Закажете преглед

Закажи преглед

Почитувани,

Користејќи ги дигиталните информациски и комуникациски технологии, Zan Mitrev Clinic обезбеди електронски пристап до здравствените услуги кога не е потребна или можна Ваша лична посета.

Воведуваме online консултација, советување со лекар специјалист од одредена област во траење од 10 минути која е овозможена преку видео комуникација.

За време на видео разговорот, лекарот може да ве советува за терапијата, да предлага стратегии за домашна нега или да препорача дополнителни медицински испитувања.

Закажете online консултација преку нашата интернет страница www.zmc.mk или на следниот линк zmc.tiktak.mk

Со почит,

Zan Mitrev Clinic

389 2 3091500

Мед Пулс ресторан

Ресторанот МЕД ПУЛС е сместен на третиот кат од болницата. Ресторанот е од отворен тип каде искусниот тим подготвува различни видови на јадења.

Во согласнот со Вашите потреби и тип на настани, тимот од ресторанот може да ви понуди и подготви повеќе видови на менија за коктели и кетеринг, според HACCP стандардoт.

Ресторанот обезбедува пријатен амбиент за пациентите, за  нивните семејства, но и за надворешни гости.

Контакт телефон: 02 310 4937

Facebook

 

 

Во склоп на ресторанот на третиот кат во болницата функционира Аудиториумот, простор кој е проектиран и уреден со соодветна техничка опрема за организирање на различни настани. Конференциска сала е опремена со високософистицирана видео и аудио опрема, со капацитет до 100 слушатели. Може да се организираат научни собири, предавања, презентации, работилници, прес-конференции и од надворешни лица.