Манифестација “Ем умеам ем можам”- општина Карпош, десетти јубилеј

Манифестација “Ем умеам ем можам”- општина Карпош, десетти јубилеј

Во рамките на јубилејната 10-та манифестација “Ем умеам ем можам” која ја организираше општината Карпош на 01.11.2012 година, своето учество традиционално го зема и Специјалната Болница Филип Втори, како водечки здравствен бренд во Р.Македонија.

На соодветното место, одредено од општинатата, беше истакнат штанд на кој беа презентирани материјали од секојдневната работа и услугите кои ги врши Филип Втори спрема своите пациенти.

Исто така дел од тимот на болницата, директно на терен, спроведуваше здравствена едукација на граѓаните, делеше медицински совети како и консултативни прегледи од типот на физикален преглед, мерење на крвниот притисок, шекерот во крвта, ЕКГ и одредување на дишните капацитети на посетителите на штандот.

На овој начин беше остварен директен контакт со корисниците на здравствените услуги-граѓаните, кои непосредно можеа да се информираат за своите здравствени потреби и проблеми.

Курс за напредната ехокардиографија (EAA teaching Course), 26-27.10.2012

Курс за напредната ехокардиографија (EAA teaching Course), 26-27.10.2012

Во рамките на континуираната едукација која се спроведува на персоналот од Филип Втори, тим на кардиолози од болницата, учествуваше на курсот по напредната ехокардиографија, кој се одржа под покровителство на Европската асоцијација на ехокардиографија (ЕАА) – регистриран огранок од Европското кардиолошко здружение (ЕЅС), во периодот од 26.10 до 27.10.2012 година во Скопје.

На курсот кој беше наменет за кардиолози со напреднато ехокардиографско знаење и тренинг, мегународен тим на експерти од повеке европски држави (Белгија, Обединето Кралство, Данска, Норвешка, Франција, Италија и Хрватска) ги пренесе своите знаења и пракса од областа на принципите и можностите на тродимензионалната (3Д) ехокардиографија, како и срцевата функција и перформансите на срцевиот мускул низ повеке тестови и студии при клиничко лекување и превенција на различни кардиоваскуларни заболувања.

Овој курс беше добра можност за тимот на Филип Втори, да ги продлабочат своите знаења во областа на ехокардиографијата, која секојдневно многукратно ја применуваат во својата рутинска практика со цел за обезбедување на поквалитетна здравствена грижа и услуга кон своите пациенти.

Акција на бесплатни консултативни прегледи за пациенти со дијабет

Акција на бесплатни консултативни прегледи за пац

На 14.11.2012 година во просториите на Поликлиника ФИЛИП ВТОРИ СТРУМИЦА се одржа акција на бесплатни консултативни прегледи за пациенти кои имаат дијабет 1 или дијабет 2. Акцијата на бесплатни консултативни прегледи се одржа по повод Светскиот ден на борбата против дијабетот или шеќерната болест и беше предводена од др.Јасмина Зафировска.За таа цел во Поликлиника ФИЛИП ВТОРИ СТРУМИЦА пациентите имаат можност да го направат испитувањето на гликоризираниот хемоглобин HbA1c кој претставува дијагностички тест кај пациентите со дијабет и кај пациентите кои што имаат висок ризик за добивање на дијабет.За подетални информации околу ова заболување можете да прочитате на следниот линк

12 –ти Kонгрес на International Federation of Infection Control (IFIC)

12 –ти Kонгрес на International Federation of Infection Control (IFIC)

Oд 10 до 13 октомври во Загреб се одржа 12-тиот конгрес на Интернационалната Федерација за Контрола на Инфекции на кој зеде активно учество и тимот од микробиолошката лабораторија, Др. Снежана Туфекчиевска Ѓуроска и Др. Катерина Јанковска, кои се воедно и Тим за контрола на болнички инфекции во Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори. Нашата болница активно учествуваше со постер презентација на тема: „Pseudomonas aeruginosa resistance according to EUCAST standards during year 2011/2012 in patients of Special Hospital for Surgical Diseases Filip Vtori, Skopje – Republic of Macedonia“Клучни теми беа: Антимикробен ефект на бакарот; Тимско анализирање на секоја инфекција; Подобрување на праксата; Болничка хигиена; Едукација како важна мерка во контролата на инфекции; Индивидуално и колективно однесување; Примена на антимикробни средства – од теорија до пракса; Превенција на развој на резистенција кон антибиотици и средства за дезинфекција; Концепт на нулта толеранција и други научни и практични предавања.Потреба која се наметнува во секој сегмент на контролата на инфекции е надзорот над истите.

Зошто токму надзор?„ Ако нешто не можеш да измериш, не можеш ни да го подобриш“Lord Kelvin, 1824-1907

VI Македонски конгрес на радиолошки технолози

VI Македонски конгрес на радиолошки технолози

Во периодот од 28-ти до 30-ти септември 2012 се одржа VI Македонски конгрес на радиолошки технолози со меѓународно присуство во Охрид.На овој конгрес беа презентирани теми од областа на магнетната резонанца, компјутерската томографија, нуклеарната медицина, радиотерапијата, како и други делови на радиологијата. Исто така беа спроведени и работилници за истражување, практика базирана на докази.На конгресот беа презентирани орални стручни предавања од страна на поканетите предавачи, меѓу кои беа и преставници од Специјалната Болница,, Филип Втори’’ и тоа:- Михајло Маноилов со презентација на тема: ЕКГ Контролирана 64-МСКТ ангиографија -Дијагностицирање на акутна аортна дисекција- Дарко Стојановски со презентација на тема: ,, МСКТ на крвни садови на глава и врат’’ Двете презентации предизивикаа огромен интерес и позитивни коментари од страна на слушателите, и беа пофалени за најдобри презентации.Конгресот преставува одлична можност да се сподели искуството и работата помеѓу колегите од балканот.

Први кардиохируршки операции на деца во Македонија

Први кардиохируршки операции на деца во Македонија

На 10.09.2012 започна нова ера во развојот на детската кардиохирургија. Долгогодишната соработка со Фондот за Здравствено Осигурување даде позитивни резултати формирајки посебна ДРГ група која ке ги покрива оперативните трошкови за корекција на вродените срцеви мани кај деца постари од 9 месеци.Академик Жан Митрев направи корекција на вродени срцеви мани кај три деца на возраст од 6, 10 и 15 годишна возраст, чиишто трошкови беа комплетно рефундирани според новоформирана ДРГ група. На официјалната посета од страна на директорите на ФЗОМ м-р Маја Парнарчиева Змејкова и Џемали Мехази, академик Жан Митрев им ги претстави децата, кои се во одлична здравствена состојба со сосема уреден постоперативен тек.

Get the Flash Player to see this player.

Во своето 12-годишно постоење Филип Втори направи комплетна подготовка на високо едуциран кадар,и најсовремена техничка опрема за дијагностика и третман на вродените срцеви мани. До сега третирани се 638 пациенти со вродени срцеви мани,од кои 375 со хируршки интервенции и 263 со интервентни процедури

Целта е детската популација да добие побрза здравствена услуга, да ја добие дома, семејствата да ги избегнат трошоците поврзани со патувањата за лекување во странство и постоперативно да ја следат нивната здравствена состојба во ПЗУ Филип Втори.

Здружението за кардиоваскуларна хирургија го одржа второто годишно собрание

Здружението за кардиоваскуларна хирургија го одржа второто годишно собрание

„Основањето и активната работа на Здружението за кардиоваскуларна хирургија покажува дека и во Македонија може да се организира и спроведе врвна медицина. Веќе не станува збор за учење туку за размена на знаења и достигнувања. И понатамошната работа на Здружението треба да придонесува кон стимулирање токму на овој напредок во постојаната надградба. Фактот што тука се присутни доктори од земјава и странство, од јавните и од приватни установи, универзитети и болнички центри покажува дека сите сме единствени во намерата, максимално да одговориме на потребите на пациентот, кој секогаш е и треба да биде на прво место“, изјави претседателот на Здружението д-р Жан Митрев.

(Скопје, 5.10.2012) – Македонското здружение за кардиоваскуларна хирургија на Р. Македонија во хотелот Александар Палас го одржа второто годишно собрание со цел размена на знаења, теории и искуства за полесен пристап до проблемите на пациентите.

Покрај македонските експерти на еднодневниот собир гости и предавачи беа еминетни имиња од европската докторска фела од областа на кардиологијата и кардиохирургијата. Професорите од клиниката за кардиологија и кардиохирургија од Бад Нојштад и универзитетската болница Гисен, проф. Др. Кербер, доц. Др. Денеке и проф. Др. Мосдорф, кои беа прогласени за почесни членови на здружението.

Во тек на работниот дел на собирот беа презентирани најновите достигнувања од областа на кардиологијата поточно ритмологијата, проф.Денеке ги изнесе најновите ставови за третман на атријалната фибрилација од аспект на кардиологијата и кардиохирургијата, проф. Кебер даде осврт на улогата на тимот за срце во третманот на кардијалните болни. Познатиот кардиохирург Моздорф зборуваше за новините во семиинвзивните техники за третман на аортната стеноза.Академикот др Митрев даде осврт на 12-годишното постоење и постигнати резултати на полето на кардиохиургијата во Македонија. На крај состанокот беше завршен со краток осврт кон последните медицински водичи за кардиохируршки третман од областа на бајпас и валвуларната хирургија.

Присутни беа гости од домашните, приватни и јавни здравствени установи.