Закажете преглед

Закажи преглед

Почитувани,

Користејќи ги дигиталните информациски и комуникациски технологии, Zan Mitrev Clinic обезбеди електронски пристап до здравствените услуги кога не е потребна или можна Ваша лична посета.

Воведуваме online консултација, советување со лекар специјалист од одредена област во траење од 10 минути која е овозможена преку видео комуникација.

За време на видео разговорот, лекарот може да ве советува за терапијата, да предлага стратегии за домашна нега или да препорача дополнителни медицински испитувања.

Закажете online консултација преку нашата интернет страница www.zmc.mk или на следниот линк zmc.tiktak.mk

Со почит,

Zan Mitrev Clinic

389 2 3091500

Неинванзивна пренатална дијагностика

ПРЕНАТАЛНА НЕИНВАЗИВНА ГЕНЕТСКА ДИЈАТНОСТИКА – VERIFI ПРЕНАТАЛЕН ТЕСТ

10687d7cf57bfbe4dc79f491b95cac67

Малку познат факт е дека во крвта на мајката циркулира фетална DNA. Токму врз основа на ова сознание се базира принципот на неинвазивната пренатална дијагностика (анг. Non-Invasive Prenatal Test – NIPT), која овозможува скрининг на фетална DNA во примерок од крвта на мајката. Во нашата лабораторија е достапен пренаталниот тест Verifi кој се користи за скрининг на вродените генетски состојби кај бебето веднаш по 10-тата недела од бременоста. Користејќи ја најновата технологија на генетско секвенционирање, овие тестови имаат преку 99% точност за голем број на генетски состојби како трисомии на хромозомите, анеуплоидии, синдроми на делеција/дупликација и одредување на пол.

Тестирањето не носи никаков ризик по здравјето на мајката или здравјето на бебето, бидејќи ги сведува на минимум опасностите и ризиците што ги носат пак останатите пренатални тестови кои практикуваат инвазивни процедури.

Она што е потребно е само 10 мл крв којашто се зема од идната мајка.