Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Минимално агресивна – лапароскопска хирургија

Лапароскопска или минимално инвазивна хирургија означува еден вид модерна хирургија со која хируршката интервенција во абдоминалната празнина се изведува преку мали шавови на предниот абдоминален ѕид, спротивно на класичната абдоминална хирургија, која се изведува преку долги фронтални абдоминални резови, должина од 10 до 30 сантиметри. На органите во стомакот се пристапува со специјални инструменти преку мали резови на абдоминалниот ѕид, со должина 5-10 милиметри, на неколку места. Преку едниот отвор се воведува камерата која се користи за “гледање” што се прави, а преку другите два отвора (понекогаш и повеќе) се воведуваат инструментите со кои се изведува операцијата.