Закажете преглед

Закажи преглед

Почитувани,

Користејќи ги дигиталните информациски и комуникациски технологии, Zan Mitrev Clinic обезбеди електронски пристап до здравствените услуги кога не е потребна или можна Ваша лична посета.

Воведуваме online консултација, советување со лекар специјалист од одредена област во траење од 10 минути која е овозможена преку видео комуникација.

За време на видео разговорот, лекарот може да ве советува за терапијата, да предлага стратегии за домашна нега или да препорача дополнителни медицински испитувања.

Закажете online консултација преку нашата интернет страница www.zmc.mk или на следниот линк zmc.tiktak.mk

Со почит,

Zan Mitrev Clinic

00389 2 3091 484

Регионална анестезија

РЕГИОНАЛНАТА АНЕСТЕЗИЈА претставува временски ограничена состојба на реверзибилно прекинување на чувството на болка заради примена на разни физичко-хемиски средства во близината на едно нервно подрачје или нервни плексуси. Исто така попозната е како локална анестезија. Локалните анестетици аплицирани локално предизвикуваат блок во спроведувањето на нервните импулси низ нервите во нервниот систем. Спиналната и епидуралната анестезија се најчесто користени техники во хирургијата и во третманот на хроничните болки. Спиналната и епидуралната анестезија предизвикуваат длабока аналгезија и мускулна релаксација.

Спинална анестезија

СПИНАЛНА АНЕСТЕЗИЈА е централен блок кој настанува при директното дејство на локалниот анестетик внесен по пат на лумбална пункција врз спиналните нерви. За изведување на спиналната пункција пациентот се поставува во седечка или лежечка позиција со испакнување на ‘рбетниот столб (кифоза) кон анестезиологот. Оваа позиција овозможува максимално отворање на просторите меѓу пршлените. Местото на изведување е на долниот дел од кичмата. Времето на врзување на анестетикот за спиналните нерви е од 5 до 15 минути.

Епидурална анестезија

ЕПИДУРАЛНА АНЕСТЕЗИЈА, претставува внесување на локален анестетик во епидуралното пространство. Наоѓа широка примена во хирургијата, акушерството и третманот на болка. Епидуралната анестезија се изведува во сала. Позицијата за изведување е иста како и кај спиналната анестезија. Иглите се подебели и врвот им е закосен нагоре. Се поставува таканаречен епидурален катетер преку кој континуирано се дава анестетикот. Пред да се даде целосната доза се прима прво тест доза за да се потврди дека се работи за епидурален простор. Се аплицира 3-4 ml од анестетикот. Доколку по грешка катетерот се наоѓа во субарахноидалниот простор ќе настане потполн блок (и моторен и сензитивен). Овој тип на анестезија може да биде самостоен или во комбинација со спинална или општа анестезија.