VALVULARNA HIRURGIJA
Вовед
Што е операција на срцеви валвули?
Валвуларна хирургија или операција на срцева валвула се прави со замена или реконструкција на срцевата валвула која не „работи“ правилно. Повеќето замени на валвулите ги вклучуваат аортните и митралните валвули. Аортната валвула ја разделува левата комора (вашата главна пумпа на срцето) и аортата (најголемиот артериски крвен сад кој ја носи крвта во васето тело). Митралната валвула ја разделува левата предкомора со левата комора.
- Четирите валвули во вашето срце го осигуруваат протокот на крвта во правилен правец низ вашето срце.
- Доколку дојде до заболување на валвулата или оштетување, можна е потреба од замена со артифицијална, механичка, валвула како што е прикажано.
Што прават срцевите валвули?
Што прават срцевите валвули?
Четирите валвули во вашето срце се направени од тенок (но јак) слој на ткиво кои се отвараат и затвараат кога вашето срце пумпа. Тие го осигуруваат протокот на крвта во правилен правец низ вашето срце. Вашите валвули „работат“ напорно бидејќи се отвараат и затвараат со секое отчукување на вашето срце.
Кои типови на валвуларни проблеми постојат?
Кои типови на валвуларни проблеми постојат?
Проблемите на срцевите валвули го тераат срцето да работи тешко. Ова може да доведе до срцева слабост. Кај некои случаи, валвулите:
- Не се отвараат доволно (стеноза)
- Не дозволуваат доволен проток на крв низ нив (исто така наречена стеноза)
- Не се затвараат соодветно и дозволуваат проток кога не треба да има.Ова се нарекува инсуфицинеција или регургитација
- Пролапс – залистоците на митралната валвула не се затвораат соодветно (најчесто кај жени). Како што се создава притисок во внатрешноста на левата комора, ги притиска залистоците на митралната валвула назад во левата предкомора, што може да доведе до мало пропуштање во прокот.
Што може да ги предизвика проблемите со валвулите?
Што може да ги предизвика проблемите со валвулите?
- Мали вродени срцеви дефекти кои не се корегирани може да се влошат подоцна во животот и да создадат проблеми
- Стареењето може да ги ослабе или зајакне валвулите.
- Одредени заболувања може да ги оштетат или уништат валвулите.
Што може да се направи?
- Редовни годишни прегледи кај вашиот доктор, здрав начин на живот или медикаментозна терапија може да бидат доволни.
- Кај некои случаи, може да биде потребна операција за корегирање на оштетената валвула.
- Понекогаш валвулата мора да биде извадена и заменета со нова артифицијална валвула.Прашајте го вашиот доктор за употребата на различните типови.
Како изгледа операција на валвула?
Како изгледа операција на валвула?
Кај некои проблеми на срцевите валвули, најдобар третман е операција. Вашиот доктор ќе ви објасни нешто повеќе, но еве неколку работи кои може да ги очекувате:
- Ќе спиете во текот на операцијата која ќе трае 3-5 часа.
- По операција ќе бидете сместени на одделот за интензивна нега.
- Вашата фамилија ќе може накратко да ве посетува на одделот за интензивна нега
Што потоа?
Што потоа?
- По интензивна нега, ќе бидете сместени во одделенска соба
- Ќе се чуствувате изнемоштено и со болки поради резот.
- Ќе треба да дишите длабоко и да кашлате силно за да се чистат вашите бели дробови од течности.
- Ќе ви бидат дадени медикаменти
- За ден/два ќе можете да седите и ќе почнете со шетање наоколу.
- Може да јадете нормално, но може да има рестрикции на внесот на соли
- Ќе се чуствуваве секој ден по малку подобро и посилно.
Како може да дознаам повеќе?
Како може да дознаам повеќе?
- Разговарајте со вашиот доктор, сестра или друг медицински персонал.
- Станете дел од нашиот клуб на пациенти. Со ова ќе имате можност да се запознаете со повеќе медицински прашања и да ги споделите вашите искуства со други пациенти.
Вовед
шиот лекар да ги разберете целите на третманот и клучните факти за вашата состојба.
Митрална стеноза
Стеноза на митрална валвула
Стеноза на митрална валвула
Стеноза на митрална валвула – или митрална стеноза – преставува намалување на митралната валвула на срцето. Ова е абнормална состојба на валвулата не дозволува вравилно отварање, блокирајќи го протокот на крв во главната кумпна комора на срцето (левата комора).
Стенозата на митрална валвула може да предизвика да се чуствувате уморни, да немате доволно воздух покрај другите проблеми.
Доколку не се третираат овие состојби на митраната валвула,може да доведат до сериозни срцеви компликации.
Регургитација на митрална валвула
Митралната регургитација е многу почеста од аортната регургитација. Кога валвулата пропушта, срцето треба да работи многу повеќе з а да испумпа доволно крв во соодветната насока. Бидејќи срцето е мускул, како секој мускул во вашето тело, е направен да може да спроведе и повеќе работа. Но, за да може вашиот мозок и остатокот од телото да добиваат соодвено количство на крв, вашето срце треба да пумпа повеќе за да ја движи крвта напред и да направи место за крвта коај се враќа назад во коморите.
Пролапс на митрална валвула
Во САД, водечката причина за митрална регургитација е пролапс на митралната валвула. Митралниот пролапс се создава поради ектра ткиво во валвулата која ја задржува од соодветно стеснето затворање. Околу 4-5% од популацијата има екстра ткиво на митралната валвула
Мониторирање
Мониторирање
Со тек на времето , стеснетата валвулва може да остане не променета или пак да се влоши состојбата која бара третман. Сите оние со проблеми со валвули треба постојано и навремено да одат на прегледи за следење на големината и функцијата на срцето како и сите симптоми кои може да се поврзани.
Пријавете било кој од забележливите симптоми кои вклучуваат слабост, немање на здив, нелагодност во градите, вртоглавици па дури палпации.
Исто така е важно да знаете дека некои луѓе никогаш не развиваат забележливи симптоми. Иако е важби да се следат симптомите, но тие не се единствениот важен фактор. Проблематична валвула може да има потреба од третман без разлика дали има или нема забележливи симптоми.
Валвуларна хирургија: Да се замени или реконструира?
Валвуларна хирургија: Да се замени или реконструира?
Со тек на времето, валвуларниот проблем може да создаде проблеми или да напредува и да стане потежок. За жал, не постојат медикаменти со кои може да се подобри работата на валвулата.
Така што кога валвулите стануваат премногу тесни или пак пропуштаат премногу крв низ нив и почнуваат да создаваат проблеми во функцијата на срцето или појава на симптоми, валвулата мора да биде поправена. Дали валвулата може да биде реконструирана или пак мора да биде заменета тоа е прашање за кое треба да разговарате со операторот.
Митралните валвули најчесто можат да бидат реконструирани за да работат подобро. Реконструкција на валвулата некогаш може да биде направена и со помалку инвазивна хирургија.
Нехируршка балон процедура за прекумерно тесни валвули
Нехируршка балон процедура за прекумерно тесни валвули
Балон процедурите може да бидат препорачани за митрални стенози, но нејчесто не се земаат во предвид кај аортните валвули.
Во случаи на митрална стеноза, каде митралната валвула е тесна, третман наречен балон процедура некогаш е ефективен начин за отварање на валвулата.
Кога е успешна балон процедурата, голема операција за реконструкција или замена на тесна митрална валвула не е потребна.
Замена на валвула
Замена на валвула
За некои пациенти операција на валвула е препорачана. Важно е да ја земете во предвид достапноста на најдобрата нега, точното време за операција, како и симптомите или слабостите кои најверојатно ќе се подобрат со операција.
Со искусен хируршки тим и установа, ризикот од валвуларна хирургија е многу мал, и веројатноста од успешност е голема. Земено идеално, треба да се бара месицински центар со долгогодишно искуство во валвуларна хирургија.
Соодветното време исто така игра важна улога во успешноста на валвуларната операција. Следете ја вашата медицинска состојба за навремено откривање и препознавање на валвуларен проблем како и негово решавање пред да направи долгорочна штета.
Симптомите не треба да се игнорираат. Долгото игнорирање на симптомите може да го ослабе вашето срце. Оштешување на срето може да ги зголеми ризиците од операција, кои во други случаи се многу мали. Поголемиот број на луѓе кои имале валвуларна хирургија имаат нормален живот по рехабилитација. Со грижата за себе, си давате себеси и на оние кои ги сакате најдобри можности за долг и здрав живот.
Вовед
Што е проблемот?
Истражете ја вашата валвула, доколку имате срцев шум или можни проблеми со валвула, вашиот лекар треба да провери колку добро „работи“ вашата валвула.
Регургитација на аортна валвула
Регургитација на аортна валвула
Аортна регургитација е израз за пропуштање на аортната валвула при секое релаксирање на левата комора. Пропуштање на аортната валвула дозволува проток на крв во двете насоки.
Одредено количество крв се движи во вистинскиот правец и кислородно збогатена крв се движи низ аортата до остатокот на телото, како и што треба.
Но одредно количество на крв се движи во спротивен правеч, од аортата назад во левата комора кога срцето се релаксира помеѓу две отчукувања.
Што се случува при аортна регургитација?
Волуменот и притисокот во срцевите комори се зголемува. Како резултат на тоа срцето можеби ќе треба да работи повеќе за да може да надомести. Комората се оптегнува/зголемува и ѕидовите на истата понекогаш се задебелуваат (хипертрофија), а задебелен срцев мускул е помалку ефективен. На крајот срцето може да не биде во можност да ги задоволи потребите на срцето за крв, што води со срцева слабост. Аортната регургитација исто така може да доведе до булбус на аортата или пак до ослабнати точки кои се подложни на аортна аневризма.
Стеноза на аортна валвула
Стеноза на аортната валвула – или аортна стеноза – преставува стеснување на аортната валвула на срцето. Ова стеснување на валвулата ја спречува од нејзино целосно отварање, што придонесвува до опструкција на протокот на крв од срцеето во аортата и понатаму до целото тело.
Кога постои опструкција на аортната валвула, срцето треба да „работи“ понапорно за ја испумпа крвта во текото. За жал таа ектра работа на срцето го лимитира количеството на крв кое може да биде испумпано, што може да предизвика ослабување на срцевиот мускул.
Доколку не се третираат овие состојби на аортната валвула, може да доведат до сериозни срцеви компликации.
Мониторирање
Мониторирање
Со тек на времето , стеснетата валвулва може да остане не променета или пак да се влоши состојбата која бара третман. Сите оние со проблеми со валвули треба постојано и навремено да одат на прегледи за следење на големината и функцијата на срцето како и сите симптоми кои може да се поврзани.
Пријавете било кој од забележливите симптоми кои вклучуваат слабост, немање на здив, нелагодност во градите, вртоглавици па дури палпации.
Исто така е важно да знаете дека некои луѓе никогаш не развиваат забележливи симптоми. Иако е важби да се следат симптомите, но тие не се единствениот важен фактор. Проблематична валвула може да има потреба од третман без разлика дали има или нема забележливи симптоми.
Аортна хирургија
Аортна хирургија: Да се замени или реконструира?
Со тек на времето, валвуларниот проблем може да создаде проблеми или да напредува и да стане потежок. За жал, не постојат медикаменти со кои може да се подобри работата на валвулата.
Така што кога валвулите стануваат премногу тесни или пак пропуштаат премногу крв низ нив и почнуваат да создаваат проблеми во функцијата на срцето или појава на симптоми, валвулата мора да биде поправена. Дали валвулата може да биде реконструирана или пак мора да биде заменета тоа е прашање за кое треба да разговарате со операторот.
Аортните валвули почесто треба да бидат заменети со механички или биолошки валвули. Реконструкција на валвулата некогаш може да биде направена и со помалку инвазивна хирургија.
Tранскатетерна замена на валвула
Transcatheter Valve replacement (транскатетерна замена на валвула): кај некои случаи возможна е замена на аортната валвула со многу помала хируршска процедура наречена TAVR (транскатетерна замена на аортна валвула). Иако многу од овие операции се изведени успешно, во моментот се одобрени само за оние кои неможат да поднесат т.е. толерираат операција на отворено срце.
Замена на валвула
Замена на валвула
За некои пациенти операција на валвула е препорачана. Најважно е да ја земете во предвид достапноста на најдобрата нега, точното време за операција, како и симптомите или слабостите кои најверојатно ќе се подобрат со операција.