Поставена хипербарна комора во Клиника Жан Митрев: Кислородни третмани за побрзо заздравување и регенерација на организмот

Револуционерната терапија со 100% кислород во хипербарна комора сега е достапна во Клиника Жан Митрев. Современиот третман со вдишување чист кислород при зголемен атмосферски притисок е препорачлив за зацелување и регенерација на организмот како и за постоперативно заздравување, подобрување на спортските перформанси, на когнитивните функции, намалување на динамиката на стареење и стимулирање на долговечноста, за енергија, виталност и релаксација.

При третманот во хипербарната комора пациентот вдишува 100% кислород при зголемен атмосферски притисок и на тој начин природно се забрзува времето на закрепнување и обновување на организмот. Постапката со хипербарната кислородна терапија се одвива со помош на ороназална маска преку која се доставува кислород до секоја клетка од телото.
„Третманот во хипербарната комора е природен метод кој има улога во подобрување на физичките и когнитивните перформанси и се поврзува со повеќе болести и здравствени состојби.

Во нормални услови, клетките апсорбираат само 25% кислород, а внатре во хипербарната комора, притисокот го принудува кислородот во белите дробови, крвотокот и клетките, да ги зголеми стапките на апсорпција во клетките. На сите ткива им треба идеално снабдување со кислород за правилно функционирање. Повреденото ткиво бара повеќе кислород за да се обнови и регенерира, така што хипербаричната кислородна терапија ќе го зголеми количеството кислород што го носи крвта за да ги врати потребните нивоа на гасови во крвта и да ја обнови функцијата на ткивата“, вели д-р Александра Лазаревска.

Хипербарната терапија може да се користи како единствен третман или во комбинација со други медицински конвенционални или алтернативни начини на лекување. Позитивните ефекти од ваква кислородна терапија се видливи при повеќе здравствени состојби и болести како аутизам, при трауматски повреди на мозокот, мозочни удари, невролошки пореметувања, спортски повреди на коските и мускулите, по оперативни зафати, во пластичнатахирургија, за смирување на воспаленија, дијабетес, церебрална парализа, антиејџинг, канцер, итн.

Со зголеменото снабдување на клетките со кислород се подобрува енергетското ниво, се смируваат воспалителните процеси, се зголемува клеточниот метаболизам и се подобрува имуниот систем.

Позитивните ефекти од ваква кислородна терапија се видливи при повеќе здравствени состојби и болести како аутизам, при трауматски повреди на мозокот, мозочни удари, невролошки пореметувања, спортски повреди на коските и мускулите, по оперативни зафати, во пластичнатахирургија, за смирување на воспаленија, дијабетес, церебрална парализа, антиејџинг, канцер, итн.

Д-р Лидија Вељановска Кириџиевска: Креативниот набој и контактот со себе, инспирација за продуктивност во приватниот и во професионалниот живот

Д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска е првиот радио-дијагностичар во нашата земја кој почна да работи компјутеризирана томографија на крвни садови на срце. Освен што е врвен радио-дијагностичар, д-р Кириџиевска развива уникатно хоби што повеќе е уметнички израз – цртање глинени предмети со фолклорни мотиви, за што вели дека е инспирирано од работата, односно користењето на боите и формите е како во имиџинг методите при обработката на 3Д реконструкции. За работата и за хобито потенцира дека постоењето на доза уметност прави да ужива и во двете подеднакво.

Како ја одбравте радио-дијагностиката како специјалност?

Д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска: Во текот на моите студии на Медицинскиот факултет многу време поминував во тогашната Воена болница и се восхитував на стандардите и протоколите на работа. Мојата љубопитност за визуелизација на органите во човековото тело и дијагностицирањето на различни состојби и заболувања со имиџинг методи најчесто ме задржуваше на одделот за радиологија. Почнав да истражувам како да се едуцирам во дијагностика и при една посета на болницата Меркур во Загреб во сега далечната 1999 година каде постоеше едукативна школа за ултразвук подржана од Томас Џеферсон Институт од САД, одлуката беше донесена. Следеше приватна специјализација на Радиолошкиот институт во Скопје која ја запишав во 2000 година и секако голем број посети и престои низ годините во болницата Меркур во Загреб, каде мои ментори беа проф. Андрија Хебранг (долгогодишен Министер за здравство во Хрватска) и тогаш младиот д-р Борис Бркљачич кој потоа стана професор и член на бордот и претседател на Европското здружение на радиолози. Тој долги години потоа ми беше голема поддршка од аспект на едукацијата која ја продолжив и во Клиничката болница Дубрава во Загреб, како и во текот на многу конференции низ Европа. Моето првото официјално вработување беше на Институтот за радиотерапија во Скопје кој во тоа време прерасна во современ центар каде имав прилика да работам со најсовремената технологија тогаш достапна во Македонија. Таму поминав 5 години.

Работите во медицински поле што е поврзано со технологија и современа опрема. Колку е тоа клучно во вашата работа и што друго е потребно за издржана радио-дијагностика?

Д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска: Медицината никогаш не застанува. За развој и усовршување, особено во радио-дијагностиката, потребна е континуирана едукација и надоградување во нови современи технологии. Мојата желба за повеќе и подобро растеше со секоја посета на современите болници надвор од нашата земја и се исполни со доаѓањето на првиот 64 слоен скенер – компјутеризиран томограф во 2007 година, во тогашната прва приватна кардио-васкуларна клиника Филип Втори каде преминав да работам. Од оваа временска дистанца, благодарна сум и горда што ја прифатив понудата и предизвикот од д-р Митрев и станав првиот радио-дијагностичар во нашата земја кој почна да работи компјутеризирана томографија на крвни садови на срце. Во оваа работа, медицината а посебно радио-дијагностиката, најважна е континуираната едукација и надградување на знаењата што ја следат современата технологија што се користи. Мојата кариера често беше проследена со едукации надвор од нашата земја, меѓу кои највпечатлив беше престојот на болница во Париз, каде освен што ја минував едукацијата за дијагностика, гледав како еден сериозен оддел функционира од организациски аспект. Истото потоа се обидов да го пресликав и кај нас. Така благодарение на визијата и разбирањето на д-р Митрев, одделот за радио-дијагностика во континуитет држи чекор со светските трендови како во поглед на најсовремената опрема, така и во поглед на персоналот кој е врвно едуциран и тимски одлично соработува со интервентните кардиолози и кардиохирурзи. Благодарение на сето ова, денес овој оддел е на еднакво рамниште со било кој современ радио-дијагностички центар од светски ранг. И тоа е всушност уште едната причина зошто уживам во оваа специјалност.

Споменавте преглед на срцето и неговите крвни садови со компјутеризирана томографија. За што поточно станува збор?

Д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска: Нашите почетоци, се неразделно поврзани со срцето како орган, така што овде станува збор за неинвазивен и прецизен преглед на еден движечки орган – срцето и неговите крвни садови со помош на методата компјутеризирана томографија. Ова е всушност неинвазивната алтернатива на коронарографијата (инвазивна метода). Истата е особено погодна за примена кај пациенти со ниска или умерена можност за постоење на коронарно заболување. Од прегледот се добиваат многу значајни информации за состојбата на срцевите крвни садови: анатомската поставеност на истите, присуство на вродени маани, присуство на плаки (наслаги) и нивната природа кои сугерираат стеснувања /непроодност, точната локализација, должина и степен на стеснувањата. Сите овие информации со современи софтверски можности ги прикажуваме во боја и тридимензионално (во 3Д) што е многу корисно и го олеснува планирањето на понатамошниот третман од страна на интервентните кардиолози или кардиоваскуларни хирурзи со кои соработуваме на дневна основа што овозможува брзо донесување одлуки за понатамошно менаџирање на пациентот. Придобивките од ваквиот концепт на тимска мултидисциплинарна работа е огромна за самиот пациент. Во истиот преглед се разгледуваат и сите останати структури во снимената регија. Така што, освен коронарните артерии, се анализираат и големите крвни садови на срцето, самото срце, белите дробови и медијастинумот како и скелетот од таа регија. Ова е голема предност особено од аспект на рано откривање на други заболувања, кои често ги забележуваме како случајни наоди. Токму ова е добрата страна, бидејќи раната дијагностика е клучна за подобра прогноза во понатамошниот третман.

Радиодијагностичките методи овозможуваат детален увид во човековите органи со цел прецизна дијагностика и следствено на тоа соодветна терапија, но што доколку решението е повеќесложно?

Д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска: За успешен преглед и исход од истиот важна е тимската работа која во нашата болница е секојдневна пракса. Тимот се состои од кардиолог-радиолог-кардиоваскуларен хирург со што е овозможен интердисциплинарен индивидуален менаџмент на пациентот. Само да напоменам дека од 2018 година центарот за дијагностика располага и со магнетна резонанца. Таа како најсовремена метода ја надополнува дијагностиката и заедно со другите методи има огромна улога во утврдување на разни стекнати и вродени заболувања на срцето. При тоа уникатноста на оваа метода е фактот дека со неа можеме точно да ја видиме оштетеноста на срцевиот мускул било да е тоа од исхемична или од неисхемична природа. Секако со текот на годините, со дополнувањето на опремата и зголемениот бројот на стручни радиолози и радиолошки технолози, сега можеме да кажеме дека освен кардиоваскуларна дијагностика ги покриваме скоро сите области од дијагностика како болести на дојки, неврорадиологија, мускулоскелетна дијагностика итн. Радиодијагностиката побарува не само надоградување на медицинските познавања туку и соодветни технолошко-информатички апдејтирања поради тоа што работиме со современа медицинска опрема значи и бројни софтверски апликации. Континуираната можност за раст и развој во комбинација со совладувањето на повеќе модалитети во различни области, иако е многу захтевно, во себе содржи и доза на креативност што за мене претставува дополнителна мотивација.

Одговорен лекар на одделот за радиодијагностика сте долго време, од самите почетоци. Како прв радиодијагностичар, како се справивте со предизвикот?

Д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска: Како прв радио-дијагностичар во Клиниката Жан Митрев едноставно се втурнав во авантура и со голема помош и поддршка од д-р Митрев и успеав да надминам многу од предизвиците. Воедно отсекогаш сум сакала организација, процеси и стандарди кои скромно ги воведував од самиот почеток, но со наголемувањето на персоналот и новите методи сфатив дека е многу важно и работењето со човечките ресурси и дека нам како медицински персонал ни недостасува и таков тип на едукација. Тоа ми се потврди и со едукациите и сертификацијата од Joint Commission International каде учествував од самиот почеток како член на комисијата за квалитет и како раководител на оддел. Ми годеше потврдата дека не било „без потреба“ сето тоа што сме го граделе како оддел низ годините со цел наша и безбедност на пациентите. Ова воедно ми отвори и нови хоризонти. Така се запишав на Докторската школа при УКИМ на програмата од областа на организациски науки и менаџмент со тема од областа на човечките ресурси – организациска безбедносна култура, која е неопходна за безбедност на персоналот и пациентите со крајна цел задоволен персонал и квалитетни здравствени услуги. Секогаш сум се залагала за тимска работа, ефективна комуникација, професионалност и колегијалност и задоволство ми е да работам со колегите доктори и радиолошките технолози со кои безрезервно истото го негуваме, секојдневно го применуваме и растеме професионално. Се разбира истото се однесува и на останатиот персонал од болницата, надвор од нашиот оддел, секако се со цел квалитетна и навремена услуга за пациентите. Креирањето и унапредувањето на позитивна организациска култура во здравството е сериозен предизвик за здравствениот менаџмент, но не е невозможна мисија. Тоа ние секојдневно го спроведуваме во нашата клиника се разбира преку континуирана работа за подобрување на процесите.

Покрај предизвикувачката работа, се занимавате со можеби најавтентичното хоби воопшто, цртање глинени предмети со фолклорни мотиви. Од каде произлезе оваа инспирација?

Д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска: Многу сакам да патувам и да запознавам различни култури. Секогаш се восхитував на тоа како секоја земја ја презентира својата култура и традиција меѓу другото и преку разни сувенири кои секој може да ги понесе за спомен. Некако стекнав впечаток, зборувам за периодот пред дваесеттина години, дека ние малку ја негуваме и презентираме нашата традиција преку сувенирите кои би требало туристите да ги понесат со себе. Така ми се појави желбата да придонесам во насока на презентирање на нашите традиции и вредности и се случија моите скромни почетоци. Иако секогаш сум имала некакво хоби дали тоа биле слики, фотографии или цртање, отсекогаш сум сакала да користам бои. Но, цртањето глинени предмети со фолклорни мотиви ми дојде како мој специјален проект . Почнав сериозно да истражувам и да цртам користејќи веродостојни фолклорни мотиви од нашите традиционални носии. И всушност токму глинените производи надополнети со фолклорна орнаментика добија и естетска функција во претставувањето на нашата традиција и култура. Воедно со нивното користење ги промовирам и нашите локални грнчари со кои одлично соработувавме сите овие години наназад, создавајќи нови и различни предмети, кои за жал се повеќе исчезнуваат од секојдневната употреба.

Дали и каде може да се најдат и видат вашите креации?

Д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска: Долги години учествував на различни саеми организирани во и надвор од нашата земја. Можам слободно како најдраги да ги издвојам базарите во добротворни цели кои се организираа од амбасадите во нашата земја и секако соработката со продавниците за сувенири на Музеј на Македонија каде ги пласирав сопствените изработки. Последните неколку години соработувам со ЕСНАФ кои се занимаваат со продажба на различни производи од голем број занаетчии. За жал, мојот професионален ангажман, не ми дозволува да посветам онолку време колку што би сакала на моето хоби. Сепак се трудам да ја искористам секоја прилика кога можам да работам на моите креации, бидејќи креативниот набој и контактот со себе ја поттикнува продуктивноста како во приватниот така и во професионалниот живот.

Како овој креативен израз се вклопува во вашиот професионален живот?

Д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска: Си најдов поврзаност и инспирација на двете полиња. Користењето на боите и формите како во имиџинг методите при обработката на 3Д реконструкции така и во моите изработки се нераздвојно поврзани, така што постоењето на доза уметност прави да уживам и во двете подеднакво. Патувања, природа, изучување јазици, цртање грнчарија, директен контакт и работа со луѓе и континуирана медицинска едукација, сето тоа едно со друго се надополнува и ја поттикнува мојата креативност која ми овозможува континуиран раст и развој, професионално и приватно. Исто така наоѓам задоволство и во моите обиди да ги инспирирам и останатите пријатели и колеги од мојот потесен круг и секој пат се радувам кога и барем малку ќе успеам да допринесам за нечија инспирација. Но особено ме прават среќна задоволните пациенти поради навремена, прецизна и квалитетна медицинска услуга.

Комплетна артериска рeваскуларизација при коронарна болест на срцето

Што е коронарна артериска болест и како се манифестира?

Коронарната артериска болест е предизвикана од атеросклерозата која ги зафаќа коронарните артерии и доведува до стеснување на нивниот лумен или во потешки случаи доведува до ниво комплетно запушување. Во почетниот стадиум на болеста таа се манифестира со градни болки, стегање во градите, гушење, а при напредни фази на болеста, запушувањето доведува до инфаркт на срцето, кој се манифестира со јаки болки, а може да доведе и до опасни аритмии па дури и фатален исход поради прекин на срцевата работа.

Кои се можните решенија?

Третманот на коронарната артериска болест во најраните фази на болеста се состои од превентивни мерки и медикаментозен третман. Додека, во понапредните фази на болеста, потребно е да се преземат поагресивни мерки за спречување на напредокот на болеста и нејзин третман, со цел спречување на инфаркт на срцето и евентуален фатален исход. Во одредени околности и во поран стадиум на болеста, се применува стентирање на коронарните артерии, што претставува инвазивна процедура на поставување на стент во коронарната артерија за да се отвори стесувањето или запушувањето. Коронарното стентирање е особено важно при акутен миокарден инфаркт, со што се отвора запушената коронарна артерија која довела до инфарктот и на тој начин да се превенираат потешки компликации од инфарктот.

Кога коронарната болест ќе зафати две и повеќе коронарни артерии, се работи за дифузна коронарна болест. Во тој случај единствен избор на лекување е со помош на оперативен третман на коронарната болест, или таканаречена “бајпас” хирургија на срцето. Со бајпас хирургијата се врши премостување на заболениот дел од коронарната артерија – стеснет или запушен. При бајпас хирургијата се користат венски крвни садови од самиот пациент, од левата или десната нога, и истите се поставуваат на срцето, од аортата кон срцето, и затоа и се нарекува аорто-коронарно премостување. Овие венски крвни садови имаат ограничен животен век, по неколку години обично и тие се запушуваат, и затоа мора да се прави реоперација за да се постават нови аорто-коронарни премостувања.

Во нашата болница, како стандардна процедура, за овие премостувања на коронарните артерии се користат артерии од самиот пациент, при тоа се користи левата радијална артерија од левата подлактица, и две внатрешни торакални/мамарни артерии, лева и десна. Оваа бајпас операција се нарекува комплетна артериска реваскуларизација (слика 1 и 2). Истата е технички потешка за изведување, меѓутоа предностите и се многукратни. Најголемата предност е фактот дека премостувањата направени со користење на артерии од самиот пациент се многу подолготрајни/доживотни.

Научно е докажано дека при користење на левата и десната торакална/мамарна артерија, и после 15 години кај повеќе од 95% од пациентите артериите остануваат проодни, на тој начин се избегнува потребата за реоперација. Втора предност е тоа што се избегнува манипулација на асцедентна аорта кај пациентите, која истатака може да биде зафатена со атеросклероза, на тој начин избегнувајќи компликации од типот на мозочен удар. Како трето се зачувуваат вените на нозете за евентуални премостувања кај заболувања на артерии на нозете, за бајпас хирургија на нозете. За намалува и бројот на оперативни рани, се избегнува оперативниот рез на нозете кој може да даде проблеми со заздравувањето и евентуални инфекциии на тие рани.

Комплетната артериска реваскуларизација е стандардна оперативна процедура во нашата болница. За подетални информации околу процедурата може да се обратите на нашите кардиоваскуларни хирурзи преку e-mail или да закажете консултација на 02 3091 484.

Хидроколон терапија – кога и зошто да се примени?

Прочистувањето на дебелото црево со вода било познато уште во Стариот Египет кога фараоните го практикувале како метода за долготраен живот и благосостојба на телото. Во денешно време, хидротерапијата на дебелото црево е најсовршениот и најефикасен начин за чистење на дебелото црево од насобраниот остаток од храна, гасови, слуз и токсини.
Може да се употребува за клинички состојби, во профилактички цели и како подготовка за дијагностички тестови.
Чистењето на дебелото црево обично се користи како подготовка за медицински процедури како што е колоноскопијата. Сепак, некои лекари предлагаат чистење на дебелото црево за други цели, како што е детоксикација.
Овој метод помага да се одржи здравјето, младоста и убавината.

Најчесто се препорачува примена во следните состојби:

  • Опстипација од различна етиологија,
  • Дијареа,
  • Појавата на автоинтоксикација со последици како главоболки, замор, депресија, намалена ефикасност, непријатен мирис од телото,
  • Нарушена функција на имунолошкиот систем со чести респираторни заболувања или дерматитис со нејасна етиологија,
  • Пред почеток на диететски режим,
  • Мрзливо дебело црево,
  • Паразитски инфекции,
  • Подготовка за преглед на дебелото црево,
  • Подготовка за хируршка интервенција,
  • Хемороиди (благи до умерени),
  • Простатитис и аденом на простата,
  • Вагинитис, ерозија на грлото на матката,
  • Детоксикација по интоксикација со алкохол и дрога или труење со хемикалии.

Постапката се состои од инсуфлација на млазови млака вода и прочистување на содржината од дебелото црево, без миризба и неред, во целосно затворен систем, во неколку наврати. Целата постапка трае околу 30 минути.

За да се информирате или закажете термин јавете се во нашиот контакт центар на 02/3091-484