Плакета за посебни заслуги и придонес за Клиника Жан Митрев од Црвениот крст на Република Северна Македонија

Медицинскиот тим на Клиника Жан Митрев доби плакета за посебни заслуги и придонес во вежбата по прва помош во итна ситуација – земјотрес, која се одржа во Скопје, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Со симулациски вежби за прва помош на неколку локации во Скопје, за неколку часа беа изведени координирани спасувања и пружање помош по однапред разработено сценарио во вежбата насловена како „Хуманитарен одговор 2023“.

Учесниците на вежбата покажаа највисока подготвеност и мотивираност со цел соодветен одговор и неопходна помош и поддршка на граѓаните во ситуации на елементарни непогоди и катастрофи, а тимот на Клиника Жан Митрев како општествено одговорна здравствена институција ќе продолжи да пружа врвна медицинска услуга и грижа за здравјето на граѓаните согласно највисоките медицински и безбедносни стандарди.

Што е интервентна кардиологија и кога се употребува?

Интервентната кардиологија е медицинска специјалност која се фокусира на дијагноза и третман на кардиоваскуларни болести користејќи минимално инвазивни техники. Интервентните кардиолози се лекари специјализирани во оваа област и се посветени на изведување на перкутани процедури (преку артериите и вените) со цел лекување на различни срцеви заболувања.

Овие процедури обично се прават во посебна просторија за срцева катетеризација позната како ангио сала, каде во реално време се користат рендген и други слики, кои служат за водење на кардиологот за време на постапката.

Болести кои можат да се лекуваат со интервентна кардиологија и електрофизиологија

Некои од кардиоваскуларните болести и состојби кои можат да се третираат преку интервентна кардиологија вклучуваат:

  • Коронарна ангиопластика – се спороведува за проширување на коронарните артерии блокирани од масни наслаги со вметнување катетер со протеза наречена стент – кој го обновува протокот на крв со отпушување на стеснетиот дел.
  • Интервенции на срцевите залистоци – проблемите со срцевите залистоци може да се коригираат преку перкутани процедури, како што е имплантација на аортни залистоци преку катетери, избегнувајќи ја потребата од операција на отворено срце.
  • Затворање на вродени дефекти – некои вродени срцеви маани може да се коригираат со помош на интервентни кардиолошки техники, како што е затворањето на атријални септални дефекти.
  • Третман на аортни аневризми – дел од аортните аневризми може да се третираат со поставување стентови во аортата за да се спречи руптура/пукање.
  • Третман на срцеви аритмии – аблација со катетер е техника која ја спорведува електрофизиолог – специјалист кардиолог, со цел да ги елиминира областите на срцето кои предизвикуваат аритмии или атријална фибрилација.

Во Клиничката болница Жан Митрев се исполнети сите услови за изведување сложени процедури од доменот на интервентната кардиологија. Расолагаме со хибридна операциона сала со највисока технологија која има интегрирани техники за снимање, кои обезбедуваат непречена изведба на сите видови процедури, од минимално инвазивни до оние со максимална кардиоваскуларна сложеност.

Важно е да се запамети дека, иако интервентната кардиологија е многу ефикасна во лекувањето на разни болести, дијагнозата и планот за лекување мора секогаш да се препорачаат и спроведат од медицински тим специјализиран за кардиологија, кој ја проценува конкретната ситуација на секој пациент и ја одредува најдоброта опција за третман.

Во Клиничката болница Жан Митрев ви стои на располагање високо професионален тим кардиолози, достапен за сите ваши проблеми со срцето, кои располага со најнапредната технологија за дијагностицирање и лекување на секој пациент со највисок квалитет и на персонализиран начин.

Закажете ја вашата консултација на 02 3091 484

Продолжува здравствениот караван од Клиника Жан Митрев за бесплатни прегледи на пензионерите

Здравствениот караван на Клиника Жан Митрев „Здравје за сите“, продолжува со бесплатни кардиоваскуларни прегледи за пензионерите во Скопје и околината. Со прегледите, кои се одвиваат во клиниката опфатени се сите 14 пензионерски здруженија од каде се испраќаат пензионери со ниски примања а кои имаат потреба од ваков преглед.

Прегледите што ги спроведува тимот доктори специјалисти од Клиниката Жан Митрев содржат анамнеза, ЕКГ, ултразвучен кардио васкуларен преглед и контрола на ТА и консултации за навремено откривање и превенција на срцеви заболувања.

Клиника Жан Митрев го започна здравствениот караван „Здравје за сите“ и бесплатните прегледи со цел да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба.

Здравствениот караван и спроведувањето на бесплатните прегледи е дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу Клиниката и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, а се спроведува во соработка со локалните организации. Карванот во претходниот период посети 11 града од Источна и Западна Македонија каде пристапот до специјалистички преглед е оневозможен, при што беа донирани прегледи во вредност од над 1.000.000 денари.

Со оваа активност Клиника Жан Митрев ја зголемува грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливи категории и оние без можност за консултации со доктор и ја подигнува свеста за грижа за кардиоваскуларното здравје со навремена превенција од кардио заболувања на посебни целни групи и навремено идентификување и намалување на ранливоста.

Што може да направите за да го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести (КВБ)?

Јадете здрави и урамнотежени оброци

Здравата исхрана треба да вклучува широк спектар на непреработена и свежа храна, многу овошје и зеленчук (најмалку пет порции секој ден), цели зрна, јаткасти плодови и храна со ниска содржина на заситени масти, шеќери и сол. Внимавајте на преработената храна, која често содржи високо ниво на сол, и пијте многу вода!

Вежбајте редовно

Потребни се само 30 минути физичка активност со умерен интензитет, пет дена во неделата, за да го подобрите и одржите вашето здравје. Возрасните (од 18-65 години) и постарите (65+) задолжително треба да си постават цел да имаат најмалку 150 минути физичка активност со умерен интензитет, или најмалку 75 минути физичка активност со висок интензитет, во текот на една седмица. Децата и адолесцентите треба да практикуваат најмалку 60 минути физичка активност со умерен до енергичен интензитет секој ден.

Одржувајте здрава телесна тежина

Намалувањето на ризикот од прекумерна тежина и дебелина обично вклучува намалување на бројот на консумирани калории од масти и шеќери, а за сметка на тоа зголемување на делот од дневниот внес во фома на овошје, зеленчук, цели зрна и јаткасти плодови и редовно вежбање. Најмалку 60 минути вежбање неколку денови во неделата, ќе ви помогне да одржите здрава телесна тежина.

Избегнувајте употреба на тутун

Ако престанете да пушите, ризикот од коронарна срцева болест ќе се преполови во рок од една година и ќе се врати на нормално ниво со текот на времето. Избегнувајте средини исполнети со чад: изложеноста на пасивно пушење значително го зголемува ризикот од срцев удар. Сите форми на тутун се штетни и не постои безбедно ниво на изложеност на тутун. Ако имате проблем да се откажете од тутунот, разговарајте со вашиот лекар за креирање на план откажување кој ќе одговара на вашите потреби.

Избегнувајте алкохол

Не постои безбедно ниво на пиење алкохол, а штетните ефекти на алкохолот многу ги надминуваат сите потенцијални заштитни придобивки. Доколку пиете помалку, може да го намалите ризикот од КВБ. Доказите покажуваат дека идеална ситуација за здравјето е да не пиете воопшто. Дури и умерените алкохоличари забележуваат здравствени придобивки кога ќе престанат да пијат алкохол.

Управувајте со стресот

Стресот може да предизвика стегање на артериите, што може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, особено кај жените.

Контролирајте ги вашите параметри

Редовното следење на крвниот притисок, нивото на холестерол и шеќерот во крвта е важно за да се одреди и контролира ризикот од развој на кардиоваскуларни болести.

Земајте ги вашите лекови како што е пропишано

Ако имате поголем ризик од развој на срцеви заболувања или мозочен удар, можеби ќе треба да земате лекови за да го намалите ризикот. Тие може да вклучуваат статини за намалување на нивото на холестерол во крвта, ниски дози на аспирин за спречување на згрутчување на крвта, инсулин за дијабетес и таблети за намалување на крвниот притисок. Земете ги лековите што ви ги препишал вашиот лекар и погрижете се да се придржувате до термините и дозите.

Препознајте ги предупредувачките знаци

Колку побрзо се побара помош, толку се поголеми шансите за целосно закрепнување.

За сите проблеми со здравјето на Вашето срце, закажете консултација на 02 3091 484