Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

ПЕРИФЕРНА ВАСКУЛАРНА БОЛЕСТ

Периферната васкуларна болест се однесува на заболување на крвните садови надвор од срцето и мозокот. Најчесто е стеснување на крвните садови што носат крв до нозете, рацете, стомакот или бубрезите.

Кои се симптомите?

Во почетната фаза, чести симптоми на слаба циркулација во нозете се грчење, слабост, тежина и болка или нелагодност во нозете и бутовите во текот на активност. Овие најчесто исчезнуваат кога ќе се престане со активноста и се нарекуваат интермитентни клаудикации.

Симптоми на слаба циркулација во бубрезите вклучуваат висок крвен притиоск или притисок кој е тешко или невозможно да се контролира со медикаменти. Тешка блокада на реналните артерии може да резултира со губиток на бубрежната функција или слабост.

Како се дијагностицира паб?

 

Дијагностицирањето на ПАБ започнува со медицинска историја и физикален преглед.

  • Допплер и дуплекс ултразвучна сонографија
  • Магнетна резонанца
  • Комјутерска томографија
  • Регуларна (катетер) ангиографија

Како се третира паб?

Кај повеќето луѓе ПАБ може да се третира со промени во начинот на живот, медикаменти или двете заедно. Но, има случаи кај кои ПАБ мора да се третира хируршки со периферна бајпас операција.

Што е периферна бајпас операција?

 

Периферна бајпас операција е операција на периферните артерии и вени. Користи крвни садови земени од друг дел на телото или артифицијални протези за да го заобиколи или бајпасира блокираниот или стеснетиот дел на артерии.

Што се случува во текот на операцијата?

Во текот на операцијата најчесто се користи спинална анестезија, но зависно од состојбата и желбата на пациентот, може операцијата да се води и во општа анестезија. Операцијата трае 2-3 часа.

Специфичноста на хируршката процедура зависи од вашите симптоми и целокупната состојба, како и колкави плаки се имаат наталожено во вашите артерии. Генерално, за бајапас на нога или рака, вашиот хирург ќе одбере вена која ќе служи како бајпас графт на вашата артерија. Некогаш поради состојбата потребно е да се употреби артифицијална протеза како бајпас графт наместо вена.

Што може да очекувам по операцијата?

  • Вашиот болнички престој ќе биде од 3-10 дена.
  • Ќе бидете сместени на одделот за полуинтензивна нега.
  • Ќе бидете приклучени на апарати за мониторирање во првите неколку часа.
  • Може да чустувате болки
  • Ќе ви бидат дадени лекови
  • Може да јадете нормално и ќе се чуствувате подобро секој ден.
  • Ќе почнете да се движите речиси веднаш.