Закажете преглед

Закажи преглед

Домашна посета

Почитувани,

Zan Mitrev Clinic воведува нова услуга- ДОМАШНА ПОСЕТА со преглед од кардиолог, за сите пациенти кои поради пандемијата не можат да дојдат во нашата клиника, а имаат кардиоваскуларни заболувања.

Закажете термин за домашна посета во период од 07 до 20 часот секој работен ден, а за викенд од 07 до 15 часот, преку телефонскиот број:  02/3091 484 или преку електронската пошта: infosalter@zmc.mk.

Со почит,

Zan Mitrev Clinic

389 2 3091500

ПСИХОЕДУКАТИВНА ПОДГОТОВКА ЗА ПАЦИЕНТИ ПРЕД ОПЕРАЦИЈА

ПСИХОЕДУКАЦИЈАТА Е ПСИХОЛОШКАТА ПОДГОТОВКА НА ПАЦИЕНТИ ПРЕД ОПЕРАЦИЈА е советување на сите пациентите кои се пред операција. Ова советување опфаќа кратка едукација за оперативниот зафат, разговор за стресот и стравот кој пациентот е нормално да го носи и рефлектирање во однос на емоциите кои вклучуваат преплавување, страв и загрозување.

Докажано е дека пациентите кои се психолошки подготвени, советувани и информирани за операцијата, полесно се справуваат со операцијата и побрзо се опоравуаат. Целото семејство исто така учествува во опоравувањето на пациентот и затоа е важно и тие да бидат психолошки подготвени и информирани за она што го очекува пациентот.