Инфраренална абдоминална аорта

Инфраренална абдоминална аорта

Пациентот Ј.К. на 66-годишна возраст итно е хоспитализиран поради силни болки во пределот на стомакот кои почнале неколку часа пред прием. Направен e ехо преглед со наод на голема инфраренална абдоминална аорта. Веднаш потоа направена е МСКТ аортографија со наод за аневризматски проширена аорта со дијаметар 80мм (нормално е 20-30мм), во инфраренален дели со руптурирање и ретроперитонеално крвавење понагласено од десната страна.

Предоперативен 64 МСКТ наод на руптурирана аневризма на абдоминална аорта

Поради нестабилност пациентот веднаш е внесен во операциона сала и направена е замена на проширената аорта со васкуларна протеза во вид на Y и анастомозирана со илијакални артерии. Поради постоперативни компликации кај пациентот се направени и уште 4 додатни абдоминални операции: – Клиничка слика на акутен абдомен втор постоперативен ден, со наод на некротични промени на поедини поголеми делови на тенкото и дебелото црево каде е направено отстранување на овие делови и поставување на анус претернатуралис- Вклештена левострана кила со наод на перфориран јејунум и ресекција на истото- Повторна хернија левострано со абсцедирање на лев тестис со направена орхиектомија- Појава на перитонит со наод на перфорирано тенко црево каде е направено поставување на Пецеров катетер.Во текот на овој период пациентот во неколку наврати е завлезен во критична здравствена состојба со настанување на хепаторенален синдром и тешка сепса.И покрај вкупно 5-те операции и отстранување на значителен дел од тенкото и дебелото црево, како и критичната здравствена состојба во неколку наврати, пациентот сепак е поставен на сопствени нозе и започната е обезбедена самостојна подвижност и исхранување. За неговото заздравување вложени се големи напори од страна на лекарите, медицинските сестри, болничари, хигиеничари кои се грижеа околу негата на пациентот, како и од физиотерапевти кои се грижеа за воспоставување и одржување на неговата физичката спремност и секако од страна на психолози кои континуирано ја одржуваа и подобруваа неговата психичка кондиција, истрајност и желба за воспоставување на нормален живот.После 95 дена претстој во болница пациентот се испушта движејќи се на сопствени нозе и со можност за сопствена исхрана и нега со минимална помош од останатите околу него.

ФОТОСЕНЗИТИВНА ЕПИЛЕПСИЈА

Фотосензитивна Епилепсија

Епилепсијата преставува функционално растројство на мозокот , кое настанува од абнормални ексцесивни празнења на нервните ќелии во мозокот, кое се манифестира со генерализирани или парцијални епилептицчни напади. Епилептичните напади може да се јават почесто во детската возраст, каде причина може да бидат породилни повреди, или некои метаболни растројства, енцефалопатии, енцефалитиси а неретко се одговорни и генетскитефактори ,Некои напади може да бидат првоцирани од трептачки светлосни стимули, сонце,кои се познати како фотосензитивна епилепсија.Случај Н.С. на 12 годишна возраст се јавува во Специјалната болница Филип Втори поради настапи на краткотраен губиток на континуитетот на свеста, при што ги превртува очите и трепка неколку секунди. Нападите се јавиле од пред 2 години и се повторуваат по неколку пати во месецот или денот, почесто кога е изложен на трептачко светло , сонце ,или гледање на ТВ.. Досега не е лекуван со антиеплептична терапија. Невролошки статус уреден. ЕЕГ наод на 11.03.2011 е изразито патолошки изменет, со присуство на чести пароксизмални избивања од високи остри бранови , во траење од по 1-5 секунди, на моменти со исходиште од десната темпорална регија. Овие промени се поназначени завреме на фотостимулација, при фреквенција од 20-25 во секунда.

ЕЕГ наод пред терапија

Поставена е дијагноза: Епилепсија ( фотосензитивни напади).Терапија: табл. Депакине хроно а 300 мг 2х1ЕЕГ контролен на 11.01.2012 г наодот е во физиолошки граници без пароксизмални избивања. Клинички нема напади.

ЕЕГ наод по препишана терапија

Препорачана магнетна резонанца на мозок за откривање на евентуални морфоструктурални промени, наодот е во физиолошки граници. Нападите се контролирани при редовните контроли

Лиценцирани перфузионисти за првпат во Македонија

Лиценцирани перфузионисти за првпат во Македонија

Перфузистите на ПЗУ Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори за првпат во Македонија, се дел од ” Хрватско Здружение за Екстракорпорална технологија”

На ден 02.03.2012 перфузионистите Игор Кајевски, Александра Темелковска и Влатко Пачемски станаа активни членство на “Хрватското Здружение за Екстракорпорална Технологија”, кое е член на “ Европскиот Борд на кардиоваскуларна перфузија”.