Трауматски настани и како тие влијаат на децата

Како детската траума се категоризираат: конкретен негативен настан, серија настани или доживувања кои предизвикуваат емоционална болка и ја надминуваат способноста на детето да се справи со настанатата ситуација. Траумите од овој вид кои се случуваат во детството се широко распространети и може да имаат многу форми.

Вообичаени типови на детска траума:

  • Злоупотреба и запоставување
  • Семејно насилство
  • Училишно насилство
  • Несреќи и повреди опасни по живот
  • Страшни или болни медицински процедури
  • Сериозна и нетретирана ментална болест кај родител
  • Загуба или разделба од родител или друга сакана личност
  • Природни или вештачки катастрофи
  • Војна или терористички напад
  • Присилно раселување
  • Дискриминација
  • Екстремна сиромаштија

Изложеноста на траума често започнува рано во животот. Децата од најрана возраст се изложени на најголем ризик и се најранливи имајќи ги предвид негативни ефекти од истата. Се проценува дека половина од сите деца во Соединетите Држави – приближно 35 милиони – биле изложени на барем еден вид траума пред нивниот осми роденден. На пример, злоупотребата и запоставувањето на децата се најчести кај децата под 3 годишна возраст.
Кај децата помлади од 5 години најголема е веројатноста да бидат повредени од падови, гушење и труење, што всушност им се случува на најголемиот дел од децата кои се изложени на семејно насилство.

Траумата од детството е силно поврзана со ментални и физички здравствени проблеми кои се манифестираат потоа во текот на целиот животот. Траумата негативно влијае на развојот на мозокот, когнитивниот развој, учењето, социјално-емоционалниот развој, способноста да се развијат сигурни врски со другите и секако со физичкото здравје. Таа се поврзува и со пократок животен век. Значителен број на истражувања покажуваат дека децата ги трпат најтешките, најдолготрајните и најштетните ефекти кога изложеноста на траумата започнала рано во животот.

Траумата има повеќе форми и доколку е во тежок облик и вклучува штета нанесена од страна на родителот или старателот, тогаш веиме станува збор за сложена траума.

Траумата доживеана во детството е поверојатно да доведе до посттрауматско стресно растројство, отколку онаа доживеана во зрелоста. Децата кои се изложени на неколку различни форми на трауми, имаат поголема веројатност да развијат посттрауматско стресно растројство (на пример, анксиозност, депресија, лутина, агресија, дисоцијација) отколку оние деца кои се хронично изложени на само еден вид траума. Децата и младите со посттрауматско стресно растројство може повторно да го доживеат трауматскиот настан преку наметнати сеќавања, кошмари и ретроспективи. Потребно е да се избегнуваат ситуации или луѓе кои ги потсетуваат на траумата и им предизвикуваат чувство на интензивна анксиозност која им го нарушува секојдневниот живот.

Дополнително таквите лица може да се вклучат во агресивно, самоуништувачко или непромислено однесување. Можат да имаат проблеми со спиењето односно да останат во состојба на хипербудност, состојба на претерана свесност и реактивност кон нивната околина.

Сепак, она што треба да се знае е дека не постои типична реакција на траума. Голем број деца покажуваат вознемиреност веднаш по трауматскиот настан, по што повеќето се враќаат на нивното претходно ниво на функционирање.

Трауматските реакции на децата, се разликуваат во зависност од природата на траумата, потоа индивидуалните, семејните и друштвените карактеристики на детето. Голема улога секако игра и целокупната рамнотежа на ризик и заштитните фактори во нивните животи. Тоа зависи и од нивната возраст и фаза на развој.

Малите деца кои доживуваат траума може да манифестираат:

  • тешкотии при создавање блискост и приврзаност со родител/старател, врсници
  • прекумерен страв од странци или анксиозност од разделување
  • проблеми со јадење и спиење
  • да бидат особено пребирливи.

Децата на училишна возраст кои доживуваат траума може да:

  • покажат агресивно однесување
  • се дистанцираат, односно станат повлечени
  • покажуваат грижа, се поставуваат заштитнички за сопствената или безбедноста на другите
  • искажуваат трауматски настани преку игра
  • имаат чести кошмари
  • имаат тешкотии во концентрираноста на училиште.

Нашите стручни лица во одделот за психијатрија и психологија ви стојат на располагање за консултација и третман на сите ваши проблеми. Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484

Уринарна инфекција во лето. Како и зошто се појавува?

Уринарна инфекција или циститис може да се појави во секое време од годината. Но, фактите говорат дека ваквите инфекции се зачестена појава во текот на летото.

Кои се симптомите на уринарната инфекција?

Симптомите на уринарната инфекција се манифестираат индивидуално, односно може да варираат од личност до личност. Сепак најчестите симптоми вклучуваат:

  • Болка или непријатност во долниот дел на стомакот: Ова е еден од најчестите симптоми при уринарна инфекција. Може да се појави чувство на притисок, болка или непријатност во пубичниот регион или долниот дел на стомакот.
  • Зголемена уринарна итност и фреквенција: Може да почуствувате постојана потреба за мокрење, при што често ослободувате само мала количина на урина. Исто така, вообичаено е да имате ненадејно чуство на итност за мокрење.
  • Болка или печење при мокрење: ова е познато како дизурија и може да биде доста непријатно.
  • Заматена или урина со непријатен мирис: Инфицираната урина може да изгледа заматена и да има силен или непријатен мирис. А во потешки случаи, може да содржи и траги од крв.
  • Нецелосно мокрење: Може да чувствувате како да не можете целосно да го испразните мочниот меур при мокрењето. Ова може да биде поврзано со воспаление на мочниот меур и може да предизвика постојано чувство на непријатност.
  • Општа малаксаност: некои лица може да доживеат малаксаност, замор, слабост или непријатност во телото поради уринарната инфекција.

Зошто настанува уринарна инфекција во лето?

  • Дехидрација: Во текот на летните месеци, често луѓето не пијат доволно вода, што може да доведе до дехидрација. Недостатокот на потребна коичина течности може да ја концентрира урината и да го олесни размножувањето на бактериите во уринарниот тракт, зголемувајќи го при тоа ризикот од инфекција.
  • Влажни костими за капење: Поминувањето време во влажни костими за капење или влажна долна облека подолг период, може да создаде топла и влажна средина погодна за размножување на бактериите. Ова може да биде особено вообичаено во текот на летото, кога луѓето уживаат во пливање или се задржуваат подолго време во базените, на плажите или други места со вода.
  • Користење на јавни тоалети: За време на летните одмори, луѓето може да користат повеќе јавни тоалети, кои може да бидат со лоши хигиенски услови. Користењето нечисти тоалети може да го зголеми ризикот од изложеност на бактерии, а со тоа и веројатноста за развој на уринарна инфекција.
  • Активности на отворено: Во текот на летото, многу луѓе учествуваат во активности на отворено, како што се кампување, планинарење или поминување време во природа. Овие активности може да имплицираат недостаток на пристап до соодветни услови за одржување на добра лична хигиена, зголемувајќи ја веројатноста за појава на уринарна инфекција.

Како се третира уринарната инфекција?

Се препорачува испитување на урина – уринокултура. Доклоку се утврди присуство на бактерии, по потреба може да се индицира антибиотски третман. Се користат антибиотици со кратко дејство кои брзо се елиминираат од урината.

Неколку препораки кои ќе ви помогнат да ја избегнете појавата на уринарната инфекција:

  • Одржувајте добра лична хигиена
  • Пијте доволно вода
  • Променете ја влажната облека за капење
  • Користењето чисти бањи може да помогне да се намали ризикот од инфекција, дури и во текот на летото.

Секогаш е препорачливо да се консултирате со лекар доколку се појават горенаведените симптоми за да се добие соодветна дијагноза и соодветен третман. Закажете на 02 3091 484

Нека храната биде ваша сила!

Поткрепете го вашиот оганизам со избалансиран и здрав начин на исхрана кој ќе ве заштити од сите можни форми на неисхранетост, голем број болести или други состојби како на пример обезност (прекумерна тежина).

Јавна тајна е дека доминацијата на процесирана храна, урбанизацијата и забрзаниот начин на живот вилјаат во огромна мера на нашиот начин на исхрана. Сепак она што треба да се знае е дека никогаш не е доцна да се промената приоритетите, да се донесат добро информирани заклучоци и да стави сопствената добросостојба на прво место.

Врамнотежена исхрана е ,,горивото,, потребно за остварување на вашите соништа и може да ве однесе подалеку.

Промовирање на здрава исхрана

Здравата исхрана помага да се заштитите од неухранетост во сите нејзини форми, како и од низа незаразни болести и други состојби. Сепак, зголеменото производство на преработена храна, брзата урбанизација и менувањето на животниот стил доведоа до промена на начионот на исхрана. Луѓето сега консумираат повеќе храна богата со енергија, масти, слободни шеќери и сол/натриум, а не јадат доволно овошје, зеленчук и интегрални житарки.

Исхраната може да зависи од изборот на храна на поединецот, но и од достапноста и цената на здравата храна, како и социокултурните фактори. Затоа, промовирањето на животна средина за одгледување здрава храна, бара вклучување на повеќе сектори и засегнати страни, вклучувајќи ги владата, јавниот и приватниот сектор.

Владите имаат централна улога во создавањето средина за одгледување здрава храна им овозможува на луѓето лесно да усвојат и одржуваат здрави диететски практики. Ефективните активности на креаторите на политики вклучуваат:

  • Координирање на трговијата, системот за храна и земјоделските политики со заштита и унапредувањето на јавното здравје;
  • Поттикнување на побарувачката од страна на потрошувачите за здрава храна и оброци;
  • Промовирање на здрава исхрана во текот на животот.

Глобалната стратегија на СЗО за исхрана, физичка активност и здравје, беше усвоена во 2004 година од страна на Светското здравствено собрание. Повикни беа владите, СЗО, меѓународните партнери, приватниот сектор и граѓанското општество да преземат акција на глобално, регионално и локално ниво за поддршка на здравата исхрана и физичката активност. Земјите-членки на СЗО, исто така, се согласија да го намалат глобалниот внес на сол за 30% до 2025 година; и да се запре порастот на дијабетес и дебелина кај возрасните и адолесцентите, како и кај децата со прекумерна тежина до 2025 година.

Во нашата клиника на располагање ви се доктори од кои можете да добиете соодветни совети и одговори на прашањата поврзни со оваа тема. Закажете на 02/3091-484

Менталното здравје значи добро здравје

Депресијата е водечка причина за спреченост при работа ширум светот и значајно придонесува кон генералниот товар кој го предизвикува оваа болест.
Доколку се соочувате со депресија
✉️ обратете се некому кому му верувате и споделете како се чиствувате
👩⚕️ Побарајте професионална помош за да добиете соодветна поддршка
🚴 📚 Практикувајте активности во кои уживате или ве исполнуваат
📱Останетте поврзани со саканите, пријателите или семејството
🌴 Фокусирајте се на позитивните животни аспекти
Запаметете, барањето помош е знак на силен карактер и со соодветната поддршка можете да ја надминете депресијата и да го пронајдете патот кон зацелување. ❣️
Нашите лиценцирани психолози и психотерапевти ви се на располагање. Закажете термин кој ви одговара на 02/3091-484

Започна 15тиот летен камп за децата со вродени срцеви маани во организација на Клиниката Жан Митрев

Традиционално, 15та година по ред Клиника Жан Митрев во соработка со Црвен крст на Град Скопје го реализира летниот камп за деца со вродени срцеви маани и нивните семејства во Струга. Преку овој камп наречен „Моето срце во сите бои“, целта на Клиниката Жан Митрев е да ја продолжи грижата и терапевтскиот процес надвор од болничкото окружување, во природна атмосфера и соодветен амбиент. На кампот кој трае една седмица, учествуваат над 20 деца со нивните семејства како дел од рехабилитациониот процес после медицинскиот третман.

Сите активности, играта, забавата и дружбата се искомбинирани со психолошки, интерактивни и физиотерапевтски вежби со кои се поттикнува физичкиот, емотивен и социјален развој и по напуштањето на болницата. Рехабилитационите активности се одвиваат под раководство и надзор на тимот доктори и терапевти од Клиника Жан Митрев, кој е составен од психотерапевт, лиценциран психолог и семеен и системски советник.

Кампот „Моето срце во сите бои“, под целосно покровителство и голема поддршка на д-р Митрев, се одржува 15 години со ред и дава големи резултати во рехабилитацијата на децата со вродени срцеви маани. 

Победете ги жештините ова лето, останете безбедни

Победете ги жештините ова лето, останете безбедни

Високите температури деновиве и прекумерната топлина може да доведат до сончаница, истоштеност, грчеви, несвестица, отоци и вруќници на кожата.

За да ве заштитиме подготвивме неколку основни совети до кои треба да се придржувате за да останете безбедни и  🆒

Доколку сепак се соочувате со некој од погоре наведените симптоми јавете се во нашиот контакт центар и побарајте помош 02/3091-484.

Превентивни совети:

🚰Хидрирајте се и престојувајте во разладени простории, тоа ќе му овозможи на вашето тело да остане во нормална состојба

🚿 🛁 Практикувајте освежувачки туширања или бањи

👕 Носете лесна облека која дише, направена од природни материјали

🛑 Избегнувајте прекумерна консумација на алкохолни и засладени пијалаци, како и оние кои содржат кофеин.

🍲 Земајте лесни и мали оброци

👶 👴 👵 Внимавајте на блиските кои се подложни на последици од прекумерна топлина (децата, бремените жени и највозрасните).

Светската здравствена организација, заедно со Светската метеролошка организација, Програмата за животна средина при ОН и Меѓународната трудова организација креираа и специјална бесплатна апликација насловена како SunSmart Global UV APP која помага за да се заштитите од опасностите предизвикани од сонцето и промовира глобално здравје. Со помош на истата може да ја видите 5 дневна прогноза на УВ зрачење, со посебен акцент на деловите од денот кога би требало да користите заштита од сонце. Достапна е google play и app store

Рехабилитација по мозочен удар

Дали знаевте дека според последните статистики од WSO (The World Stroke Organization) околу 12.2 милиони луѓе во светот доживуваат мозочен удар секоја година? 6.5 милиони луѓе годишно умираат од него, а огромен процент или 101 милион луѓе живеат со последици од истиот.

Преживеаниот мозочен удар кај многу луѓе значи комплетна промена на животните навики, односно прилагодување на својот живот кон ново настанатата состојба. Во зависност од тежината на мозочниот удар, тој дури може да доведе до постојан престој во установа за нега. Во склоп на оваа нега, како клучен елемент, влегува физиотерапијата. Таа е од огромно значење во сите фази на опоравување од мозочен удар. Проценката за потреба за рехабилитација, треба да се направи во првите 24 до 48 часа по доживувањето на мозочен удар.

Што е рехабилитација по мозочен удар?

За да се разбере рехабилитацијата која се применува по мозочен удар, треба да се разбере што е мозочен удар и што го предизивикува.
Мозочниот удар се случува кога протокот на крв во мозокот станува компромитиран. Ова може да се случи доколку:

  • Некој крвен сад е блокиран и го прекине снабдувањето со крв во мозокот. Тогаш станува збор за исхемичен мозочен удар.
  • Крвен сад крвари во мозокот, што е познато како хеморагичен мозочен удар.

Во двата случаи, бидејќи крвта го снабдува, односно носи витално потербен кислород во мозокот, доколку протокот не се обнови брзо, се случува изумирање на мозочните клетки. Поточно, немањето кислород ќе доведе до трајно оштетување на погодената област на мозокот.

Кои се факторите кои може да доведат до мозочен удар?

Начинот на живот и здравствените фактори за кои се знае со сигурност дека се поврзани со зголемен ризик од мозочен удар вклучуваат: висок крвен притисок, дијабетес, висок холестерол, пушење, физичка неактивност и прекумерна тежина.
Влијанието на мозочниот удар врз животот на прживеаниот во голема мера зависи од тоа каде во мозокот се случил и колку голема површина засегнал.

Вообичаените функционални и невролошки проблеми по мозочен удар вклучуваат:

  • слабост или губење на движењето во рацете или нозете (обично на едната страна од телото),
  • промени во чувството, како што се пецкање, вкочанетост или губење на чувството,
  • промени во чувство за перцепција (немање просторона ориентација),
  • тешкотии при голтање и/или зборување,
  • тешкотии со читање и/или пишување,
  • проблеми со размислувањето и меморијата,
  • промени во расположението (чувството на депресија),
  • проблеми со видот (двојно гледање),
  • проблеми со рамнотежата,
  • болка во рамото,
  • инконтиненција,
  • замор.

Цел на физиотерапијата и рехабилитација по мозочен удар

Главната цел на програмата за рехабилитација по мозочен удар е да им помогне на пациентите повторно да ги научат вештините што ги изгубиле како резултат на оштетувањата на мозокот настанати од мозочниот удар.
Всушност на ваквите пациенти им е потребна деликатна рамнотежа на ментална и физичка стимулација секој ден. Количината на стимулација се менува и зависи од напредокот, односно се зголемува како пациентот напредува во неговото закрепнување. Крајната цел на физиотерапевтот е подобрена независност и безбедност во домашната средина. Секако, сакаат да се обидат да ги вратат луѓето што е можно поблиску до нивното претходно ниво на функционирање.
Ако мозочниот удар е тежок, целта е пациентот да научи да употебува алатки, техники и стратегии за прилагодување, односно за безбедно да живее дома со надзор. Физиотерапевтите се обучени да ги едуцираат и членовите на семејството и самите пациенти за нивната безбедност и мобилност како во установа, така и дома.

Рана (или акутна) фаза

Во раните фази на мозочниот удар, физиотерапевтот првенствено ќе работи на проценка на степенот на штетата. Исто така ќе се работи и на вештини за рана мобилност како што се лесно зајакнување, истегнување, координација, позиционирање, седнување.
Како што напредува пациентот, целите на рехабилитација ќе се прилагодат за да вклучуваат покомпликувани функционални активности. Главниот фокус на овие сесии е да се спречат понатамошни компликации и да се третираат активните проблеми.

Субакутна фаза

Луѓето кои имале мозочен удар и спровеле рана, сеопфатна рехабилитација имаат многу подобри резултати. За најдобри резултати, рехабилитацијата треба да биде интензивна и структуирана за да обезбеди колку што е можно повеќе планирано време за терапија (окупациона терапија и физиотерапија) – идеално минимум три часа дневно, со најмалку два часа активна практика на задачи во ова време.

Задачите треба да вклучуваат:

  • обука за одење и подвижност,
  • обновување на рамнотежа,
  • обновување на функцијата на засегнатите екстремитети,
  • управување со спастицитет,
  • кардиореспираторен тренинг.

Долгорочна (хронична) фаза

На оние кои преживеале мозочен удар понекогаш им се кажува дека има ограничен простор за рехабилитација по три до шест месеци. Сепак, истражувањата сугерираат дека со вистински совети и вежби, значително закрепнување е можно дури и години по мозочен удар. Во зависност од потребите и целите на пациентот, физиотерапевтот креира персонализирана програма за работа на која било од областите кои се засегнати. Истражувања покажуваат дека по мозочен удар физичката активност и нивото на кондиција обично се ниски, затоа интервенциите за зголемување на кондицијата може да помогнат да се подобрат функциите и да се намалат инвалидитетот и смртноста.

Нашата клиника нуди најсовремена дијагностика за рано откривање и превенирање на мозочните удари. Кај пациентите со преживеан мозочен удар во нашата клиника се спроведува најсовремена физикална терпија. Располагаме и со најсовемена апаратура за елекро терапија, магнет терапија, кинези терапија. Во зависност од состојбите се спроведува и респираторна терапија.

Оваа година е забележана како година со зголемен број на пациенти со ваква состојба и слободно можеме да се пофалиме дека тие ја напуштија болницата среќни, чекорејќи самостојно, со придружба или со помагала. Овие пациенти станаа дел од нашето семејство. Им благодариме за дадената доверба да се грижиме за нивното здравје и да го продолжиме нивниот живот.

Дипл. ФТ. Ивана Костадинова

Медицински партнер на ракометниот камп 40х20

Во рамки на Handball camp 40×20 кој се одржа од 2 до 7 јули во Охрид чиј што медицински партнер е ZAN MITREV CLINIC, беа згрижени 90 деца. Имено нашиот педијатар д-р Станислава Ангелеска беше континуирано присутна на терените и со своите брзи професионални реакции им излегуваше во пресрет на сите потреби на децата. Гостуваше и нашиот Европско лиценциран психотерапевт и психолог доц.д-р Кристина Егуменовска, која одржа четири интерактивни работилници со камперите во тек на два работни дена. Согласно развојната возраст, децата работеа на себе и контактот со другарите низ игра и развојно прилагодени задачи, преку кои развиваа свест за тимска соработка, невербална комуникација, телесен контакт со ривал и рефлексија за емоционално-социјални аспекти на теренската игра.

Веруваме дека камперите уживале!