Фото-сензитивна епилепсија

Фото-сензитивна епилепсија

Епилепсијата претставува функционално растројство на мозокот, кое настанува од абнормални ексцесивни празнења на нервните ќелии во мозокот, кое надворешно се манифестира со генерализирани или парцијални епилептични напади. Епилептичните напади може да се јават почесто во детската возраст, каде најчесто може да бидат причина породилни повреди, или некои метаболни растројства, енцефалопатии, инфекции со воспаление на мозокот или мозочните обвивки, а неретко се генетските фактори, каде се познати одредени генетски дефекти.За илустрација ќе прикажеме случајот на Н.С., кој на 12-годишна возраст се јавува во Филип Втори поради настапи на краткотрајно губење на континуитетот на свеста, при што ги превртува очите и трепка неколку секунди. Нападите се јавиле од пред 2 години и се повторуваат и по неколку пати во месецот или денот, почесто кога е изложен на трепетливо светло. Досега не е лекуван со антиепилептика. Невролошки статус уреден. ЕЕГ наодот на 11.03.2011 е изразито патолошки изменет, со присуство на чести пароксизмални избивања од високи остри бранови, во траење од по 1-5 секунди, на моменти со исходиште од десната темпорална регија. Овие промени се понагласени завреме на фотостимулација. (сл. 1)

Поставена е дијагноза: епилепсија ( фотосензитивни напади).Терапија: таблети, Депакине хроно а 300 мг 2х1ЕЕГ контролен на 11.01.2012 г. наодот е во физиолошки граници без пароксизмални избивања. клинички нема напади. (сл. 2)

Препорачана 64мскт церебрална ангиографија за откривање на евентуални морфо-структурални промени, кои би биле причина за нападите.

Хируршки третман на акутна аортна дисекција, DeBakey II, Stanford A.

Хируршки третман на акутна аортна дисекција, DeBakey II, Stanford A.

В.М – Пациентка на 67-годишна возраст, примена како итен случај во ургентен центар на „Филип Втори“, во тешка општа состојба, неконтактибилна,со низок притисок, едвај опиплив пулс на големите крвни садови на вратот, дистендирани југуларни вени и знаци за циркулаторен и кардиоген шок. Дишењето забрзано, пациентката користи помошна дишна мускулатура. Примена е од клиниката за Кардиологија. Хетеро-анамнестички се добива податок за силна градна болка со прогресивен карактер која започнала шест часа пред приемот. Коморбидитети: Артриска хипертензија и хиперлипидемија, алергија нема. Направен е 64-МСКТ на торакална аорта по кардио протокол, при што е дијагностицирана акутна аортна дисекција, DeBakey II, Stanford A, со задржана руптура, перикардна тампонада, без аортна инсуфициенција. Индициран е итен кардиохируршки зафат со висок периоперативен ризик.

Направена е итна операција, замена на асцендентната аорта и хемилакот со васкуларна протеза со канулација на десната артерија субклавија, водена во општа анестезија. Во тек на постоперативниот период пациентката е стабилна и одвоена од машината за дишење после 3 дена од оперативниот зафат. Спроведена е антибиотска терапија според протокол. На контролен 64-МСКТ дијагностицирана е тромбоза на десна вена субклавија, поради што е вклучена антикоагулантна терапија. Кај пациентката е спроведувана интензивна респираторна терапија и започната постепена мобилизација. Пациентката е отпуштена дома на 15-иот постоперативен ден во добра општа состојба.

Приказна на една наша пациентка

Приказна на една наша пациенткаЦелта е постигната, ракот е победен и повторно се движи безболно

Пациентката Б.Ф. на педесетгодишна возраст, дојде на консултативен преглед со помош на штаки во придружба на својот сопруг без чија помош не можеше да помине ниту една скала, ниту еден чекор. Видно изнемоштена со безброј не проспиени ноќи поради болки во десната надколеница кои не може да ги одреди дали потекнуваат од таму или доаѓаат од ‘рбетниот столб. Вака се мачи скоро една година и немо`е да се одлучи бидејќи некој од лекарите и велат да се оперира поради протрузија на дискус на рбетниот столб, а други да оди на физикална терапија. Но, и по извршената физикална терапија и бројните лекови против болки, таа и понатака пати и има болки не само во ноќта, туку и преку ден при секое придвижување со ногата. Нејзините ортопеди,ревматолози,физијатри и гинеколози и направиле рендгенски слики, компјутерски томографии и магнетни резонанси на ‘рбетот, но нема подобрување по спроведеното лекување. Состојбата се влошувала од ден во ден. Со сопругот одлучиле да дојдат на консултативен преглед во болницата “Филип Втори”. После прегледот и направените дополнителни испитувања се констатирало дека се работи за ретка форма на рак на горниот дел од десната надколеница – хондросарком со димензии 10 см-8 см.Б.Ф. беше соочена со сериозна болест рак на бутната коска, можна ампутација на десната нога, како и со проширување на болеста и брз лош крај.После првичниот шок во кој западнаа пациентката и нејзиниот сопруг, таа одлучи да се бори и си постави цели: да го победи ракот, да ја сочува ногата , повторно да се движи и да го спаси животот. Операцијата и беше единствената шанса, бидејќи овој тип на рак не реагира на хемотерапија , ниту на радиотерапија. Дилемата дали да се жртвува ногата да се изврши ампутација или да се спаси ногата, брзо беше решена. Среќата беше голема што во специјалната болница за хируршки болести, Филип Втори има специјално дизајнирана ендопротеза за нејзиниот случај, а уште повеќе што веруваше во екипата и во болницата во која дојде да се лекува. Доколку ја немавме таа ендопротеза ќе требаше да се чека неколку месеци, а за тоа време туморот објективно можеше да се прошири, со што шансите да се спаси животот и да се спаси ногата ќе беа изгубени. Го прифаќам ризикот и одлучувам да се спаси ногата, храбро рече пациентката.

Операцијата помина во најдобар ред. Резултатите од операцијата покажаа дека се работи за хондросарком, рак на бутната коска од рскавично потекло. Хистолошките наоди зборуваа дека туморот е отстранет целосно до здраво. Тоа даваше гаранција дека резултатите од операцијата може да бидат добри. Сега 2 години после операцијата Фикрије е потполно здрава, подвижна, ги извршува домашните работи, живее без болки и смета дека најголемите опасности од повторување на болеста или нејзино ширење се поминати.Таа е горда што нејзината приказна е успешна. Б.Ф. се надева дека нејзиното искуство ќе им помогне на другите пациенти кои биле во слична ситуација, да живеат и да одат повторно. Благодарна е на тимот кој учествуваше во нејзиното лекување, а најмногу е благодарна на болницата за хируршки болести „Филип Втори” од Скопје, за брзото, ефикасно и евтино лекување. Радосна е што сега им помага на другите со слични проблеми, а често и им препорачува да се лекуваат во болницата “Филип Втори “ од Скопје. Во овие две години се омажи нејзината ќерка и се ожени нејзиниот син. На среќата ѝ нема крај што наскоро очекува внуци од своите деца.

1. Пред операција 2. По операција

Успешно излекуван акутен миокарден инфаркт со кардиоген шок со тромболитична терапија

Успешно излекуван акутен миокарден инфаркт со кардиоген шок со тромболитична терапија

Маж на возраст од 67 години се јавува на вонреден преглед во дијагностички центар СБХ ФИЛИП ВТОРИ. Од утрото се жали на јака градна болка проследена со тешко дишење и гушење. Тегобите постепено се интензивирале. На прием е во тешка општа состојба. Со алтерирана свест, блед, препотен, диспноичен, хипотензивен-клиничка слика на шок. Пациентот е опериран, аортокоронарен бајпас x 3, во 2006 година. Пациентот боледува од периферна циркулаторна болест, артериска хипертензија, хиперлипидемија, дијабет тип 2. Лекарите од дежурната екипа после кратка проценка и преглед на пациентот дијагностицираат акутен инфаркт на миокардот со знаци за кардиоген шок. Ехокардиографски, ЕКГ и лабораториски наоди во прилог на акутен инфаркт на миокардот на постеролатерален ѕид. Клинички и РТГ знаци за белодробен едем. Акутно преренално затајување.Поради хемодинамска и ритмичка дестабилизација кај пациентот е започната кардиопулмонална реанимација. Пациентот е интубиран и поставен на механичка вентилација. Ординирана катехоламинска стимулација, антиаритмична терапија, антокоагулантна терапија, диуретици, гастропротективи. Интра-аортна балон пумпа како механичка потпора на работата на срцето беше контраиндицирано да се постави поради изразената билатерална периферна болест. Се одлучи да се започне со фибринолитична терапија. Вклучен е рекомбинатен ткивен активатор на плазминогенот-алтеплаза по протокол. (лек кој ги разградува тромбите). После ординирањето на фибринолитичната терапија се забележа повлекување на СТ сегмент депресиите во предно латералните одводи. Хемодинамска стабилизација. За кратко време е постигната клиничка стабилизација. Пациентот е екстубиран наредниот ден. Постепено настапи намалување на маркерите на срцев распад. Нормализирање на бубрежната функција. Ехокардиографската контрола покажа постепено подобрување на срцевите перформанси. Кај пациентот се направи контролна МСКТ графтографија на која се утврди уредна проодност на аортокоронарите бајпаси и терминален стадиум на атеросклеротска болест на нативните садови. Следеа постепени мобилизации, кои пациентот уредно ги истолерира. Се отпушти во добра општа состојба.

64МСКТ на коронарните артерии и аортокоронарните бајпаси