КАРОТИДНА БОЛЕСТ
Каротидните артерии се крвните садови кои носат крв збогатена со кислород до главата, мозокот и лицето. Тие се сместени на двете страни од вратот. Доколку плаки и други масни материи ги блокираат овие артерии, се намалува или целосно блокира протокот на крв и тука настануваат проблемите. Кога доаѓа до блокирање на дотокот на крв во мозокот може да настане ТИА (транзиторна исхемична атака). ТИА трае неколку минути и најчесто не предизвикува перманентни оштетувања. Но, служи најчесто како предупредувачки знак за фатален мозочен удар.
Околу 1/3 од луѓето со ТИА добиваат мозочен удар во текот на следната година. Хируршкиот третман на каротидната болест може да го спречи настанување на ТИА и да го намали ризикот од мозочен удар.
Како се дијагностицира каротидната болест?
Дијагностицирањето на каротидната болест започнува со медицинска историја и физикален преглед.
- Допплер ултразвучна сонографија
- Комјутерска томографија
- Магнетна резонанца
Што е каротидна ендартеректомија?
Каротидна ендартеректомија е операција, хируршка техника, со која се отстрануваат плаките (масните наслаги) кои ги стеснуваат каротидни артерии.
А: идентификација на блокираниот дел од каротидната артерија
Б: артеријата се отвара и се вади плаката
В: исчистената артерија се затвара со шав.
Како се прави?
- Ќе добиете медикаменти да ви помогнат да спиете и да ве ослободат од болка.
- Докторот прави мал рез на вашиот врат на местото каде е запушена или стеснета каротиданта артерија.
- Докторот ја отвара артеријата и ја вади плаката.
- Докторот ќе ја направи артеријата колку што е можно по мазна и по чиста.
- Артеријата и резот на вашиот врат ќе бидат затворени.
- Операцијата најчесто трае 1-2 часа.
Што потоа?
- Ќе се разбудите во болница и може да се чуствувате најпрво збунето.
- Вашиот врат ќе боли неколку дена.
- На почетокот може да биде тешко да голтате.
- Веројатно ќе си одите дома за ден два
- Не треба да кревате ништо тешко во наредните 3 недели.
- Најверојатно ќе може да се вратите на работа отприлика за 1 месец.
- Треба да направите промени во здрав начин на живот за да помогнете во намалување на шансите за создавање на нови депозити од плаки и да го намите ризиот од мозочен удар.
Како може да го намалам ризикот од мозочен удар?
- Проверувајте го вашиот притисок често и регулирајте го високиот притисок.
- Не пушете, и избегнувајте пасивно пушење.
- Изгубете ги дополнителните килограми.
- Имајте редовна физичка активност.
- Проверете го шеќерот во крвта, и контролирајте го дијабетисот, доколку го имате.
- Јадете помалку сол, заситени и транс масти.
- Лимитирајте го консумирањето на алкохол, не повеќе од 2 пијалоци/ дневно за мажи и 1 пијалок/дневно за жени.