Закажете преглед

Закажи преглед

Почитувани,

Користејќи ги дигиталните информациски и комуникациски технологии, Zan Mitrev Clinic обезбеди електронски пристап до здравствените услуги кога не е потребна или можна Ваша лична посета.

Воведуваме online консултација, советување со лекар специјалист од одредена област во траење од 10 минути која е овозможена преку видео комуникација.

За време на видео разговорот, лекарот може да ве советува за терапијата, да предлага стратегии за домашна нега или да препорача дополнителни медицински испитувања.

Закажете online консултација преку нашата интернет страница www.zmc.mk или на следниот линк zmc.tiktak.mk

Со почит,

Zan Mitrev Clinic

389 2 3091500

Фила Фарм

ФИЛА – ФАРМ ДООЕЛ е друштво за трговија со фармацевтски производи и услуги кое постои од Мај 2002 година.

 

 

Нашето мото „ОД ИДЕЈА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА” е цел која успешно ја постигнуваме благодарение на тимската работа, посветеноста, стручноста и долгогодишното искуство на високо организираниот тимски персонал.

ФИЛА – ФАРМ ДООЕЛ е фирма посветена на создавање на најдобрите можни решенија за Вашата болница.

Без разлика дали се работи за изградба на нова болница или пак реконструирање на постоечка болница или оддел, ние сме тука да го обезбедиме најдоброто можно решение.

Почнувајќи од градежни и архитектонски решенија, организирање на поедини оддели, инсталирање на врвна опрема и технологија, оптимизирање на текот на работата, сето ова е само дел од услугите кои можеме да Ви ги понудиме.

Референтен центар кој можеме да го истакнеме е болницата Жан Митрев, која беше целосен наш проект и која успешно работи веќе четиринаесет години.

Со оглед на нашето искуство и традиција, би ни било привилегија доколку би ја добиле Вашата доверба, и да Ви понудиме услуги од нашите активни оддели за консалтинг, продажба, едукација, фармација и сервис.

Тимот на ФИЛА – ФАРМ ДООЕЛ е составен од фармацевти, фармацевтски техничари, физичар, електро инжињери како и со договор организирани цел тим на здравствени работници (лекари, медицински сестри, болничари, физиотерапевти) кои учествуваат во логистика на сите процеси на ФИЛА – ФАРМ ДООЕЛ и придонесуваат за нејзино афирмирање како компанија која го заокружува цел процес од идеја до реализација.

www.filafarm.com.mk

Телефон(и):

+389 (02) 3104 996
+389 (02) 3104 997
+389 (02) 3104 990