05.05.2008 – 8-ми Светски конгрес по кардиохирургија, Кос, Грција

На 8-миот Светски конгрес по кардиохирургија, што се одржа на 5 мај 2008 година на Кос, Грција како член на научниот одбор и претседател на сесијата од областа на срцевата слабост беше избран Академик Др. Жан Митрев. Др. Тања Анѓушева беше избрана за член на програм комитетот и претседател на сесијата од областа на imaging дијагностика на срце.

05.06.2008 – Трет Македонски Конгрес на историјата на медицината со меѓународно учество, Штип

Во период од 5-7 Јуни 2008 година се одржа Третиот Македонски Конгрес на историјата на медицината со меѓународно учество во Штип, во организација на Македонската асоцијација за историја на медицина (МАИМ), ПЗУ Специјалната болница по хируршки болести ФИЛИП ВТОРИ и Завод и музеј Штип.

Како член во почесниот одбор, Академик Др.Жан Митрев го поздрави и прогласи за отворен третиот Македонски конгрес за историја на медицината со меѓународно учество.

Апстрактот за почетоците и развојот на кардиохирургијата во Македонија се наоѓа во зборникот на трудови од Третиот Македонски Конгрес на историјата на медицината со меѓународно учество на 232 страна.

08.09.2009 – Годишен состанок на Европското здружение на Кардиолошки Радиолози

Од 8-10ти Октомври 2009 во Лајпциг, Германија се одржа Годишен состанок на Европското здружение на Кардиолошки Радиолози на кој зема учество Др. Лидија Вељановска.На состанокот беа презентирани сите новитети од оваа област со бројни презентации на комплетно обработени случаи, со видеоконференциско следење на изведување на самите прегледи како , обработка на добиените податоци како и тест презентации со квизовиСе нудеше можност за запознавање со бројни предавачи и колеги , одлична прилика за размена на искуства како и аплицирање на бројни следни семинари, медицински состаноци како, бројни тренинзи од радиолошката област во различни европски центри.Имаше и презентации на најнови видови КТ скенери и нивните можности за повалитетни прегледи.Посета на неколку центри за радиодијагностика и организирани работилници со учество во обработката на пациентот.

Министерката за Одбрана на Р.Словенија во посета на ,,Филип Втори”

На 03.06.2009 Министерката за Одбрана на Р.Словенија, д-р.Љубица Јелушиќ ја посети Болницата, Филип Втори”. Министерката изрази голема благодарност до Академик Др.Жан Митрев и целиот тим на Болницата, заради исклучителниот третман на Марко Кац, Словенечки војник на КФОР на Косово.

Марко Кац беше донесен на 1 мај минатата година во критична здравствена состојба од Косово и хоспитализиран во ,,Филип Втори”. По долготрајниот третман на одделението на интензивна нега во Болницата ,,Филип Втори”, Кац повторно се врати во живот и продолжи со рехабилитација во Словенија .

,,Сега е добар, благодарение на оваа Болница и тимот на Доктори на одделението за интензивната нега на ,,Филип Втори ”, рече Министерката со искрена насмевка на лицето, а како подарок за Болницата ги остави овие две кристални пилиња кои се симбол на Р.Словенија.

Донација на др.Митрев за ваквинација на пензионерите

Средства за 100 вакцини за заштита од сезонскиот грип се донирани на Здружението на пензионерите – Кисела Вода.На 10 и 11 ноември вакцините беа аплицирани на 100 пензионери од Здружението во просториите кои за таа цел ги одстапи Заводот за здравствена заштита. По успешното завршување на акцијата за вакцинација, пензионерите изразија голема благодарност за овој хуман гест на др.Митрев.

Кампањата за борба против кардиоваскуларните заболувања

И оваа година Специјалната болница по хируршки болести ФИЛИП ВТОРИ продолжува со активно учество во кампањата за борба против кардиоваскуларните заболувања. По тој повод, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Заводот за социјални дејности во Скопје беа реализирани неколку проектни активности и тоа:- ФИЛИП ВТОРИ финансиски го поддржа печатењето на промотивниот плакат под мотото “Пушењето – непријател на здравјето на вашето срце” – Психолозите од болницата одржаа едукативна работилница на тема “Креативни пристапи во борбата против пушењето” со младите волонтери од Црвениот крст на град Скопје- Од страна на детскиот кардиолог, во болницата беа спроведени бесплатни кардиолошки прегледи на 5 доенчиња од Домот за доенчиња и мали деца без родителска грижа од Битола, како и 3 деца од СОС Детското село и 10 Деца згрижени во згрижувачки семејства.

– Психолозите од болницата заедно со волонтери од Црвениот крст на град Скопје посетија во нивните домови три пациенти оперирани во ФИЛИП ВТОРИ.

Покана на Здружението на лекари за критично болни пациенти на Р.Македонија

На 13.12.2008 година на покана на Здружението на лекари за критично болни пациенти на Р.Македонија во просториите на деканатот на Медицинскио факултет во Скопје, Академик Др. Жан Митрев одржа предавање на тема “Крварења во кардиохирургијата и blood saving процедури”.

Специјална болница по хируршки болести ФИЛИП ВТОРИ

На 15.12.2008 година Средношколци од средното медицинско училиште „Д-р.Калаузи“ – Битола на нивна иницијатива ја посетија Специјалната болница по хируршки болести ФИЛИП ВТОРИ и одблиску се запознаа со работата на персоналот во болницата, начинот и стандардите за грижа на пациентите, услугите кои се нудат, фармацевтскиот оддел итн.

Оваа организирана посета на средношколците од ОСМУ „Д-р.Калаузи“ беше предводена од директорката Јасмина Никиќ-Десановска, која што му додели благодарница на Академик Др.Жан Митрев за можноста што им ја дава на идните медицински лица да се запознаат со еден нов систем на работа, организација и третман на пациентите.