СПЕЦИФИЧЕН ОПЕРАТИВЕН ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТ ВО ПЗУ „ФИЛИП ВТОРИ“ КОЈ СЕ ПРАВИ ВО МАЛ БРОЈ ЦЕНТРИ

СПЕЦИФИЧЕН ОПЕРАТИВЕН ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТ ВО ПЗУ „ФИЛИП ВТОРИ“ КОЈ СЕ ПРАВИ ВО МАЛ БРОЈ ЦЕНТРИ ВО СВЕТОТ

Пациентот В.Ѓ. на 42-годишна возраст, примен за оперативен третман и планирана операција при енормно дилатирана (аневризматски проширена) асцендентна аорта до 80 мм со попуштање и враќање на аортната валвула. Пациентот повремено имал замор и нелагодност во градниот кош. Тренирал фудбал и на спортско-медицинските прегледи секогаш му велеле дека има здраво срце кое брзо се заморува, но и брзо се одмора.По направениот 64-МСКТ преглед, пациентот е задржан за оперативно лекување, затоа што при ваква енормно проширена аорта може да дојде до нејзино брзо прскање. Направен е специфичен оперативен третман кој се врши во мал број центри во светот, при што се прави реконструкција на нативниот аортен корен, се заменува почетниот дел од аортата со графти и се прешиваат коронарните крвни садови. Послеоперативно пациентот беше сосема стабилен, рано одвоен од машината за дишење и мобилизиран. По оваа тешка операција пациентот беше пуштен на домашно послеоперативно закрепнување на десеттиот послеоперативен ден.

ОДРЖАНА ЕДНОДНЕВНА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА СПИРОЕРГОМЕТРИЈА ВО БЕЛГРАД 2010

ОДРЖАНА ЕДНОДНЕВНА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА СПИРОЕРГОМЕТРИЈА ВО БЕЛГРАД 2010

На работилницата претставник од ПЗУ „Филип Втори“ беше д-р Јулијана Шорко – Андреевска која имаше можност да ги слушне предавањата на P.G. Agostoni, Milan, M.F. Piepoli, Piacenza од Италија, С. Дамјановиќ од Белград, М. Дејанин-Илиќ, Нишка Бања, С. Мазиќ, Белград и да ја проследи демонстрацијата на тестот во живо, со објаснувања на постапката за подготовка на тестот, изведувањето на самиот тест и толкувањето на резултатите.Овој тест има исклучително значење и примена при кардиоваскуларна процена на спортисти и во Република Србија е задолжителен за дозвола за натпреварувачко занимавање со спорт. Во Србија има 3 центри кои рутински го спроведуваат, a во Словенија и Хрватска има 10 центри каде што се изведува кардиопулмонален стрес-тест.

НЕНАВРЕМЕНА ДИЈАГНОЗА – ПОТЕШКО ПОСТОПЕРАТИВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ

НЕНАВРЕМЕНА ДИЈАГНОЗА – ПОТЕШКО ПОСТОПЕРАТИВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ

Пациентката С.С., на 62-годишна возраст, беше лекувана во „Филип Втори“ од 18.06.2010 до 05.11.2010. Пациентката беше примена во витално загрозена и шокова состојба поради прскање на големиот крвен сад, т.е. аортата која ја носи крвта од срцето до сите органи до делот каде што аортата минува од градниот кош кон стомачната празнина. Претходно пациентката била третирана неколку дена во Градската општа болница со дијагноза на бубрежна болка. Кога лекарите забележале дека се намалува хемоглобинот, тогаш за првпат направиле компјутер и итно ја испратиле пациентката во ПЗУ „Филип Втори“ на понатамошен третман.Бидејќи пациентката е донесена во болницата „Филип Втори“ во витално загрозувачка состојба, кардиохируршкиот третман бара исклучителна способност на кардиоваскуларниот хирург кој за да може да го замени прснатиот дел од аортата, истовремено треба да ги отвори двете шуплини, т.е. градниот кош и абдоменалната (стомачната) шуплина. Кај пациентката, покрај тоа што се направи замена на прснатиот дел од аортата, беше извршена и реимплантација, т.е. поврзување на целијачното стебло и горната мезентеријална артерија – од кои се снабдуваат со крв сите стомачни органи.Поради тоа што пациентката беше донесена во „Филип Втори“ во крајно тежок стадиум пред операција, послеоперативниот ток траеше цели 5 месеци. Пациентката помина низ многу компликации (подолга вентилација, бавно будење, потреба од трахеостома, поради слабиот внос на храна доби и гастростома, раната бавно зараснуваше) поради ненавремената дијагноза. По 3 месеци пациентката за првпат застана на нозе. На 03.11.2010 година пациентката го прослави својот 62 роденден. Најголема желба ? беше здравје и да си оди побрзо дома.

НАВРЕМЕНАТА ДИЈАГНОЗА И ВРВНАТА СТРУЧНОСТ НА КАРДИОХИРУРГОТ ВО БОЛНИЦАТА „ФИЛИП ВТОРИ“

НАВРЕМЕНАТА ДИЈАГНОЗА И ВРВНАТА СТРУЧНОСТ НА КАРДИОХИРУРГОТ ВО БОЛНИЦАТА „ФИЛИП ВТОРИ“ ГО ПРОДОЛЖУВА ЖИВОТОТ НА ПАЦИЕНТИТЕ

К.Б., пациентка на 24-годишна возраст. Од февруари се лекува од покачена телесна температура, поради што повремено земала антибиотици и таблети Аспирин. Една недела пред да биде згрижена во „Филип Втори“, на Клиниката за пулмологија ѝ е направена РТГ снимка на белите дробови при што е верифицирана зголемена срцева сенка на базата и било планирано дури и да ја пунктираат. Еден од колегите поставил сомневање дека има аневризма (проширување на дел од аортата) и итно ја пратил во „Филип Втори“.Пациентката беше прегледана на 3.10 2010 и беше итно упатена во „Филип Втори“ каде што по ехокардиографскиот преглед беше верифицирана голема аневризма на лакот на аортата, а според градбата се постави сомнение дека е миокатска аневризма. Пациентката беше примена на болничко лекување и се започна третман со антимиокотик. По една недела предоперативна подготовка беше направена опсежна операција, т.е. замена на лакот на аортата и реимплантација на големите крвни садови. Послеоперативниот тек се одвиваше уредно и се продолжи со антимиокотска терапија. Благодарение на врната стручност на кардиохирургот, на пациентката ѝ беше продолжен животот.

ДОНАЦИИ НА ПЗУ „ФИЛИП ВТОРИ“ ЗА ОКТОМВРИ И НОЕМВРИ 2010 ГОДИНА

ДОНАЦИИ НА ПЗУ „ФИЛИП ВТОРИ“ ЗА ОКТОМВРИ И НОЕМВРИ 2010 ГОДИНА

Во октомври и ноември 2010 година, академик д-р Жан Митрев донираше средства на:

групата „Мизар“за реализација на концертот на 02.12.2010 година, во Колосеум. Концертот се одржува по повод промоцијата на новото ЦД и по повод 28-годишното творење на групата.
за печатење на брошурата за „Ванче Стојчев“ на Ангелина Маркус
Ања Ветерова – овогодишен претставник од Македонија на детскиот Евросонг кој се одржа во Минск од 14 до 24 ноември 2010 година
Донација за реализација на филмски проекти во Културниот центар Скрб и утеха-Тиха

НЕОПХОДНА Е БРЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА ПРИ АКУТЕН МИОКАРДЕН ИНФАРКТ

НЕОПХОДНА Е БРЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА ПРИ АКУТЕН МИОКАРДЕН ИНФАРКТ

П.Д., пациентка на 57-годишна возраст, витално загрозена, донесена во шокова состојба од Косово, поради акутен миокарден инфаркт и новоформиран дефект меѓу левата и десната комора, поради раскинување на коморната преграда поради миокардниот инфаркт. Пациентката веднаш по приемот доби интраортна балон пумпа која служи за помагање на срцевата работа. По стабилизирањето на шоковата состојба пациентката доби оперативен третман од типот на трикратен аортокоронарен бајпас и затворање на дефектот на коморната преграда и решавање на аневризматската промена. После-оперативно, пациентката рано е одвоена од машината за дишење. Балон пумпата беше извадена по четири дена. На седмиот послеоперативен ден пациентката беше пуштена дома.

ПРЕДАВАЊА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ИНВАЛИДИЗИРАНИТЕ ЛИЦА

ПРЕДАВАЊА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ИНВАЛИДИЗИРАНИТЕ ЛИЦА

По повод Денот на инвалидизираните лица, на 6.12.2010 година, во 16:00 часот, во салата на „Даре Џамбаз“ предавања ќе одржат др. Никола Христов, др. Билјана Божиновска и др. Звонко Атанасов.