Нова година – нов почеток за двајца браќа

Нова година – нов почеток за двајца браќа

Слична приказна за двајца браќа со убав крај се случи оваа година во Специјалната болница Филип Втори. Токму оваа и минатата Нова година беше шанса за нов почеток за браќата Никушевски. Необичната приказна за двајцата браќа ги врзува токму за датумот околу Нова година. Минатата 2010 година на 23 декември, Љубомир Никушевски бил донесен во Специјалната болница за кардиохирургија Филип Втори, во тешка состојба со акутен проблем на аортата. Брзата реакција на докторите му го спасуваат животот на Љубомир. Приказната се повторува оваа година, со неговиот брат Зоран, кој пред Нова година беше примен во Филип Втори во екстремно лоша состојба. По спроведената операција Зоран веќе е на домашно лекување. Двајцата браќа велат дека Нова година ќе ја паметат по втора шанса за својот живот и ќе ја одбележуваат како свој втор роденден. Тимот на Филип Втори сигурно оваа Нова година ќе ја памети по необичната приказна за двајцата браќа кои добија нова шанса.

Тренинг и обука под покровителство на Sorin (Stockert)

Тренинг и обука под покровителство на Sorin (Stockert)

Во период од 17.10.2011 до 21.10.2011 година под покровителство на Sorin (Stockert) групацијата во Минхен, Германија се одржа „FSE“ тренинг обука за сервис, одржување и справување во непредвидливи ситуации со најновата генерација на машини за вонтелесна циркулација Sorin-S5 која се користи при кардиохируршки операции во Специјалната болница „Филип Втори“. Sorin е најголем светски производител на апарати кои се користат за изведување на кардиохируршки операции. Како претставник од „Филип Втори“ учествуваше перфузионист Игор Кајевски кој се здоби со сертификат од Sorin групацијата со валидност во следните три години.

Благодарница за Филип Втори од Црвен Крст на Македонија

Благодарница за Филип Втори од Црвен Крст на Македонија

„Филип Втори на секој можен начин се залага за надминување и полесно соочување со здравствените проблеми на граѓаните и овозможување на адекватна помош подеднакво за сите и без исклучоци. Ние продолжуваме и понатаму со работа во насока на подобрување на животот не само на нашите пациенти, туку воопшто се сите оние на кои помош им е потребна“, изјави Љубица Наумова.

(Скопје, 26.12.2011) – Специјалната болница Филип Втори доби благодарница од Црвениот крст на Македонија за остварена соработка и за обездената поддршка за имплементација на општествено корисни програми наменети за подобрување на квалитетен живот на населението во заедницита за 2011 година. Благодарницата во име на ПЗУ Филип Втори ја прими Љубица Наумова, психолог во Филип Втори.„Филип Втори на секој можен начин се залага за надминување и полесно соочување со здравствените проблеми на граѓаните и овозможување на адекватна помош подеднакво за сите и без исклучоци. Ние продолжуваме и понатаму со работа во насока на подобрување на животот не само на нашите пациенти, туку воопшто се сите оние на кои помош им е потребна“, изјави Љубица Наумова.Проекти на кои што работеле заедно се, карванот „Од срце за срце“ спореведен низ повеќе градови на Македонија, каде се одржаа предавањата на тема „Превенција од кардиоваскуларни заболувања како последица од високите температури“, реализирани од Д-р Жан Митрев и неговиот стручен тим. Во месец февруари заеднично учество на “Недела против срцево садови заболувања” со едукативни презентации и работилници од страна на стручниот тим на Филип Втори, наменети за волонтерите и ативистите на Црвениот крст на град Скопје. Во декември заеднички ја обележаа “Неделата на грижа за стари лица” со едукативни раотилници од страна на лекарите. Проектот “Моето срце во сите бои” беше финализиран со реализацијата на летниот камп под мотото: “Камп на заеднички насмевки и желби” во периодот од 20 до 25 јуни 2011 година, во одморалиштето “Солферино” на Црвениот крст. Значајноста на овој проект е од непроценлива вредност затоа што отвори можности за промоција и детабуизирање на проблематика за вредените срцеви маани кај деца, тема за која кај нас скоро и да не се говори јавно. Филип Втори и следната година ќе продолжи со иста посветеност и засилена желба да ја дава својата безрезервна поддршка и помош на граѓаните на Македонија.

Филип Втори со Илина и Илија се искачи на врвот на светот

Филип Втори со Илина и Илија се искачи на врвот на светот

Врвовите на Хималаи не се доволно високи колку што е моќна човечката волја и желбата на двајца млади луѓе да ги надминат ограничувањата и да се искачат на врвот на светот. Илина и Илија се двајцата Македонци кои на 18.11.2011 година се искачија на врвот Ама Даблам, висок 6856 метри кој се наоѓа во реонот Кумбу на Хималајскиот масив. Врвот Ама Даблам е понизок од Монт Еверест, но според тежината на искачување е за три скали покомплициран.Нашата секојдневна борба за животот ја поистоветивме со нивната борба против екстремните временски услови и природа, затоа го поддржавме нивното патување во освојувањето на Хималаите. Нивниот пат кон врвот Ама Даблам симболично е наш секојдневен пат до здравјето на секој еден човек. Затоа Филип Втори го помогна овој храбар предизвик на Илина и Илија.И уште, затоа што веруваме во моќта на волјата, веруваме дека човек може да ги надмине своите очекувања и затоа што мотото на Филип Втори е вечна борба, се гордееме со успехот на Илина и Илија, двајцата млади Македонци кои се фатија во костец со екстремни временски услови и природните закони. Затоа сакаме Илина и Илија да бидат пример за сечија индивидуална борба.Илина и Илија се хероите на Филип Втори, нека бидат и ваши херои.

Филип Втори со признание за општетствена одговорност

Филип Втори со признание за општетствена одговорност

ПЗУ Филип Втори добија признание за својата посветеност во намалувањето на разликите со лицата со посебни потреби. Ова признание им го додели министерот за правда на Република Македонија, Блерим Беџети на манифестацијата Различни, а еднaкви што се одржа во петокот (09.12.2011) во Скопје.Специјалната болница Филип Втори пак зад своето признание има голем број активности од хуманитарен карактер кои секојдневно се преземаат од оваа приватна здравствена установа. „Лекарската професија со себе носи многу предизици. Секој ден во Специјалната болница Филип Втори се соочуваме со предизвикот – да се спаси човечки живот. А нема ништо посвето од човечкиот живот. Многу малку треба за да го направиме убав. Затоа и ние во Филип Втори знаеме дека колку ќе даруваме толку се враќа. Нашите донации не престануваат, секојдневно. Важно е да дадеме позитивно светло на секој можен начин, да дадеме смисла на некои работи кои се за нас несфатливи, да дадеме поттик напред за развој, бидејќи само така може сите да бидеме задоволни, само така ќе можеме сите да бидеме исполнети. Нема ништо поубаво од подадена рака за помош кога таа треба да се поддаде. Нема ништо поубаво од насмевката за дадената помош “, изјави доктор Иван Милев од кардиохируршката болница. Различни, а еднакви е манифестација која се одржува веќе неколку години по ред и присутни се сите организации кои придонесуваат да се намалат разликите, да се даде повеќе можности на лицата со хендикеп. Оваа година како дел од овој настан беа Маја Иванова, сопругата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристевски, министерот за правда Блерим Беџети, министерот за образование и наука, Панче Кралев. На 5-ти декември оваа година Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за инвалидност.

Успешна реконструкција на аорта на 13-годишно дете во Филип Втори

Успешна реконструкција на аорта на 13-годишно дете во Филип Втори

Тринесетгодишната Ајше со вродено срцево заболување беше успешно реконструирана од тимот кардиохирурзи на Филип Втори. Младата Ајше е родена со тешка срцева мана која се карактеризира со дефект на преградата меѓу двете комори и аорта која тргнува не само од левата туку од двете комори поради присутниот дефект и се нарекува јавачка аорта.

– Ова беше една многу сложена и комплицирана операција на вродена срцева мана. Направивме затворање на коморниот дефект и реконструкција на коренот на аортата со свртување на истата да излегува само од левата комора. При тоа не се употребени никакви протези или материјали. Со оваа операција вродената мана е отстранета и Ајше веќе нема да има проблеми како што ги имала порано – изјави академик д-р Жан Митрев.

Иако со вродената срцева мана Ајше живеела тринаесет години, вистинските проблеми се појавиле пред неколку месеци кога Ајше покажала слабост, не можела да оди, губела свест, а почнала и да се гуши. Состојбата на Ајше била премногу ризична за докторите во другите држави каде што родителите ја носеле, препорачувале оперативен третман и замена на аортата со протеза, но тие не се нафатиле на оваа ризична операција и не гарантирале дека ќе и го спасат животот на Ајше.

– Ја однесовме на доктор во повеќе земји почнувајќи од Италија па се наваму, ја прегледуваа и ми велеа дека состојбата и е многу сериозна и дека не гарантираат дека операцијата ќе биде успешна. Никој не сакаше да се нафати да ја излекува Ајше. Иако изгубивме време сепак спасот во најдовме во Филип Втори, само доктор Жан Митрев беше доволно способен и храбар да ја спаси Ајше – изјави таткото на Ајше.

После само една недела од операцијата Ајше е дома со семејството, одлично заздравена и веќе продолжува со своето детство.

– Брагодарна сум на докторите на Филип Втори, порано ми беше многу тешко, ништо не можев да правам, а сега се чувствувам одично, сега можам дури и со другарките да си играм на снегот – вели малата Ајше.

Според Академик Митрев овие операции препорачливо е да се прават на помала возраст, затоа што ваквиот вид на мани доколку не бидат саниран на време можат да доведат до мешање на крвта во срцето, инфекции, мозочен удар па дури и инфарктна состојба дури и кај деца.