Манифестацијата „ Најпопуларни“ во организација на ТВ Орбис

Манифестацијата „ Најпопуларни“ во организација на ТВ Орбис

Манифестацијата „ Најпопуларни“ во организација на ТВ Орбис од Битола традиционално се организира веќе шеста година и се темели на претходно спроведена анонимна анкета, на која Специјалната болница Филип Втори од страна на гледачите на Телевизија Орбис од Битола беше избрана за најпопуларна во регионот за 2012 година, а Академик др.Жан Митрев добитник на престижното признание НАЈПОПУЛАРНИ ЗА 2012-ТА ГОДИНА.

5ти Уро-Онколошки Зимски Конгрес 2013

5ти Уро-Онколошки Зимски Конгрес 2013

Од 30.01. до 02.02.2013 во МАНУ се одржа “5от Уро-онколошки Зимски Конгрес” (5th Uro-Oncology Winter Congress) на Еуро- Азиската Уро-онколошка асоцијација, во организација на Турската уролошка асоцијација и МАНУ. Како поканети предавачи беа присутни еминентни професори од САД, Египет и сите Балкански земји. Преку орални, видео и постер презентации беа прикажани најактуелните теми во урологијата во дијагностика и третман на малигните заболувања, со посебен осврт на роботска хирургија.

Специјалната болница „Филип Втори“ зема активно учество на конгресот со 4 презентации и тоа:

“Adenocarcinoma arising in urachal cyst” – др. Марјан Кузманоски

“Simultaneous surgical treatment of the abdominal aneurism and kidney’s tumor” – др. Марјан Кузманоски

„Тotal duodenopancreatectomy with right radical nephrectomy and retroperitoneal lymph dissection during a malignant tumor of the pancreas with surrounding infiltration“ – Прим. др. Јован Мирчевски

„Urogenital cancer and bone metastasis“ – Проф. др. Ѓорѓе Зафироски

Акад. проф. др. Живко Попов беше дел од извршниот одбор на конгресот и како поканет предавач имаше свое предавање на тема „Cancer after renal transplantation – Macedonian experience“.

Во рамките на конгресот се одржа и „hands on training“ работилница за лапароскопија

Приказ на случај со Stanford B аортна дисекција

Приказ на случај со Stanford B аортна дисекција

Пациентка на 56 годишна возраст беше примена во нашата установа поради болка во предел на градите и грбот со почеток 2 недели пред прием. Болката не е поврзана со движење, не се смирува со промена на положбата и користење на медикаменти, а во еден наврат пациентката дава податок и за повраќање. Претходно пациентката поради изразената симптоматологија е хоспитализирана во кардиолошка установа каде е дијагностицирана Stanford B дисекција. Ехокардиографскиот наод беше во прилог на дилатација и парцијална тромбоза на десцендентна аорта. Направена беше компјутерска томографија и дијагностицирана беше аневризма на абдоминална аорта (Craford III) со Stanford B дисекција на торакална аорта. При тоа аневризмата беше со максимален дијаметар од 6,6 цм кај реналните артерии, a. mesenterica superior и десната ренална артерија беа од вистинскиот лумен, додека truncus celiacus и левата ренална артерија излегуваа од лажен лумен со присутна исхемија на средениот и долениот пол на левиот бубрег.

На физикален преглед пациентката беше без значајни отстапки. Аускултаторно везикуларно дишење, срцева акција ритмична, тонови јасни, дијастолен шум над аортното устие 1-2/6.Преку торакофренолумботомија кај пациентката направена беше комплетна замена на десецендентната аорта до заедничките илијачни артерии со васкуларна протеза Albograft 24mm како и реимплантација на сите висцерални артерии. За време на оперативниот зафат користен беше Gott-шант за перфузија на долниот дел на телото со канилација на лакот на аорта и левата заедничка илијачна артерија, како и NIRS (nearly infrared regional spectrophotometry), посебна анестезиолошка неинвазивна техника за мониторирање на мозочна перфузија.Во постоперативниот тек пациентката беше комплетно стабилна со уредно будење и без невролошки испади.

Започната беше постепена мобилизација веќе првата недела постоперативно. Пациентката беше отпуштена дома по 3 недели од приемот во добра општа состојба.

Приказ на тетралогија Фало со МСКТ ангиографија кај адултни пациенти

Приказ на тетралогија Фало со МСКТ ангиографија кај адултни пациенти

Тетралогија на Фало е вродена кардиоваскуларна аномалија каде се гледа:- голем вентикуларен септален дефект (ВСД) – хипертрофија на десна комора, – јавачка аорта, – пулмонална инфундибуларна стеноза пред пулмоналната валвула,Симптоми: цијаноза, диспнеа при хранење, спор растTретман: хируршки. Постојат полесни таканаречени пинк форми кои преживуваат подолго време и се решаваат оперативно во адултниот периодОваа аномалија е застапена 7 до 10 % од сите срцеви вродени аномалии и се јавува на секое 5-то од 10 000 бебињаМоже да биде пропратена и со десен аортен лак (25%),абнормална анатомија на коронарите артерии (5%),стеноза на гранките на пулмоналната артерија, прооден дуктус артериозус, комплетен АСД итн

Приказ на две адултни пациентки кои имаат полесна форма на тетралогија Фало:

Пациентка Ј. А. на 30 годишна возраст со Тетралогија Фало, лесна -пинк форма. ЕФ 60%. НИХА 3. МСКТ наод:

Присутна комуникација на аортата со левата пулмонална артерија.

Лева пулмонална артерија со сигнификантна стеноза проксимално.

Присутен ВСД – 23мм.

Kоронарните крвни садови се прикажаа уредни.

Индицирана хируршка корекција на срцева маана

Пациентка С. А. на 28годишна возраст со Тетралогија на Фало, хемодинамска гр 2. Умерена (50%) декстропозиција на аортата. Централна цијаноза. НИХА 3. РБББ.

МСКТ наод:

Аорта со декстропозиција, диjаметар на синус Валсалва 40мм,

Трункус пулмоналис: диjаметар на главно стебло 11мм, десна пулмонална артерија 11мм, диjаметар на лева пулмонална артерија 23мм.

Присутен ВСД – 13мм

Наголемени десно срцеви кавитети.

Коронарните крвни садови се прикажаа проодни , дилатирани, извијугани ,без знаци за обструктивни лезии.

Индицирана хируршка корекција на срцева маана