Благодарници за особен придонес за д-р Жан Митрев и тимот што ја направи првата трансплантација на срце во Македонија

Лекарската комора на Македонија на своето одбележување на 31 година од постоењето на комората додели благодарници за тимот што ја направи првата трансплантација на срце во Македонија. Посебното признание е доделено за постигнат особен придонес во развојот на трансплантацијата и органодарителството од починат донор и со тоа започнување на една нова етапа во македонското здравство.

Тимот доктори што го направи овој значаен зафат во трансплантацијата на срце е предводен од д-р Жан Митрев и проф. д-р Сашко Јовев, а заедно со д-р Никола Христов, доц. д-р Тања Анѓушева, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Здравески, д-р Кујтим Џелили, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски.

Успешната трансплантација на срце од починат донор е историски оперативен зафат кој што даде нова шанса за живот за 54 годишен пациент. Изведена е во 2021 година, во екот на пандемијата и во многу тешки услови.

Современите оперативни зафати во кардиохирургијата започнуваат од пред 20 години кога од д-р Жан Митрев беше направена и првата автотрансплантација како револуционерен оперативен зафат во медицинскиот третман на кардиолошките пациенти, а понатаму д-р Митрев продолжи и со вградување на вештачки срца што почна да се применува дури во 2020 година а е исто така е живото-спасувачки метод.

Секогаш со задоволство се приклучуваме онаму каде се потребни информации поврзани со теми од здравството

Оваа година на покана на ИПС, а во склоп на едукативниот настан кој се одржа на 30 мај, нашиот специјалист клинички онколог д-р Милан Ристески, одговараше на прашања поврзани со подигање на свеста за карцином на дојка. Овогодишниот проект изработен од група ученици беше од областа на биологијата при што тие ги претставија своите согледувања за потребата од зголемена лична и општествена свесност за ракот на дојката. Прашања имаа не само учениците, туку и на нивните родители кои во голем број беа присутни на овој настан.
Како општествено одговорна институција, нашата клиника останува отворена за сите видови едукативна и промотивна соработка со институциите и организациите од државата чија задача е промоција на здравјето.