Предавања на тема “Висок крвен притисок и справување со него”

Предавања на тема “Висок крвен притисок и справување со него”

На 17. Јули 2012 година, во просториите на ДАРЕ ЏАМБАЗ, др. Милка Клинчева – кардиолог и Илија Дојчиновски – психолог, одржа предавања на тема “Висок крвен притисок и справување со него”. Активноста се спроведе во склоп на долгогодишната активна соработка што ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ ја има со Црвениот крст на крад Скопје, овојпат во рамки на активностите на Дневниот центар за стари лица. Иницијативата за оваа проблематика произлезе поради нејзината актуелност, топлото време и интересот на публиката.

Др. Клинчева во своето предавање стави акцент на повеќе теми како што се природата на хипертензијата, причините кои доведуваат до неа, даде повеќе практични медицински совети за нејзино успешно менаџирање и појасни некои заблуди врзани за овој сериозен здравствен проблем. Психологот Дојчиновски се осврна на важноста на психолошките фактори во справувањето со високиот крвен притисок како што се стресот и анти-стрес програмите и посочи практични примери и можности за превенирање или намалување на хипертензијата

И покрај топлото време, во салата беа присутни повеќе заинтересирани граѓани кои дојдоа на оваа едукативна средба и благодарение на интерактивниот пристап на предавачите, во текот на предавањата се одвиваше и заедничка дискусија.Помеѓу присутните имаше и претставници од граѓански здруженија кои изразија желба за идна соработка со ФИЛИП ВТОРИ и организирање вакви едукативни средби во други општини и на други теми од здравствен карактер.

Никола Наумовски допатува од Австралија со аневризма на аортата од 8 цм за да биде опериран

Никола Наумовски допатува од Австралија со аневризма на аортата од 8 цм за да биде опериран од Д-р Митрев

(Скопје, 12.07.2012) – Во Филип Втори беше изведена тешка и комплицирана операција на 63 –годишен пациент, кај кој беше дијагностицирана огромна аневризма на почетниот дел на аортата и самата аортна валвула. Со градни болки и тешко дишење во животно загрозувачка состојба, поради големо проширување на аортната валвула и аневризма на аортата од 8 цм, пациентот допатува од Австралија за консултација со д-р Митрев. По советувањето со Д-р Митрев и разгледување на состојбата, пациентот со полна доверба во реномираниот хирург и неговиот стручен тим одлучи да се оперира во овој центар. Веќе следниот ден му беше направена операцијата која траеше повеќе од 6 часа. Неговата валвула беше зачувана, со тоа што се реинплантира во протеза со која се замени почетниот и проширениот дел на аортата. На протезата се направи реимплантирање и на двата коронарни крвни сада кои го хранат срцето. По една ваква операција пациентот нема потреба од антикоагулантна терапија, која е задолжителна при валвуларната хирургија кога се вметнува механичка протеза на местото од заболената валвула. Пациентот по оперативниот зафат беше стабилен и контактибилен, а веќе од вчера во одлична здравствена состојба е префрлен на одделот за кардиологија.Пациентот Никола Наумовки со овие тегоби во Австрлија живеел околу три години, и не можел да најде доктор што ќе ја постави точната дијагноза и ќе понуди решение за неговиот сериозен здравствен проблем.“Сега се чувствувам одлично. Не се надевав дека толку брзо ќе се опоравам. Скоро не ми се верува дека пред само два дена ми беше направена операцијата и сега сум добар. Шетав од клиника на клиника во Мелбурн, се додека син ми не ми кажа дека треба да дојдам во Македонија затоа што тука е д-р Жан Митрев кој што е најдобар и во Европа. Затоа сега се чувствувам добро“, изјави Никоја Наумовски.Вакви операции се изведуваат само во неколку цетри низ Европа, а Филип Втори е еден од нив. Досега во Македонија се изведени над 100-тина такви операции.

Get the Flash Player to see this player.

Летен камп за деца со вродени срцеви маани „Камп на другарството “

Летен камп за деца со вродени срцеви маани „Камп на другарството “

И оваа година Специјалната болница Филип Втори заедно со Црвениот крст на град Скопје го спроведоа летниот камп за децата со интервенција на вродена срцева маана. Кампот се одржа од 16 до 20 јули 2012 година, во Струга во одморалиштето на Црвениот крст, „Солферино“. На кампот беа присутни 10 деца со интервенции на срце, 14 родители, како и 10 волонтери од Црвен крст кои работеа на ресоцијализација на децата, предавачи лекари и тимот на психолози од „Филип Втори“.

Целта на овој камп беше развој на супортивните системи преку директна тераписка поддршка на родителите на деца со ВСМ како растоварување на еден трауматски процес, ресоцијализација на децата преку развој на нивните креативни потенцијали и креирање на идентитет на здраво дете. Во кампот беа реализирани повеќе активности. Работилница за отворање на летниот камп именувана како „Учиме за себе и за другите” и креативната работилница за децата со ВСМ „Негување на самодовербата”. Како дел од програма за развивање на креативноста, учесниците на кампот, го креираа заедничкото име, знаме и химна на кампот. Името на овогодишниот камп беше, „Камп на другарството”. Значајна тематска работилница за родителите на децата со интервенции беше „Остварување на контакт со себе и емоционално описменување”, низ која родители се запознаа и беа воведени во една нова фаза од нивниот живот – заокружувањето на еден трауматски и сериозен процес – интервенцијата на вродено срцева маана на нивното дете. Според Љубица Наумоска, психологот и гешталт психотерапевт во Специјалната болница Филип Втори, приоритетна цел за одржување на овој камп е психосоцијална поддршка на децата со интервенција на вродени срцеви аномалии, како и психосоцијална поддршка на семејствата. За нив тоа ќе биде долготраен процес, кој со поддршка и стручна помош од тим на психолози и психотерапевти може да се помине полесно и поздраво. Затоа Филип Втори во соработка со Црвениот крст веќе трета година го организира овој камп, како најдобар и најефикасен начин за ресоцијализација и на едните и на другите.Заради постигнување на поголем ефект, проектот преку работилниците на кампот постави дополнителни цели за подигнување на свеста кај населението за поддршка на лицата со вродени срцевосадови аномалии, подигање на свеста за здравствено превентивни контролни прегледи, иницирање на програма за продолжување на активностите во насока на поддршка кон децата со ВСА и секако подигање на свеста кај компаниите за општествена одговорност и поддршка на хуманитарните програми и проекти.

Замена на митралната валвула и реконструкција на трикуспидна валвула кај осумдесетгодишна пациенткa

Замена на митралната валвула и реконструкција на трикуспидната валвула кај осумдесетгодишна пациентка

Во Филип Втори оперирана e пациентка на 80-годишна возраст и е направен сложен оперативен зафат со замена на митралната валвула со билошка протеза и реконструкција на трикуспидната валвула и пластика на срцевите предкомори и комори (атриопластика и вентрикулопластика). Пациентката била оперирана во Каменица во 1993 година каде заради инсуфициенција на митралната валвула е направена реконструктивна хирургија на истата.

Пациентката се јави на преглед во Филип Втори со изразени симптоми во вид на голем замор при минимален напор, недостаток на воздух, гушење во лежечка положба. Ехокардиографскиот преглед покажа тежок (четврти) степен на инсуфициенција на претходно реконструираната валвула во Каменица со енормно зголемување на димензиите на левата предкомора од 12 х 12 cm, т.е. гигантска лева предкомора која вообичаено има дијаметар од 2-4 cm, како и секундарно проширување на останатите срцеви шуплини (двете комори и десната предкомора). По направените предоперативни иследувања направен e сложен оперативен зафат со кој е заменета митралната валвула со биолошка протеза и хируршко ремоделирање на сите срцеви шуплини (предкомори и комори). Постоперативниот период мина уредно, пациентката доаѓа на редовни контроли и може нормално да ги извршува секојдневните домашни активности во својата осумдесет и прва година од животот.

Стентирање на аортна коарктација – современ тренд во лекување на болеста

Стентирање на аортна коарктација – современ тренд во лекување на болеста

Коарктација на аорта е вродено заболување на главниот крвен сад на телото, аортата, кое се карактеризира со стеснување на крвниот сад на било кое место во неговата должина. Најчесто, коарктацијата се појавува на почетниот дел на градната аорта, под лакот на аортата а во близина на спојот на перзистентниот артериски канал – една од комуникациите на плодот кој се затвара по раѓањето. Има различни типови на коарктација според изгледот на стеснувањето, кои различно се манифестираат кај одреден организам. Најтешките форми даваат изразени знаци во тек на првите денови од животот, а помалку тешките подоцна. Покачениот крвен притисок е обично прв знак за непрепознаена аортна коарктација.

Според изгледот на стеснувањето, коарктацијата на аортата може да се лекува на два начина: оперативно и интервентно.Двете момчиња беа третирани од страна на интервентниот тим на Филип Втори овој месец.• Пациентот Т.Ј. на 13-годишна возраст примен за прв пат во Филип Втори со главоболка, високи вредности на крвниот притисок и ослабена пулсација на артериите на нозете (феморалните артерии). Ехокардиографски установена е коарктација на аортата од потежок степен, дволисен залисток на аортата – без значење и концентрично здебелување на зидот на левата комора (хипертрофија на левата комора).

Направен е 64 МСКТ скен на аортата со кој е верифицирана коарктацијата на аортата. Донесена е одлука за интервентно решавање на коарктацијата.

Направена e интервенција со балон дилатација и поставување стент на местото на коарктацијата. После завршената интервенција се постигна одличен резултат со потполно излекување односно со нормализирање и изедначување на притисоците помеѓу почетниот дел на аортата и стомачната аорта.

• Пациентот М.М. на 14-годишна возраст за прв пат во Филип Втори е примен со симптоми на главоболка, крварење од носот, високи вредности на крвниот притисок и ослабени пулсации на двете феморални артерии. Ехокардиографски установена е коарктација на аортата, бикуспидна аортна валвула со пропратна аортна регургитација од втор степен и концентрична хипертрофија на левата комора.

Направен е 64 МСКТ скен на аортата со кој е утврдена коарктацијата на аортата.

Направена е интервенција со поставување на стент на местото на коарктацијата на почетниот дел на градната – торакална аорта.

После завршената интервенција се постигна одличен резултат со потполно излекување односно со нормализирање и изедначување на притисоците помеѓу почетниот дел на аортата и стомачната аорта.

На овој начин во Филип Втори продолжува трендот на современото – интервентно лекување на пациенти со вродени срцеви маани, чија бројка е помала од 200 пациенти.

БЛАГОДАРНОСТ ДО ПЕРСОНАЛОТ НА СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА „ФИЛИП ВТОРИ“

Благодарност до персоналот на Специјална Болница „Филип Втори“

Соработката помеѓу специјалната болница „Филип Втори“ и средното медицинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица продолжи и оваа година. Во периодот од 18.06.2012 до 22.07.2012, седум ученици ја поминаа својата летна пракса во нашата болница, со цел директно запознавање со работата и добивање на вистинска слика за професијата. Учениците се запознаа со основните обврски на средниот медицински персонал на сите оддели во болницата (дијагностички центар, интензивна нега, оперативен блок и одделение за кардиологија) каде активно беа вклучени во секојдневната работа.

БЛАГОДАРНОСТ ДО ПЕРСОНАЛОТ НА СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА „ФИЛИП ВТОРИ“ СКОПЈЕ

По иницијатива на Проф. Емилија Котеска, за што бескрајно и благодариме, започнавме заедничката соработка меѓу нашето училиште и Специјалната болница „Филип Втори“, а како резултат на оваа соработка, дел од феријалната пракса ја извршивме во Вашата здравствена установа. Во чест на ова сакаме да искажеме огромна благодарност до сите Вас.Со голема желба и многу љубов кон нашата идна професија застанавме пред Вашите врати, желни за знаење и надополнување од онаа што го стекнавме од нашите сакани професорки Емилија Котеска и Елена Штрклева. Вие не само што ги отворивте вратите на Вашата клиника, туку ги отворивте и Вашите срца, полни со љубов, трпение и разбирање кон нашата младешка нетрпеливост и понекогаш избрзливост.

Застанавте мирно и сигурно да ни објасните и да не подучите, но и помалку да не проверите од онаа што веќе сме го стекнале порано или со Вас го научивме.Вашите големи срца и храбри, но и сигурни раце што спасиле многу животи, нам ни дадоа самодоверба и сигурност да продолжиме по патот по кој Вие цврсто чекорите. Ви благодариме за трпеливоста и љубовта која ни ја даривте за овие седум дена.

Од групата ученици од средното медицинско училиште „Димитар Влахов“, кои беа на пракса во Специјалната болница ,,Филип Втори‘‘,

Ви благодариме

Поликлиника Филип Втори Струмица започна со работа

Поликлиника Филип Втори Струмица започна со работа

Поликлиника Филип Втори Струмица започна со работа на 14 Септември 2011 година и се наоѓа во близина на старата автобуска во Струмица и хотел Илинден.

Поликлиниката Филип Втори Струмица располага со три амбуланти за интернистички и кардиоваскуларни прегледи, ехотомографија, ортопедски и хируршки прегледи, како и со функционален кабинет за испитување на кардиоваскуларниот систем- кабинет за Коронарен стрес тест ( КСТ), Холтер ЕКГ, Холтер за крвен притисок и спирометрија, како и лабораториски услуги.
Во Поликлиника Филип Втори Струмица се извршуваат сите видови на специјалистички и субспецијалистички прегледи и тоа:

Кардиоваскуларна дијагностика:
– Ехокардиографија
– Доплер на вени
– Педијатриски кардиолошки прегледи
– Коронарен стрес тест
– 24 часовен Холтер ЕКГ
– 24 часовен Холтер АБП
– Васкуларни прегледи
– Хируршки васкуларни прегледи
– Спирометрија и респираторна терапија
– ЕКГ
– Предоперативни и постоперативни прегледи
– Консултативни прегледи

Ортопедска дијагностика
– Ортопедски физикален третман на локомоторен систем
– Ехо на мускуло скелетен систем
– Ехо на колкови-ран скрининг на болести и деформитети кај новороденчиња
– Конзилијарни ортопедски прегледи во центарот за болка
– Консултативни прегледи
– Апликација на кортикотерапија
– Апликација на ортокин терапија
– Апликација на хијалуронскa киселина
– Поставување на мал и голем гиспен завој
– Мала преврска

Гастроентерологија
– Ехо на абдомен
– Гастроентеролошки прегледи
– Абдоминален хируршки прегледи
– Консултативни прегледи
– Ректално туше

Други прегледи и интервенции:
– Ехо на дојка
– Ехо на тироидеа
– Трансфузиолошки прегледи
– Интрамусклулна апликација на лекови
– Интравенска апликација на лекови
– Поткожна апликација на лекови
– Плеврална пункција
– Абдоминална пункција
– Комплет биохемиски анализи на крв
– Шема за INR
– Фибриноген
– Брисеви од кожа, нос, грло, рана
– Поставување на уринарен катетер

Поликлиника Филип Втори Струмица работи секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

Горенаведените прегледи ги извршуваат етаблирани лекари од Филип Втори од Скопје, пo претходно дефиниран распоред.

Закажувањето за преглед се извршува на телефонскиот број 034/320-302.

Писмо до Филип Втори

Писмо до Филип Втори

ПочитуваниНа ден 21. 10.2011 год. учениците од здравствената струка образовен профил медицинска сестра при СОУ,,Димитар Влахов,, Струмица ,заедно со нивниот професор Емилија Котеска бевме во посета на Специјалната болница,,Филип II,, во Скопје.

Од оваа посета јас како професор заедно со моите ученици се вративме со позитивни впечатоци од онаа што успеавме да го видиме за времето со кое располагавме. Се сретнавме со лубезен и високо стручен персонал кои беа дарежливи во однос на знаењето и стручноста и дел од него им го пренесоа т на учениците,запознавајќи ги со се што располага оваа болница и какви се манипулации и интервенции се изведуват во неа.Преку тој позитивен пристап како во однос на нас така и со пациентите им укажаа на учениците ,а идни здравствени работници каков треба да биде пристапот на секој здравствен работник кои се одлучил за оваа хумана работа. Просториите со кое располага оваа болница се направени по Европски стандарди како би се пациентот почуствувал што подобро и поудобно .Апаратите со кое располага оваа болница се најсуфистицирани и се со најнов тренд во медицината. Хигиената кое се забележува во оваа болница, а е на високо ниво, е благодарение на персоналот кои работи во неа и е задолжен за тоа.

Позитивниот пристап на секој еден од вас не води кон пат на заедничка соработка.Иста таква посета беше остварена и во поликлиниката ,,ФИЛИП ВТОРИ ,, во Струмица.Уште еднаш од мое име и од име на моите ученици искрено Ви се заблагодарувам како на Вас Г-ѓа Ризов за средбата кое ни ја организиравте ,така и на вашите вработени кое ни посветиа дел од нивното драгоцено време.Со почит