Тимот на Филип Втори со практични совети на Стоматолошкиот форум

Тимот на Филип Втори со практични совети на Стоматолошкиот форум

Здружението на приватни стоматолози на Република Македонија го одржа својот Петти стоматолошки форум. Академик д-р Жан Митрев, на покана на приватното здружение на стоматолози на република Македонија одржа предавање на тема „Кардиоваскуларните заболувања во денталната практика – Практични совети“. Собирот го отвори проф. Д-р Марија Накова претседател на Стомартолошката комора Поврзаноста меѓу денталните компликации и кардиоваскуларните заболувања, се со висока преваленца и сериозност, затоа стоматологот треба да биде свесен за нив и да биде во можност да реагира брзо и ефикасно кај случаите со акутен кардиоваскуларен настан.

Докторите од Филип Втори во своето предавање дадоа приказ на прашањата за најчестите и најсериозните кардиоваскуларни случаи кои може да се манифестираат во текот на дентален третман поаѓајќи од фактите дека коронарното срцево заболување е основен причинител за смрт. Неговата најсериозна манифестација, акутен миокарден инфаркт, предизвикува 7.2 милиони смртни случаи во целиот свет годишно. Контролата на кардиоваскуларните ризик фактори вклучувајќи ги артериската хипертензија, обезноста и дијабетес мелитус е најдобар начин за превенција од вакво заболување. Кај пациенти со историја на кардиоваскуларно заболување, треба да се посвети внимание на контролата на болката, редукција на стрес и да се избегнува употребата васоконстриктор во денталната анестезија. Исто така, претпазливоста се препорачува во правец на антитромбинска , антикоагулантна и антихипертензивна терапија која типично е употребувана кај такви пациенти.Меѓу еминентните и реномирани имиња предавачи беа уште проф Д-р Бранко Василевски од Клиниката за максилофацијална хирургија при Стоматолошкиот факултет Скопје. Од клиниката за болести на уста и парадонт асс. Д-р Соња Миндова и спец. Д-р Милан Камчев од ПЗУ Блек.

ПЗУ Поликлиника Струмица

Посета на ученици од средното медицинско училиште во Струмица

Од 14 Септември 2011 година сите специјалистички и субспецијалистички прегледи кои досега се извршуваа само во Скопје, сега се вршат и во Поликлиника ФИЛИП ВТОРИ СТРУМИЦА во Струмица и тоа:Специјалистички кардиолошки прегледи за деца и возрасни (мерење на притисок, ЕКГ, ехо на срце, ехо на каротиди и доплер на нозе)Васкуларни прегледи (ехо на каротиди и доплер на крвни садови на нозе)24 часовен ЕКГ и АБП холтер мониторингКСТ (коронарен стрес тест)ТЕЕ (трансезофагијална ехокардиографија)

Спирометрија и одредување на терапија

Специјалистички трансфузиолошки прегледи (доплер на вени)

Специјалистички ортопедски прегледи за деца и возрасниЕхо на колкови на новороденчињаЕхо на мускулоскелетен системАпликација на кортикостероид и анестетик во зглобАпликација на хијалуронска киселинаПоставување и вадење на мала и голема гипсена лонгетаПоставување и вадење на мал и голем циркуларен завојПункција на голем зглоб

Специјалистички гастроентерохепатолошки прегледи за деца и возрасни (ехо преглед на сите органи во абдомен: желудник, панкреас, црн дроб, жолчка, слезенка, бубрези)Ректоскопија

Абдоменални хируршки прегледи- Хируршки преглед- Абдоменален хируршки преглед- Анален преглед со ректално туше- Анален преглед со аноскоп

Специјалистички уролошки прегледи (ехо преглед на бубрези и мочни канали, урогениталии, простата)

Специјалистички прегледи на тироидна жлезда

Специјалистички прегледи на дојка

Лабораториски испитувања:Комплетна крвна слика со биохемиски анализи (холестерол, триглицериди, уреа, креатинин, АСТ, АЛТ, електролити, гликоза)Тироидни хормониТумор маркериСрцеви маркериТумор маркери за дојка и јајнициПролактинИнфективни маркери итн.

Микробиолошки испитувања:Микробиолошка анализа на брис на ранаБрис од очи, брис од искашлокБрис од нос, грлоМикробиолошка анализа на урина за уринокултура

Трансфузиолошки услуги:Шема за антикоагуланта терапијаПртоттромбинско времеД-димериФибриногенЕнзимски тестОдредување на крвна група и др.

Преврски на рана (обработка на мали и големи и преврски)

Други услуги:Интравенска апликација со и без терапијаИнтрамускулна апликација со и без терапијаЦитолошки наодХистопатолошки наодПлеврална пункцијаАбдоминална пункција на асцитна течностИнфузија со и без терапија и др.