Група девојки лажно се претставуваат дека се вработени во болницата

ПЗУ Филип Втори ги предупредува граѓаните:Група девојки лажно се претставуваат дека се вработени во болницата

Скопје( 16.11.2010) – Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори ја информира јавноста дека четири девојки во скопскиот регион, злоупотребувајќи го името на Специјалната болница, на граѓаните им нудат ортопедски појаси, влошки, како и лекови. Граѓаните кои го пријавија случајот во болницата, објаснуваат дека истите девојки ветуваат преглед кај д-р Жан Митрев, и од граѓаните за овој „преглед“ наплаќаат четири илјади денари. Според информациите кои ги добиваме секојдневно од жителите на Скопје, последен пат четирите девојки се забележани во населбата Ченто. Ги известуваме граѓаните дека Специјалната Болница по хируршки болести Филип Втори се оградува од овие немили случки и ги известува граѓаните, не само од скопскиот, туку од сите региони во Македонија, дека закажување на преглед, дијагноза и начин на лекување, сево ова се врши само во просториите на Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори.За случајот е информирано Министерството за внатрешни работи, а Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори ќе ги преземе сите неопходни мерки да ги заштити граѓаните од злоупотреби направени од трети лица.

СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

Потпишан договор меѓу Филип Втори и Фондот за здравство

Прифатени се цените и условите на ФЗОМ, се во интерес на пациентите

Од денеска Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори продолжува да ги оперира сите пациенти.

Потпишаниот договор меѓу ПЗУ Филип Втори и Фондот за здравствено осигурување на Македонија е под услови и цени кои ги понуди Фондот.

Шеесет и шесте милиони денари ќе се прераспределат на сите пациенти на кои ќе им биде потребна кардиоваскуларна хируршка интервенција.

Ја известуваме јавноста дека договорот меѓу ФЗОМ и ПЗУ Филип Втори е потпишан, во интерес на пациентите. Вистина е дека ги прифативме сите нивни услови, а со тоа и намалените цени. Постои поле на договарање на групата на најтешко болни и високо-ризични пациенти каде би требало цените за нив да се прилагодат. Се надеваме на коректна соработка со ФЗОМ за решавање на сите проблеми во интерес на пациентите.

ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ

Донација за Ања Ветерова, Детски Евросонг

Донација за Ања Ветерова, Детски Евросонг

Доктор Жан Митрев финансиски го помогна заминувањето на овогодишната претставничка на Република Македонија на детскиот Евросонг, Ања Ветерова. Оваа година земја-домаќин е Белорусија , а фестивалот ќе се одржи во Минск на 20. ноември. Македонската Телевизија ќе врши директен пренос од фестивалот.

За информативниот весник на болницата, „Филип Втори Инфо“, Ања ја даде следнава изјава: „Не очекував дека ќе победам на домашниот избор, но кога веќе сѐ се знаеше, бев пресреќна” Благодарност на д-р Митрев и болницата „Филип Втори“ за финансиската поддршка .Се надевам дека ќе постигнеме добар пласман и сигурна сум дека ќе се претставиме и ние и нашата држава во најдобра светлина и нема да ги разочарам Вашите очекувања”.Тимот на ПЗУ „Филип Втори“ ѝ посакува успех!

Професор д-р Владислав Барчиковски во посета на ,, Филип Втори ”

Професор д-р Владислав Барчиковски во посета на ,, Филип Втори ”

Полскиот генерал во пензија, д-р Барчиковски, ја посети болницата „Филип Втори“ и оствари средба со академик д-р Жан Митрев. На средбата присуствуваа и претставници на Министерството за култура на Република Македонија.Професор д-р Барчиковски не можеше да го скрие задоволството од можноста да посети една добро организирана здравствена установа каква што е болницата ,,Филип Втори”. Во текот на средбата се разговараше за хуманоста и грижата за пациентите, за што и двајцата се согласија дека е основа на лекарската професија.На 94-годишна возраст, бригадниот генерал, професор д-р Владислав Барчиковски, дојде од Полска за да го прими специјалното признание – Повелба на Република Македонија.

ДР.ТАЊА АНЃУШЕВА – ПОКАНЕТ ПРЕДАВАЧ ОД СТРАНА НА КОМПАНИЈАТА GAMBRO НА 37. ЕВРОПСКИ КОНГРЕС ЗА ВЕШТА

ДР.ТАЊА АНЃУШЕВА – ПОКАНЕТ ПРЕДАВАЧ ОД СТРАНА НА КОМПАНИЈАТА GAMBRO НА 37. ЕВРОПСКИ КОНГРЕС ЗА ВЕШТАЧКИ ОРГАНИ, ОДРЖАН ВО СКОПЈЕ

Во рамките на 37. Европски конгрес за вештачки органи што се одржа во Скопје во периодот од 8. до 11.09.2010, др. Тања Анѓушева ја имаше честа да биде поканет предавач од страна на компанијата Gambro. Темата на презентацијата беше од областа на хемодијализата, со наслов “Рено-ренална заместителна терапија на кардиохируршка интензивна нега”.

БОЛНИЦАTA ФИЛИП ВТОРИ ОРГАНИЗИРА АКЦИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ БОЛЕСТИ

28

СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ЗА ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ ФИЛИП ВТОРИ ОРГАНИЗИРА АКЦИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА КАРДИОВАСКУЛАРНИ БОЛЕСТИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ЗАБОЛЕНО ОД ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ

По повод Светскиот ден за превенција на населението од дијабет ( шеќерна болест), во период од 10-16 Ноември 2010 година, специјалистите од Болница Филип Втори ќе вршат бесплатни кардиоваскуларни прегледи.

За закажување на бесплатен кардиоваскуларен преглед сите заинтересирани потребно е да се јават во Инфо Центарот на Филип Втори на 02/3111-411, во период од 09-17 часот.