Клиничка биохемија - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Клиничка биохемија

Во склоп на дијагностички центар работи современа биохемиска лабораторија.

Истата располага со најсофистицирана опрема за автоматско брзо и точно испитување на лабораториските анализи.

Лабораториското испитување на крвта ни овозможува да ја увидиме работата и состојбата на поедини органи и ткива.

Комплетни лабораториски анализи се испитуваат за да се постави точната дијагноза на пациентот и да се усмери истата кон најефикасно лекување.

Биохемиската лабораторија нуди широк спектар на лабораториски услуги:

  • хематолошки анализи
  • липиден статус
  • глукозен статус
  • хепатално-ензимски статус
  • деградациони продукти
  • електролитен статус
  • инфламаторни маркери
  • имунолошки статус
  • протеински статус
  • срцеви маркери

Потоа специфични анализи:

  • тумор маркери
  • хормонски статус
  • маркери на тироидна жлезда
  • маркери за хепатит Б,Ц и ХИВ
  • маркери за коскен метаболизам
  • гасни анализи
  • D-Dimeri
  • полови хормони

Сертификација

 

Како резултат на своето високо ниво на квалитет,сигурност и стандардизација биохемиската лабораторија,во чекор се светските стандарди доби меѓународен сертификат со златен печат за висок степен на контрола на својот квалитет според стандардите на IFCC и светската здравствена организација.

 

Ве известуваме дека работно време на Биохемиската лабораторија во Zan Mitrev Clinic е од 7 до 22 часот секој работен ден (од понеделник до петок).
За време на викендите лабораторијата работи од 7 до 19 часот.

Со ова работно време лабораторијата е секогаш подготвена да одговори на сите прашања и барања за анализи и за време на викедите.
Со најсовремени методи на испитување и актуелни европски стандарди како и внатрешна и надворешна контрола на квалитет на работење, таа дава огромен придонес во дијагностицирањето и третманот на инфективните заболувања.