Дводневен курс за прва помош во соработка со Холандската Амбасада

Во периодот од 11 до 12 јули, во просториите на нашата клиника, а во соработка со вработените од Холандската Амбасада во Скопје, беше оджан дводневен курс за прва помош.
Во склоп на курсот учесниците беа запознаени со основните принципи на давање на прва помош.

Истовремено добија теоретска и практична едукација за самите постапките на давање на прва помош. Првиеот ден беа опфатени ситуации како: срцево-белодробно оживување, употреба на авотматски дефибрилатор, задавување, срцев инфаркт, анафилактичен шок, астматичен напад, епилептичен напад, хипо и хипергликемична кома. Во тек на вториот ден, низ теоретска и практична едукација, учесниците се стекнаа со вештини за давање на прва помош при скршеници, повреди на меки ткива, повреда на рбетен столб, повреди на глава, топлотен удар, сончаница, изгоренци, удар од струја, смрзнатини, како и повреди на око.

Наши обучувачи беа Доц. д-р Тања Анѓушева и физиотерапевтот Никодин Вељановски. Им благодариме на Холандската Амбасада во Скопје за дадената доверба.

Одржан првиот сертифициран курс по МР на срце

На 7 и 8 јули 2022 во просториите на Жан Митрев Клиника беше одржан првиот дводневен курс по магнетна резонанца на срце организиран од Македонско Здружение по кардиологија со подршка од Европското здружение за кардиоваскуларен имиџинг (EACVI).

Курсот го посетија кардиолози и радиолози од нашата земја со што преку низа теоретски предавања и практична “hands-on” сесија се стекнаа со основни познавања за оваа современа, неинвазна дијагностичка и прогностичка моќна алатка која зазема се поголем број на индикации во светските и европски водичи и препораки за практикување совермена кардиологија базирана на докази.

Магнетната резонанца на срце е златен стандард за неинвазивна проценка на структурата, функцијата и ткивните карактеристики на срцевите структури. Едни од основите индикации се миокардитис, кардиомиопатии, срцева слабост од непозната етиологија, конгенитални маани, исхемична болест на срцето, срцеви маси и тумори, болести на перикард.

Предавања одржаа врвни светски експерти во полето на магнетна резонанца на срце како Robin Nijveldt (потпрестедател на EACVI-CMR section), Chiara Bucciarelli- Ducci (CEO of Society of cardiac magnetic resonance), Tomaz Podlesnikar, Bostijan Berlot, Saloua El Messaouidi и Јадранка Стојановска.

Комбинирани предавања и од областа на ехокардиографијата како компаративна метода беа одржани од искусни локални предавачи како Д-р Тања Анѓушева, Проф. Д-р Љубица Георгиевска – Исмаил, Проф. Д-р Елизабета Србиновска, Проф. Д-р Марија Вавлукис и предавања од областа на магнетна резонанца на срце одржани од Доц. Д-р Планинка Зафировска, ко-директори на курсот беа Проф. Д-р Елизабета Србиновска, Доц. Д-р Планинка Зафировска и Проф. Д-р Робин Нијвелдт.

Партиципантите се стекнаа со сертификат за завршено I ниво на магнетна резонанца на срце (Level I CMR) подржано од EACVI и акредитирано од Македонската Лекарска Комора.

-30% за снимањето на густина на коски со остеодензитометрија (DEXA скен)

Остеопорозата претставува метаболно заболување на коските кое се карактеризира со нивна намалена густина и подложност на скршеници при минорна траума.

Ризик фактори кои придонесуваат за појава на остеопороза се: пушење, недоволен внес на калциум и Витамин Д, возраст над 50 години, рана менопауза, неактивен стил на живот, долготрајна употреба на кортикостероиди.

Сите жени над 65 годишна возраст, треба да направат скрининг за остеопороза со помош на коскената дензитометрија.

Самата дијагноза остеопороза, заедно со проценката на ризик за скршеници вклучува повеќе фази: анамнеза, одредување на коскена густина – DEXA скен, FRAX скор и лабораториски иследувања.
Дензитометријата како рентгенографска техника за откривање на остеопорозе е со голема прецизност. Иако таа може да се користи за мерења на сите коски од скелетот, клиничките мерења вообичаено се прават на слабинските рбетни пршлени и на колковите, а по потреба и на подлактицата.

Коскената густина во овие подрачја се мери затоа што луѓето со остеопороза имаат поголема опасност да направат скршеница токму на овие коски, скршениците на овие места предизвикуваат сериозни проблеми со долго време на опоравување, поголема болка и инвалидност. Секако дека може да се предвидат и идни скршеници на останатите коски.

Иако постојат и многу други техники развиени за оваа намена, сепак остеодензитометријата нуди најпрецизни мерења на повеќе скелетни места со најмала изложеност на зрачење и согласно сите тековни препораки во светот е алатка број еден за соодветен скрининг на остепорозата.
Во Клиничката болница Жан Митрев, на располагање е апарат за мерење на коскената густина (DEXA скен) од најновата генерација, како и искусен лекарски тим специјално обучен и подготвен да препорача понатамошен третман и лекување на оваа состојба.

Моментално снимањето за коскената густина како и компјутерската томографија (КТ), магнетна резонанца (МРИ), РТГ, 2Д и 3Д мамографија и ехо на дојка се со намалување од 30%.

Закажете го вашиот термин на 02 3091 484.

Хронична болка во вратот

Според Интернационалната Асоцијација за истражување на болката (IASP) за хронична болка во вратот се смета онаа болка која што е локализирана во било која регија од цервикалниот `рбет, од окципиталната коска па се до спинозниот израсток на првиот торакален пршлен.
Болката во вратот се смета за таква со или без проградирање кон главата, телото или горните екстремитети.

За хронична болка се смета онаа болка која што трае 12 недели или повеќе. Оваа болка се карактеризира со хипералгезија при палпација на регијата на вратот и рамениците, и е поизразена при сите движења во вратот и рамениот појас.

30% од пациентите со болка во вратот во траење подолго од 6 месеци ќе развијат хронични симптоми. Ова влијае на 14% од сите лица кои доживуваат состојби со болка во вратот. 37% од лицата кои имаат болка во вратот, пријавуваат постојани проблеми во траење од најмалку 12 месеци.
5% од возрасната популација со болка во вратот ќе биде оневозможена од болката, што претставува сериозен здравствен проблем.

Физиотерапевтскиот третман при хронична болка во вратот е базиран според класификацијата на состојбата

При болка во вратот со дефицит во движењата, третманот опфаќа:

  • Манипулација на торакален и цервикален `рбет со мобилизација на зглобовите
  • Комбинирани вежби за цервикална/скапулоторакална регија: невромускулни вежби (на пр. Координација, проприоцепција и постурален тренинг), истегнување, зајакнување, аеробно кондиционирање и третман на когнитивно зафатените елементи
  • Dry needling, ласер, механичка или мануелна тракција
  • Кинезиотејпинг.

Хронична болка во вратот со нарушување на координацијата

  • Едукација на пациентите и давање совети со фокус на уверување, охрабрување, прогноза и третман на болката
  • Мобилизација комбинирана со индивидуализирана, прогресивна и субмаксимална програма на вежби вклучувајќи цервикоторакално зајакнување, издржливост, флексибилност, координација и когнитивна терапија
  • Тенс
  • Функционална магнетна стимулација.

Хронична болка во вратот пропратена со главоболка

Во оваа состојба се врши манипулација на цервикална и цервико-торакална регија. Мобилизација на зглобовите на вратот во комбинација со вежби за истегнување на рамениците и вратот, зајакнување на мускулатурата и вежби за издржливост.

Хронична болка во вратот со радијациона болка

  • Тракција на цервикалниот `рбет во комбинација со истегнување на мускулите и мобилизација на зглобовите.
  • Едукација за вежби во домашни услови.

Никодин Вељановски
Специјализиран физиотерапевт

Клиничката болница Жан Митрев е горд поддржувач на детскиот ракометот

Старт на ракометниот камп Handball Camp 40×20 Macedonia во Охрид

Во организација на KMG Sport започна ракометниот камп за деца кој е предвидено да трае од 19 до 24 јуни. Истиот се одржува во хотелот ,,Аквалина,, на брегот на Охридското езеро. Со децата од Македонија, Шведска и Босна и Херцеговина ќе работат најдобрите македонски тренери со лиценци за Мастер коучинг, тренери од тимовите учесници во супер лига, како и тренери специјализирани за работа со млади категории. Исто така планирани се и предавања за здрав начин живот и исхрана и спортска психологија. Нашите лекари се погрижија на сите деца да им бидат направени потребните прегледи уште пред почетокот на кампот.

Секако покрај тренинзите, забавата и дружењето нема да изостанат. Планирани се прошетки, кајакарење и гостувања од поранешни и актуелни ракометни ѕвезди.

Им посакуваме добар помин на сите учесници во овој летен камп.

Одржана работилница за апликација на дермални филери

Викендов во просториите на естетската дерматологија при Клиниката ZAN MITREV во соработка со Merz Aesthetics успешно беше завршен Master Class за апликација на дермални филери. Работилницата беше водена од КОЛ тренерот д-р Гордана Бијелиќ и нашиот дерматолог д-р Анџелка Илиева. Им благодариме на присутните и на моделите.

Дали сте чуле за тендoнитис?

Тендoнитис: симптоми, причини и третман

Тендoнитис познат и како тендинитис е воспаление или иритација на тетивите, тенките сврзници кои ги поврзуваат мускулите со коските. Обично се јавува по повторливи повреди на зглобовите онкретно зглобовите или глуждовите.

Иако тендонитисот може да биде предизвикан од ненадејни повреди, тој најчесто се појавува поради повторување на истото движење со текот на времето. Затоа, обично се јавува и во колената, потпетиците, лактите или рамената.

Кои се симптомите?

Симптомите на тендонитис обично се појавуваат на местото каде што тетивата се прицврстува на коската. Овие се најчестите:

  • Чувствителност
  • Оток
  • Болка, особено при движење на зафатениот зглоб
  • Ригидност

Кои се ризик фактори за појава на тендонитис?

  • Возраст – со возраста, тетивите ја губат флексибилноста, што ги прави повеќе склони кон повреди.
  • Професија: тендонитис обично се појавува во професии кои бараат повторување на движењата, голем физички напор или непродни пози.
  • Спортот – спортови како кошарка, тенис, пливање, атлетика или голф често се поврзуваат со тендонитис. Всушност, познати се различни видови на тендонитис во зависност од спортот што можеби ги предизвикал, како што се „тениски лакт“ или „пливачко рамо“. Во овие случаи, многу е важно да се следат правилните техники со цел избегнување на појава на тендонитис.
  • Болести како што се дијабетес или ревматоиден артритис.

Кој е третманот?

Тендонитисот треба да се третира што е можно поскоро за да се спречи поголема повреда на тетивата и да предизвика нејзино пукање.
Повеќето случаи на тендонитис може да се третираат со одмор, физикална терапија и антиинфламаторни лекови за намалување на болката и отокот. Меѓутоа, во потешки случаи, може да бидат потребни и други третмани како што се операција или стероидни инјекции.

Доколку симптомите се присутни неколку дена и влијаат на вашите секојдневни активности, се препорачува да одите на лекар, со цел да се направи прецизна дијагноза преку вашата медицинска историја, физички преглед и радиолошки снимања.

Службата за ортопедска хирургија и трауматологија во Клиничката болница Жан Митрев е составена од неколку медицински тимови кои имаат искуство во примената на најнапредните третмани. Пациентите добиваат персонализиран пристап за време на процесот на дијагноза, третман и рехабилитација.

Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484.

Tesla Former – Уште еден новитет во центатрот за естетска дерматологија при Жан Митрев Клиника

Уште еден новитет во центатрот за естетска дерматологија при Жан Митрев Клиника.

Имате потреба од:

  • Обликување на телото
  • Намалување на целулитот
  • Подобрување на микроциркулацијата
  • Забрзување на протокот на лимфа
  • Зголемување на мускулен тонус
  • Затегнување на кожа
  • Зацврснување на мускулатурата
  • Опуштање на мускулатурата

Ние го имаме вистинското решение за вас!

Третманите со Tesla Former се изведуваат по предходно спроведена бесплатна физиотерапевтска проценка која вклучува: мерење обем на екстремитети, BMI (индекс на телесна тежина), анамнеза, прибирање на информации за болни состојби, проверка за сите индикации и контраиндикации според протоколот за употреба на Tesla уредот.

Бројот на третмани е од 8 до 10 за една иста регија. Истите се спроведуваат секој втор ден бидејки е потребно еден ден одмор на мускулите помеѓу два третмани на иста регија.
Третманот може да се спроведува и секој ден, но само доколку се третира друга регија, при што бројот на третмани треба да се зголеми со цел секоја регија да добие соодветен број на третмани и за да може да се постигнат очекуваните резултати.

Подготвивме специјална цена за пакет од 10 третмани за 15 000 денари. Поединечен третман чини 1800 ден.

За да закажете термин и проценка јавете се на 02/30104-910