Микробиолошка лабораторија - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Микробиолошка лабораторија

 

 

Примарната улога на микробиолошката  лабораторија е да обезбеди етиолошка дијагноза на инфективните болести и да даде совет за целна употреба на антимикробен лек.
Етиолошката дијагноза вклучува микробиолошка обработка на примероци од горно и долно респиратони патишта, кожа и рани, гастроинтестинален и урогенитален тракт.

Комплетно автоматизираните апарати (VITEK 2Compact, BacT/ALERT) со кои располага лабораторијата овозможуваат брза и прецизна идентификација на микроорганизми од најразлични примероци. Изработката и интерпретацијата на антибиограми е според актуелни европски стандарди (EUCATS – European Committee on Antimicrobial Susceptibility testing) со комбинација  на повеќе методи за тестирање (диск дифизона, е- тест и микродилуциона метода) за широка палета на антимикробни средства. Согласно микробиолошкиот наод, а во корелација со останати лабораториски испитувања и клиничката презентација на заболувањето кај пациентот се дава препорака за антибиотик. Воведување на современи автоматизирани апарати за обработка на хемокултури овозможува брза, егзактна и сигурна детекција на присутни микроорганизми во крв и на тој начин спасува живот.

 

Политиката за антимикробно управување

Микробиолошката лабораторија во нашата болница игра важна улога во креирање на политиката за антимикробно управување (рационална употреба на антибиотици). За таа цел се следи локалната резистенција на бактериите и се изготвуваат интерни препораки за антибиотска терапија – избор на соодветен антибиотик, дозирање и должина на терапија.

 

Комисија за интрахоспитални инфекции

Грижата за пациентите подразбира и активно работење на полето на превенција на болнички инфекции. За таа цел постои – Комисија за интрахоспитални инфекции која ги следи сите процеси во болницата, се заложува за имплементација на најнови и најбезбедни техники на работење, континуирана едукација на целиот персонал од областа на болничките инфекции и мониторинг.