ПУЛМО-АЛЕРГОЛОГИЈА
Пулмоалергологијата е гранка на педијатријата која се занимава со воочување, испитување и терапија на алергија, астма и белодробни заболувања кај деца од раѓање до 16 години. Таа опфаќа :
- Астма
- Акутни и хронични заболувања на респираторниот систем
- Алергија на храна и алергија на инхалаторни алергени ( домашна прашина, полени, влакна од домашни миленичиња итн.)
- Поленска треска ( алергиски ринит и конјуктивит)
- Опструктивна слип апнеа
- Синузитис
- Кожни осипи ( егзема, уртикарија)
- Алергија на убод од инсекти
УСЛУГИ
- Преглед од пулмоалерголог
- Алерголошки кожни тестови со инхалаторни и нутритивни алергени
- Спирометрија (испитување на функцијата на белите дробови)
- Бронходилататорен тест (тест со “Вентолин”)
- Ртг- на белите дробови
- 256- слајсен МСКТ на граден кош
ТРЕТМАН
- Инхалациона терапија
- Интравенска / Инфузиона терапија
- Интрамускулна терапија
- Советување на децата со астма
Алерголошки кожни тестови со инхалаторни и нутритивни алергени, пример алергени присутни во воздухот (влакна од куче, прашина, домашна прашина, полен, животински првут, мувла, итн); како и за алергени присутни во храната (млеко, жолчка од јајце, белка од јајце, пченично брашно, риба, соја итн.). Методата на изведување е со гребење на кожата (skin prick test) со капнување на алергени, а резултатот е готов за 10 минути.
Провокационен бронходилататорен тест ( “Вентолински” тест) е метода со која се врши проценка на протокот на воздух низ дишните патишта, пред и после употребата на Ventolin. Дијагностички позитивен тест сугерира астма.
Ние можеме да ги направиме сите неопходни лабораториски анализи на крвта и урината. Доколку е потребноможе да се даде инхалаторна, интравенска и интрамускуларна терапија.
Советување на децата со астма
Астма – инфламаторно заболување на дишните патишта – е еден од водечките хронични заболувања кај децата, со значителен прогрес во светот и во нашата земја. Во педијатрискиот сектор, астмата претставува проблем кој ги засега и децата и родителите. Во нашата служба покрај преглед и терапија, нудиме и совети за родителите и децата, со цел поуспешно контролирање на болеста.