Д-Р ЏУЛИАНА МИХАЈЛОВСКА: Симптомите и знаците за дијабетес тип 2 се јавуваат и до 10 години пред поставување на дијагнозата, но пациентот не ги забележува

Тие се сува уста, жед, често мокрење, губиток на телесната тежина, заматен вид и потреба за поголем внес на храна. За јасното манифестирање на дијабетесот воглавно се одговорни некои тригер фактори кои го изместуваат телото од оската на рамнотежа и компензација, како на пример, бактериска или вирусна инфекција, преживеан голем стрес и сл.

Навременото и соодветно дијагностицирање како и правилното третирање на дијабетесот тип 2, негово редовно контролирање и следење, може поволно да ја измени природната историја на тек и прогноза на самото заболување и да се минимизира ризикот од појавата на каква било компликација

Оралниот глукоза толеранс тест е златен стандард за дијагноза на дијабетесот: Д-р Џулиана Михајловска, специјалист ендокринолог

14 НОЕМВРИ Е СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ, болест која станува една од најбрзо растечките здравствени кризи во 21 век, бидејќи ако трендовите продолжат скоро 800 милиони луѓе ќе имаат дијабетес до 2045 година, а 730 милиони возрасни ќе се соочат со предијабетес, предупредуваат научниците. Според Меѓународната федерација за дијабетес (IDF), „дијабетесот стана пандемија од невидени размери која излегува од контрола.“

Годинешниот Светски ден на дијабетесот има за цел да го подобри пристапот до нега. Се проценува дека само минатата година 6,7 милиони луѓе починале како последица на дијабетес, а речиси половина од оние кои моментално живеат со дијабетес не се ни свесни дека ја имаат оваа болест, како и за сериозните здравствени проблеми кои произлегуваат со неговото постоење. „Компликациите на дијабетесот може да се поделат на микроваскуларни (ретинопатија, нефропатија и невропатија) и макроваскуларни (мозочен удар, срцев удар, периферна артериска болест)“, потенцира Д-Р ЏУЛИАНА МИХАЈЛОВСКА, СПЕЦИЈАЛИСТ ЕНДОКРИНОЛОГ. „Кога станува збор за третманот на дијабетес тип 2, најголема и најважна улога во неговото менаџирање ја има самиот пациент, со претходно дадени правилни насоки за справување со сите можни предизвици со кој може да се соочи. Доколку не се придржуваме до тие насоки и правила, дијабетесот знае да ја преземе главната деструктивна улога во организмот и со текот на времето, постепено да доведе до сериозни компликации“, додава д-р Џулиана.

Дијабетес тип 2 се јавува кај 90 % од случаите на дијабетес – која е причината за неговата појава и кои се симптомите на болеста?

Д-р Џулиана: Дијабетесот претставува болест која се манифестира со покачено ниво на глукоза во крвта. Појавата на дијабетес тип 2 зависи од повеќе фактори како што се генетската предиспозиција (семејната оптовареност), секојдневното темпо на живот со нередовен и нездрав начин на исхрана, слаба или никаква физичка активност, неправилен биоритам на телото (сон и будење), немање механизми за добро менаџирање на стресот, како и покачена телесна тежина.
Симптомите и знаците за дијабетес тип 2 најчесто се јавуваат подолго време пред поставувањето на дијагнозата за дијабетесот (и до 10 години), но истите се провлекуваат незабележано од страна на пациентот. Тие се сува уста, жед, често мокрење, губиток на телесната тежина, заматен вид и потреба за поголем внес на храна. За јасното манифестирање на дијабетесот воглавно се одговорни некои тригер фактори кои го изместуваат телото од оската на рамнотежа и компензација, како на пример, бактериска или вирусна инфекција, преживеан голем стрес и сл.

Како што споменавте, симптомите и знаците се јавувуваат подолго време пред да се постави дијагнозата дијабетес тип 2. Кои се критериумите кои треба да се исполнат за да се потврди истата?

Д-р Џулиана: За поставување на дијагноза дијабетес тип 2, потребно е да се исполнат неколку критериуми. Во два наврати да се измери гликемија на гладно ≥ 7 ммол/Л, присутни симптоми на дијабетес и случајно измерена гликемија ≥11.1 ммол/Л или измерена гликемија ≥11.1 ммол/Л во вториот час при оралниот глукоза толеранс тест (ОГТТ). Како дополнителен критериум може да се додаде и вредноста на гликолизиран хемоглобин ХбА1ц која треба да изнесува ≥6.5%.

Оралниот глукоза толеранс тест е златен стандард за дијагноза на дијабетесот. Истиот се изведува многу едноставно. Потребно е претходно пациентот да се оптовари (наједноставно е да јаде по 100-150 г чоколадо) во тек на 3 дена и потоа следниот ден да се направи тестот. Бремените жени може да пристапат на овој тест и без претходна подготовка. На гладно се зема крв од вена за одредување на гликемија, потоа се пие сирупот со 75 г глукоза и се чека 2 часа до повторно земање на венска крв за одредување на гликемија. Позитивен ОГТТ е со вредност на гликемија во вториот час ≥11.1 ммол/Л.

Американската асоцијација за дијабетес (АДА) препорачува скрининг на сите лица на возраст над 45 години на секои 3 години и скрининг на лица што се помлади ако имаат покачена телесна тежина (индекс на телесна маса поголем од 25 кг/м2) и доколку имаат еден дополнителен фактор на ризик за дијабетес (позитивна семејна анамнеза, покачен крвен притисок, дебелина, претходно евидентирани покачени гликемиски вредности на гладно или присутна инсулинска резистенција, полицистичен оваријален синдром итн.).

Како се третира дијабетес тип 2 и кои се компликациите од болеста?

Д-р Џулиана: Кога станува збор за третманот на дијабетес тип 2, најголема и најважна улога во неговото менаџирање ја има самиот пациент, со претходно дадени правилни насоки за справување со сите можни предизвици со кој може да се соочи. Доколку не се придржуваме до тие насоки и правила, дијабетесот знае да ја преземе главната деструктивна улога во организмот и со текот на времето, постепено да доведе до сериозни компликации. Компликациите на дијабетесот може да се поделат на микроваскуларни (ретинопатија, нефропатија и невропатија) и макроваскуларни (мозочен удар, срцев удар, периферна артериска болест).

Сите овие компликации може да се превенираат со редовно следење на болеста, оттука и важноста на редовните контроли…
Д-р Џулиана: Навременото и соодветно дијагностицирање како и правилното третирање на дијабетесот тип 2, негово редовно контролирање и следење, може поволно да ја измени природната историја на тек и прогноза на самото заболување и да се минимизира ризикот од појавата на каква било компликација.

Во клиниката „Жан Митрев“ ќе се направат сите потребни испитувања и прегледи, се со цел заеднички да пристапиме или продолжиме во светот на дијабетесот и правилно да функционираме во него.

Извор: panacea.mk

Сериозен пристап со цел обезбедување адекватно остручен кадар

Клиничката болница Жан Митрев особено внимание посветува на создавањето млади и стручни кадри во областа на медицината.
Како научно-наставна база, на студентите по општа медицина при ‘Goce Delcev’ University – Stip (Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип) слушатели на 7 семестар, им беше оджана теоретско практична настава. Доц. д-р Тања Анѓушева за време на вежбите на студентите им ја презентираше клиничката страна на базичниот електокарсиограм (ЕКГ) и третманот на заболувањата опфатени во предметот интерна медицина. Ваквиот сериозен пристап на постепено осознавање на начинот на работа во клинички услови има за цел да креира соодветно остручен медицински кадар.

Ноември – месец на машкото здравје

Пуштете мустаќи и погрижете се за своето здравје

Во ноември, се спроведува една од најважните кампањи насочена кон машката популација. Станува збор за месецот на машко здравје промовиран и етаблиран како Movember. Ова движење има цел да ја подигне свеста за важноста на машкото здравје и како такво во последните години изврши огромно влијание од општествен аспект.

Но, што е Movember?

Станува збор за доброволна кампања која има за цел да даде поголема видливост, свесност и во крајна линија да го подобри машкото здравје.
Оваа иницијатива започнува со растење на мустаќи. Целта на овој гест е да ги потсети мажите за важноста да се грижат за себе и да одат на редовни контроли за превенција и борба против болести како што се ракот на простата, ракот на тестисите, но и нивното менталното здравје.
Ракот на простата е најчест тумор кај машката популација. Од друга страна, ракот на тестисите е тумор кој главно ги погодува младите меѓу 20 и 35 години.
Раното откривање на двата вида на рак е од суштинско значење за да може да се започне со соодветниот третман што е можно поскоро и да се зголемат шансите за излекување.

Симптоми на рак на простата

Ракот на простата е еден од најчестите видови рак кој ги погодува мажите. Симптомите генерално се отсутни во раните фази. Меѓутоа, ако тие се појават, најчесто се:

  • Зголемена фреквенција на мокрење
  • Уринарна итност придружена со болка и пецкање
  • Чувство на нецелосно празнење на мочниот меур
  • Појава на крв во урината и спермата
  • Болка или печење при мокрење
  • Непријатност или болка при седење, предизвикани од зголемена простата.

Уринарните симптоми може да бидат и резултат на инфекција на мочниот меур или други состојби. Ако сте загрижени за какви било промени што сте ги доживеале, задолжително разговарајте со вашиот лекар.

Симптоми на рак на тестисите

Овој тип на рак исто така не покажува симптоми во почетната фаза. Но, препорачливо е да посетите лекар ако забележите некој од следниве предупредувачки знаци:

  • Присуство на грутка во тестисот
  • Промена на големината или обликот на тестисот
  • Често чувство на полн мочен меур
  • Присуство на крв при мокрење
  • Појава на болка во долниот дел на стомакот или препоните

За да се намали ризикот од заболување од овој тип на рак, а да се поттикне нивно рано откривање и превентивно делување, а воедно и да се намали бројот на смртни случаи препорачуваме преземање мерки како што: се водење здрав живот и секако посета на уролог еднаш во годината. Консумирањето здрава храна, вежбањето /физичката активност, избегнувањето алкохол, цигари и стресни ситуаци се од особено значење. Секако пегледите се клучни за да се открие било каква болест во рана фаза уште пред појавата на првите симптоми.
Клиничката болница Жан Митрев има специјална понуда од која можете да одберете.

Превентивните пегледи спасуваат живот. Закажете термин на 02/3091-484

  1. Магнет на простата 12 000ден
  2. Тумормаркер ПСА 600 ден
  3. Сексуално преносливи болести 3 истовремено (Chlamydia trachomatis, Trichomonas vaginalis и Neisseria gonorrhoeae) од прва утринска урина (со PCR метода), уретрален брис или течни цитолошки примероци 1800 ден
  4. Абдоминаленхируршки преглед (ректални проблеми и хемороиди) 2000 ден
  5. Колоноскопија со анестезија 18 000 ден
  6. Гасторскопија со анестезија 18 000 ден
    Доколку се направат двете во еден акт пакет цена 25 000 ден
  7. Дијабетолошки преглед во пакет со утврдување гликоза и скриен шеќер гликохемоглобин 2500 ден
  8. ОРЛ преглед 2200 ден
  9. Нефролошки преглед 2000 ден
  10. Уролошки преглед + HPV 4250 ден
  11. Уролошки преглед + Chlamydia trachomatis, Trichomonas vaginalis и Neisseria gonorrhoeae (со PCR метода) 3550 ден
  12. Детекција на ХПВ од уретрален брис 2500 ден
  13. Детекција на канцер кај хематурија (се користи за мочен меур) 19 000 ден
  14. Општ панел за наследен рак – 94 гени и 284 полиморфизми со NGS секвенционирање 60 000 ден

Во Жан Митрев клиниката никогаш не се правело клиничко испитување, очекуваме надлежните органи да го потврдат истото

Сакаме да ја информираме јавноста, дека решението на МАЛМЕД за прекршочна пријава е поништено од страна на Државната комисија за одлучување од втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка. (Документ во прилог)

И покрај тоа што процесот продолжува до конечна одлука, во текот на вчерашниот ден без никаква официјална најава во просториите на Клиничката болница Жан Митрев се појавија инспектори од МАЛМЕД со цел да извршат вонреден инспекциски надзор.

Постапувајќи спротивно на насоките на Државната комисија, односно имајќи предвид дека првото решение е поништено и се чека второстепена одлука, инспекторите од МАЛМЕД спротивно на таквите насоки (Документ во прилог), тенденциозно настапија во присуство на овластените лица од клиниката со став и тврдење дека станува збор за клиничко испитување и дека клиниката треба да достави докази за истите.

Ваквото однесување е во спротивност со сите стандарди и правила на совесно и професионално постапување, односно инспекторите дојдоа со предубедување дека во клиниката е вршено клиничко испитување без воопшто да се обидат да прибават докази со кои ќе ги потврдат таквите факти.

Ваквото постапување на инспекторите од МАЛМЕД е невидено досега во професионалната кариера на присутните овластени лица (адвокати) и спротивно на основните начела на инспекциската постапка.

Клиниката како и до сега останува отворена за соработка со сите институции се со цел транспарентно да се утврди вистината.

Жан Митрев: Ниту денар не е земено повеќе од пациентите за време на пандемијата дури ниту поради погрешна финансиска пресметка; срам да им е на сите кои ме обвинуваат за профитерство

Клиника Жан Митрев ниту денар нема земено повеќе од пациентите за време на пандемијата, дури ниту поради погрешна финансиска пресметка. И Управата за јавни приходи како и независни вештаци утврдија дека секој депозит што е земен а не бил искористен, до денар е вратен на пациентите.
Стотици странски државјани дојдоа за време на Ковид и за нивното лекување платија реномирани меѓународни осигурителни компании од Англија, Германија, Италија, Швајцарија, ова е показател за ревносното финансиско работење на Клиниката, а успешноста на лекувањето воопшто не било ниту тема за разговор.

„Во 2020 година на нашите пациенти им вративме над 2 милиони евра, во 2021 година вративме 3 милиони и 200 илјади евра од аванси. За какво профитерство се зборува овде, доколку сме сакале да направиме нешто зар ќе вратевме на пациентите 5 милиони и 200 илјади евра во време на Ковид. Срам да им е на сите кои нè обвинуваат за профитерство“, нагласува д-р Жан Митрев.

Во текот на лекувањето на пациентите ништо не е направено вон насоките и процедурите. Со процесот на хемофилтрацијата се спасени човечки животи. Тоа се потврдува и со смртноста којашто во клиниката е ниска во време на КОВИД. Според деталните болнички извештаи во Жан Митрев клиника биле хоспитализирани вкупно 1738 третирани пациенти, од кои 1296 преживеале, со што стапката на успех во третманот на пациентите со компликации од Ковид-19 во Жан Митрев клиника изнесува 74,6%.
Од пациентите кои се третирале од Ковид-19 во Клиника Жан Митрев, 294 пациенти или 47% претходно биле хоспитализирани во други болнички установи.

Бактериските инфекции во време на КОВИД беа поради имунодефицитна состојба на пациентите како последица на прекумерно користење антибиотици и кортикостероиди. Во Жан Митрев клиника никој не криел интрахоспитални инфекции, во КОВИД пандемијата најголем број од инфекциите пациентите веќе ги имаа со себе и беа третирани соодветно.

„Горд сум што успеав да воспоставам нови стандарди во приватниот здравствен сектор со подигнување на нивото на квалитет на услугите. Среќен сум што зад мене има тим на врвни професионалци кои секојдневно се борат за човечки животи. И навистина ми паѓа тешко кога некој нè обвинува дека сме заработувале на нечија туѓа несреќа. Ова се фактите и бројките што говорат за тоа како се одвиваше лекувањето и третманот на пациентите во Жан Митрев клиника. Со овие бројки располагаат и институциите и тие ќе ја докажат вистината“, потенцира д-р Митрев.

Што е ДВТ или длабока венска тромбоза?

ДВТ е абнормално згрутчување на крвта кое што се развива во длабоките вени, обично оние на ногата или карлицата и е се почеста појава, како кај помладата така и кај постарата популација.
Големите згрутчувања (ДВТ) може да се движат од вените на ногата или карлицата и да поминат низ венскиот систем патувајќи кон срцето, а потоа и кон белите дробови. Тие може да предизвикаат сериозни кардиоваскуларни проблеми, а во случај кога се засегнати белите дробови тогаш станува збор за белодробна емболија која е исклучително сериозна медицинска состојба која може да биде дури и фатална.

Повеќето ДВТ згрутчувања се мали, безопасни и се решаваат со релативно едноставен третман. Често пати, при недијагностицирана состојба, пациентите болката ја опишуваат како „истегнати мускули“ или други болки во нозете. Ова состојба може да се дијагностицира навремено со флеболошки/ васкуларен преглед на венски системи од страна на доктор специјалист.

Можните симптоми на ДВТ – длабока венска тромбоза може да се манифестираат со:

  • Ненадејна болка во ногата без очигледна причина која е лоцирана над коленото, под коленото или и во двете точки
  • Оток само на глуждот, глуждот и листот на ногата, потколеницата или надколеницата или целата нога
  • Силна болка во ногата – особено при стоење или одење
  • Топлина во областа на отокот
  • Понекогаш кожата може да биде малку поцрвена, но тоа е поретко

ДВТ обично влијае на едната нога, но понекогаш може да ги зафати и двете.
Кај најголем дел од пациентите, нема никакви симптоми или знаци на предупредување. ДВТ се дијагностицира само доколку се појави компликација.

Кога треба да побарате стручна медицинаска помош?

Доколку не сте сигурни дали страдате од ДВТ или која било друга венска состојба, од витално значење е да посетите доктор специјалист кој преку одредени лабораториски анализии кои најчесто ги вклучуваат и вредностите на Д-димерите и преку извршен преглед со доплер на вени и артерии на екстремитетите, може да ја воспостави точната дијагноза и да ви понуди персонализиран медикаментозен третман или хируршки третман во потешките случаи.

Доколку ДВТ се дијагностицира и третира веднаш/ навреме, во повеќето случаи згрутчувањето ќе се раствори и вената ќе се врати во нормала. Доколку има доцнење во дијагнозата и третманот, или доколку има повторливи ДВТ на истата нога, длабоките вени може да се оштетат и да престанат да функцијонираат правилно. Ова предизвикува посттромботичен синдром (ПТС) кој може да предизвика хронична болка и отекување на ногата, со промена на бојата и често чиреви на нозете.

Исто така многу е важно да се знае на што се должи згрутчувањето. Може да се појави како резултат на проширени вени, компресија во вените, промени во крвта (како резултат на дехидрација, пушење и примање на одредени лекови), но може да се појави и како знак на друга болест. Долгите патувања и неподвижноста се исто така фактори кои придонесуваат за појава на оваа состојба.

Во Клиничката болница Жан Митрев, на располагање ви стои стручен тим од трансфузијолози и васкуларни хирурзи кои ви нудат решение за сите ваши проблеми од оваа област.

Цената на прегледот е 2500 денари.
Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484