Поддршка на уште една активност за подигање на свеста за карцином на дојка

На 15 октомври, во рамки на месецот посветен на женското здравје, на барање на софтверската компанија Дамилах, нашите д-р Лидија Вељановска Кириџиевска – специјалист по радиодијагностика и д-р Милан Ристески – специјалист онколог, одржаа едукативни здравствени предавања. Акцентот беше ставен на превенцијата и навременото откривање на промените на дојката и ракот како заболување на дојката. Во тој контекст беа споделени совети за превентивни прегледи со цел навремена дијагностика на оваа болест која е главен причинител за смртност кај женската популација на глобално ниво.

Учесниците имаа можност да поставуваат прашања и да споделат свои искуства што дополнитено ја зголеми интеракцијата и свесноста за потребната едукација и информираност за начините за превенција и препознавање на промените на дојка кај жените.

Се роди првото бебе во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев

Првото бебе се роди во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев во раните утрински часови. Дежурната екипа предводена од д-р Кижески на свет го донесе првото машко бебе спонтано породено со телесна тежина 3460гр и 50см. Новороденчето ќе се вика Огнен.
Родилиштето и одделот за гинекологија во Клиничката болница Жан Митрев, беше отворенo вчера и овозможува мултидисциплинарен пристап во следење на мајката пред бременоста, за време и во постпородилна фаза. Центарот располага со најсовремена опрема од врвни светски производители и искусен медицински персонал, каде се сместени две родилни сали, соби за будење, операциона сала, шест инкубатори и четири соби апартмани, неонатолошка, гинеколошка ординација и ординација за прегледи.

По повод започнувањето со работа на центарот, креирани се специјални пакети со голем број поволности и попусти а се транспарентни без дополнителни или скриени трошоци, за спонтано породување цената е 95.000 денари а за породување со царски рез, 130.000 денари.
Клиника Жан Митрев соработува со сите приватни здравствени осигурителни компании за што има транспарента понуда со промотивни цени кои се без скриени дополнителни трошоци.

Дел од поволностите се бесплатни акушерски прегледи по 36 недела како и бесплатни педијатриски прегледи на новороденото во првиот месец. Брзо и безболно породување. Целосна грижа за новороденото од страна на неонатолошки тим, 24 часовна достапност за консултација со неонатолошкиот тим и специјални бенефиции и попусти за новороденчето и семејството.

Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди во Македонија

На над 800 метри квадратни опремен со најсовремена апаратура започна да работи Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев. Новиот оддел на Клиниката располага со две родилни сали, соби за будење, операциона сала, шест инкубатори и четири соби апартмани, неонатолошка, гинеколошка ординација и ординација за прегледи. Центарот за мајка и бебе овозможува мултидисциплинарен пристап со сите потребни капацитети, апаратура и персонал да одговори пред, за време и во постпородилна фаза, како и за сите потреби поврзани со мајката и бебето.
Тимот на доктори го предводи примариус д-р Љупчо Петровски – гинеколог акушер, субспецијалист перинатолог, а дел од тимот се и спец. д-р Ирена Андонова –гинеколог акушер, спец. д-р Ненад Лазаров-гинеколог акушер, спец. д-р Владимир Кижески-гинеколог акушер, спец. д-р Виолета Николов-гинеколог акушер, д-р Весна Деловска – специјалист педијатар неонатолог, специјалист д-р Лилјана Николиќ – педијатар неонатолог и други.

„Отворањето на Центарот за мајка и бебе е заокружување на нашата цел, создавање на комплетен здравствен центар и интегрирана клиника со сите услуги на едно место. Создадовме породилен центар со единствен концепт, што е и инвестиција во македонското здравство, така што со услугите ќе придонесе за подобрување и унапредување на породилната пракса во нашиот здравствен систем. Со ова ја комплетираме инвестицијата од 5 милиони евра, што ја започнавме со нова опрема, унапредување и проширување на постоечките оддели, отворање неколку комплетно нови оддели и ангажирање на врвни доктори специјалисти“, истакна д-р Жан Митрев.
Центарот за мајка и бебе, располага со најсовремената опрема од врвни светски производители и искусен медицински тим кои ќе бидат на располагање во центарот во секое време и грижа за мајката и бебето во сите фази од бременоста и по неа. Областите во кои ќе делува центарот ги опфаќаат сите три тримесечја од бременоста, спроведување на дијагностичките испитувања, ХСГ лабораторија, генетски испитувања како амниоцинтеза, хорионбиопсија, ултразвучни и неинвазивни пренатални тестови.

„Применуваме сеопфатна едукација пред и по породувањето, вклучување на семејството во грижата и негата за родилката и новороденчето. Во овој Центар грижата за мајката и бебето е комплетна и на располагање 24 часа. Лекарот во кого е стекната доверба пред породувањето, односно оној кој ја водел бременоста, ќе биде сигурно достапен, односно присутен на самиот чин на раѓање“, потенцира доктор Лазаров, специјалист гинеколог акушер.
Опремата составена од гинеколошки столови и столови за раѓање, ЕХО апарати, ЦТГ апарати, инкубатори со температурна конторола, ресусцитатори, двофункционални блендери со ЦПАП и навлажнет воздух со висок проток, е набавена од истакнати и врвни светски производители со што се докомплетира овој инвестициски циклус во вредност од над 5 милиони евра.
Центарот започнува со следење на трудниците уште во првиот триместар, менаџирање на патолошки состојби во бременоста, безбедно и безболно породување, и адекватно следење во постпарталниот период. Неонатолошкиот оддел е опремен со најсовремена опрема и искусен медицински персонал кој работи со интердисциплинарен пристап обезбедувајќи комплетна педијатриска грижа за новороденото.

Центарот за мајка и бебе, е подготвен да ги пречека и да ги прими првите пациентки и да ги згрижи мајката и бебето во сите фази од бременоста и по неа.
А за поголема достапност, по повод отпочнувањето со работа на центарот креирани се специјални пакети без скриени трошоци.

Ментално здравје и работа

Секоја година на 10 октомври се одбележува светскиот ден на менталното здравје.
Оваа година се става акцент на менталното здравје и работата и во тој контекст издвојуваме одредени значајни аспекти кои меѓусебно се надополнуваат и ја условуваат позитивната или негативна релација на ментално здравје и работа.

За голем дел од населението, менталното здравје и работата се интегрално поврзани. Менталното здравје не е само отсуството на ментална болест, туку е состојба позната како ментална благосостојба. Менталната благодсостојба им овозможува на луѓето да се справат со предизвиците на секојдневните микро и макро стресори, да ги реализираат своите способности, да учат добро и да работат добро и да придонесуваат во нивните заедници. Работата не секогаш влијае директно како причинител за појава на одредено ментално отстапување. Но, лошото ментално здравје има негативен ефект врз когнитивниот, емоционалниот, социјалниот аспект на однесување и партнерство. Менталното здравје има и свој удел врз благосостојбата и функционирањето на една личност, на квалитетот на телесно здравје и личниот идентитет, како и благосостојбата поврзана со работата. Способноста на една личност да учествува во работата може последователно да се наруши преку намалување на продуктивноста и перформансите, намалување на способноста за безбедно работење или тешкотии при задржување или стекнување работа.

Се проценува дека 15% од возрасните луѓе кои се работно способни се соочиле со ментално растројство во некој период од работниот век. Според Светска здравствена организација (СЗО), заклучно со 2019 година, 301 милион луѓе живееле со анксиозност, 280 милиони луѓе живееле со депресија, 64 милиони луѓе живееле со шизофренија или биполарно растројство, 703.000 луѓе извршиле самоубиство таа година. Многу од овие лица биле работоспособни.
Најраспространетите состојби на менталното здравје – депресија и анксиозност се проценува дека ја чинат глобалната економија 1 трилион УСД секоја година, при што трошоците се должат претежно од изгубената продуктивност.

Од друга страна, лицата кои живеат со тешките состојби на менталното здравје – како на пример шизофренија и биполарно растројство и психосоцијалните попречености – од причини како што се стигма и дискриминација, во голема мера се исклучени од работа и покрај фактот што учеството во работно-економски активности е важно за нивното закрепнување.

Работата е социјална детерминанта на менталното здравје. Добро осмислена работа има заштитна улога за менталното здравје; работата придонесува за чувството на лично достигнување, самодоверба и заработка кај една личност и придонесува за закрепнување и социјализација на луѓето кои живеат со психосоцијални попречености. Сепак, штетните или лошите услови за работа, лошите работни односи или невработеноста – и продолжената изложеност на нив- може значително да придонесат за влошување менталното здравје или да ги влошат постоечките состојби на менталното здравје.
И општествените состојби влијаат врз менталното здравје и работата. Економските рецесии или вонредни состојби (војна, пандемии, елементарни непогоди) предизвикуваат ризици за губење на работни места, финансиска нестабилност, намалени можности за вработување, зголемена невработеност и зголемена работа без полно работно време или формални договори.

Работата може да биде микрокосмос за засилување на пошироки прашања кои негативно влијаат на менталното здравје, вклучително и дискриминација и нееднаквост врз основа на социодемографски фактори и нивната интерсекционалност, како што се возраста, кастата, класата, попреченоста, родовиот идентитет, статусот на мигрантите, расата/етничката припадност, верските убедувања и сексуалната ориентација. Компаративно, адресирање булинг во школска возраст би можело да опфати и нарушени релации на возрасните на работа. Се смета дека најкритично е постоењето на стигма околу менталното здравје и обелоденување на здравствен проблем од менталното здравје на работа.

Работоспособните лица трошат значителен дел од своето време работејќи. Се проценува дека 62% од светската популација на возраст од 15 години и повеќе се работно активни. Работата претставува можност да се промовира добро ментално здравје и да се спречат и да се поддржат луѓето кои живеат со состојби на ментално здравје.

Согледувајки ја непосредната поврзаност на менталното здравје и работата, направени се одредени водичи – упатства , содржани во Прирачник на СЗО за менталното здравје на работа, и тоа: организациони интервенции, обука на менаџери и работници и индивидуални интервенции за промоција на позитивното ментално здравје и превенција на состојби на ментално здравје. Со примена на овие водичи се очекува подобро имплементирање на интервенции засновани на докази за ментално здравје при работа.

III сестрински когрес

Викендов (4-6.10.2024г.) во просториите на хотел Дрим во Струга се одржа годишниот конгрес на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри. Во организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од националното сестринско здружение ЗА НАС – Здружение на мед. сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри а под покровителство на Kлиника Жан Митрев, на тридневниот конгрес беа одржани над 60 предавања и панел дискусии од регионални и интернационални предавачи.

Присуствуваа над 400 учесници, а опфатени беа голем број едукативни теми. Горди сме на нашите сестри Жанета Богоевска Митева – член на научниот одбор, која освен што беше модератор на панел дискусиите се претстави со своја презентација на тема ,,Подобрување на здравствената нега преку дигитализација,,.

Со теми поврзани за автономијата на сестрите при различни процедури се претставија и сестрите Везире Тасевска ,,Автономија на сестрата при ЕКГ холтер мониторинг,, , Весна Стојановска ,,Улогата на медицинската сестра при ласерски третман на васкуларни лезии,, , Јулијана Цековска ,,Сестринска автономија во ендоскопска процедура,, и Светлана Ончева ,,Употреба на хипербарна комора,, која исто така беше и модератор. Додека пак сестрите Сузана Костовска и Бети Игнатова се претсавија со свој постер за ,,Значењето на сестринската автономија во ангиографска сала,,. Специјален поздравен говор за поддржка одржа и д-р Емил Стоицовски – медицински директор на клиниката.

Розов пикник

Љубовта кон себе е најважна

Викендов со Градскиот парк бевме дел од Розовиот пикник, настан кој традиционално се организира со цел подигање на свеста за карцином на дојка. Настанот беше масовно посетен од голем број жени кои се избориле со оваа болест. Покрај музичкиот дел и инспиративните приказни на дел од нив, поделивме едукативни флаери со совети и промотивни цени на дијагностички прегледи кои се актуелни во клиниката во месецот на женското здравје.
Не заборавајте, превентивните прегледи спасуваат живот.

Закажете навреме термин на 02 3091 484

Заедно можеме да направиме разлика

Во текот на вчерашниот ден на покана на Американската амбасада во Скопје, а во склоп на активностите за одбележување на месецот за подигање на свеста за рак на дојка , тимот од нашата болница со задоволство ја поддржа иницијативата #pedal4pink. Нашиот д-р Никола Христов – кардиоваскуларен хирург ќе биде и дел од екипата велосипедисти кои викендов ќе ја возат захтевната 7 километарска тура.
Им благодариме на U.S. Embassy North Macedonia

Месец на женско здравје

Во светот, месец октомври се смета за розов месец бидејќи е посветен на подигање на свеста за Ракот на дојка, најчестиот вид на рак и главната причина за смртност кај жените ширум светот.
Според информациите на Светската здравствена организација (СЗО), се очекува една од 12 жени да заболи од рак на дојка во текот на целиот свој живот, поради што во текот на овој месец се промовираат кампањи со цел рано откривање на оваа болест.
Ние се приклучуваме со промотивни цени на прегледите со цел подигање на свеста.

  • Eхо на дојка 1800 ден.
  • 2Д мамографија 3000 ден.
  • 3Д мамографија 5000 ден.
  • Пакет хормони остеопороза (витамин D, Ca јонизиран, паратхормон) 2500 ден.
  • Остеодензитометрија 1900 ден.
  • Гинеколошки преглед со ехо и колпоскопија 5000 ден.
  • ПАП тест 2500 ден.
  • Ехо на тиреоидеа 1800 ден.
  • Тироидни хормони (FТ4 и TSH) 1500 ден.
  • Тироидни хормони (TSH, FT4 и FT3) 2000 ден.
  • Тироидни хормони (аTPO, FТ4 и TSH) 2000 ден.
  • HbA1c и гликемија 600 ден.
  • Консултативен преглед со пластичен хирург 1800 ден.
  • Дерматолошки преглед 2000 ден.
  • Стоматолошки преглед 500 ден.
  • Офталмолошки специјалистички преглед 1710 ден.
  • Хипербарна комора (10 третмани) 31500 ден.
  • Дигитална дермоскопија со FotoFinder 5000 ден.
  • Сексуално преносливи болести – 7 микроорганизми (брис гинеколошки) 6000 ден.
  • Сексуално преносливи болести (Chlamydia trachomatis, Trichomonas vaginalis и Neisseria gonorrhoeae) од прва утринска урина со ПЦР метода 1800 ден.

Рано откривање на ракот на дојката спасува животи, затоа се препорачува да се води здрав начин на живот за да се намали ризикот од заболување од оваа болест:

  • Одржувајте соодветна тежина
  • Конзумирајте здрава исхрана
  • Вршете секојдневна физичка активност
  • Избегнувајте консумирање алкохол и тутун
  • Избегнувајте продолжена употреба на хормони

Дополнително, треба да се земе предвид дека, доколку имате некој од долу наведените фактори, ризикот да страдате од оваа болест може да се зголеми:

  • Возраст над 40 години, иако може да се појави порано
  • Семејна историја
  • Почеток на менструацијата пред 12 годишна возраст и менопауза на подоцнежна возраст
  • Жени кои го родиле своето прво дете по 40 години
  • Жени кои никогаш не биле бремени (не родиле деца).

Ракот на дојката е тивка болест бидејќи не секогаш покажува знаци и симптоми, поради што се препорачува жените да вршат редовни физички самопрегледи на дојките за да откријат какви било абнормалности и, почнувајќи од 40 годишна возраст, да прават мамографија секоја година или на две години. Вашиот лекар специјалист ќе ви каже/одреди.
Не дозволувајте да биде доцна, закажете преглед и добијте совет за превентивни испитувања. Запомнете дека раното откривање е од суштинско значење за да се олесни третманот.

Клиниката Жан Митрев располага со искусни лекари и најсовремена апаратура за навремена дијагноза и третман на промените на вашите дојки.

Закажете преглед на 02 3091 484