување на ризикот за развој на овие болести со воспоставување на промени во начинот на живеење.