Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Фармакогенетика

Фармакогенетските тестови се нова форма на претскажувачки тестови којшто ќе имаат секојдневна примена во модерната медицина. Овие тестови може да го проценат одговорот на индивидуата (ефикасност и несакани појави) при третман со разни лекови преку тестирање на генетски варијации во ензимите што ги метаболизираат лековите. Овие тестови нудат начин за минимизирање на несаканите дејства на некои лекови и оптимизирање на нивните дози врз основа на индивидуата. Кога клиничарите би знаеле дека одредена генетска варијација е присутна кај пациентот, тие би можеле да ја регулираат дозата на лекот со што ќе се намалат неговите несакани дејства, а ќе се зголеми ефектот. Овие тестови се корисни за сите луѓе, посебно за оние на коишто им е потребен подолготраен третман со лекови.