Обука за нов дата менаџмент софтвер “Sorin-Connect” за машините за вонтелесна циркулација

Обука за нов дата менаџмент софтвер “Sorin-Connect” за машините за вонтелесна циркулација

Во период од 27.05.2013 до 29.05.2013 под покровителство на Sorin(Stockert) групацијата во Минхен Германија се одржа тренинг обука за користење на најновaта генерација на дата менаџмент софтвер ‘’Sorin Connect” за автоматско собирање и обработка на медицински податоци од машините за вонтелесна циркулација “ Sorin-S5”, “Sorin C5”, “Sorin S3” и” Sorin SC”. Како преставник од “Филип Втори” учествуваше перфузионист Игор Кајевски кој се здоби со сертификат од Sorin групацијата со валидност во следните три години.

ALCAPA Sy

ALCAPA Sy

Пациентка на возраст од 36год., која доаѓа на преглед заради градни тегоби. При кардиолошки преглед и е дијагностицирана дилатативна кардиомиопатија, ЕФ 35%, митрална регургитација 2 степен, ТР 2 степен, СПАП 50 ммХг. Состојба после транзиторна АФ – актуелен синус ритам, АВ блок од 1 степен.

Слика бр 1Ангиографија

Во следен акт на пациентката и беше направена 64МСКТ коронарографија, при што беше детектиран аномален излез на ЛМА од трункус пулмоналис и тоа нерпосредно над пулмоналната валвула и се потврди дијагнозата ALCAPA Sy.

Слика бр. 2МСКТ

“Моето срце во сите бои”

“Моето срце во сите бои”

Од 9. до 14. јуни оваа година, во комплексот “Солферино” во Струга, заедно со Црвениот крст на град Скопје, по четврти пат се одржа летниот камп “Моето срце во сите бои” под мотот “Дружбата и смеата во боите на виножитото”. И оваа година, децата со вродени срцеви маани заедно со нивните родители имаа прекрасна прилика да се дружат, и низ организирани работилници и игри да се доживеат себе како здрави личности на кои им претстои живот со многу предизвици на кои ќе можат да одговорат без стравот од болеста која претходно ја имале. На кампот учествуваа деца кај кои е направена некаква интервентна кардиолошка процедура или пак операција на срце. И овојпат родителите имаа одлична можност меѓусебно да ги споделат трауматските искуства низ кои поминувале заедно со нивните деца и со помош на психолозите, лекарите и младите волонтери да ги редефинираат од денешен аспект низ концептот “Моето дете е сега здраво”.

Оваа активност, единствена во земјава, која е препознатлива веќе за Специјалната болница за хируршки болести “Филип Втори” ќе продолжи и понатаму, со цел да се афирмира проактивниот и просоцијалниот капацитет кај оваа ранлива група, а со тоа и можноста кај овие засегнати личности да се поддржи здравиот концепт на индивидуално, семејно и пошироко општествено живеење.Во духот на негување на хуманите вредности, Специјалната болница за хируршки болести ја продолжува својата мисија.

Петтиот интернационален конгрес организиран од Европска федерација на асоцијациите за интензивна нег

Петтиот интернационален конгрес организиран од Европска федерација на асоцијациите за интензивна нега и лекување

Учество на петтиот интернационален конгрес организиран од EfCCNa – Европска федерација на асоцијациите за интензивна нега и лекувањеДомакини на овогодинешниот конгрес беше Српското здружение на медицински сестри и техничари.Во склоп на тридневниот конгрес учество зедоа сестри и здравствени работници од повеќе светски центри со предавања и постер презентации од областа на интензивна нега и лекување како и размена на искуства преку меѓусебни контакти.Со предавања учествуваа и :Жанета Богоевска- Митева “Фактори кои ја пролонгираат механичката вентилација кај кардиохируршки пациенти“ и “Мониторирање на интрахоспиталните инфекции преку искуствата на СБХБ Филип Втори, Скопје Македонија”Дивна Лазарова”Предоперативно пласирање на интрааортна балон пумпа кај пациенти за коронарно бај пас премостување”Александар Султанчев “Може ли да се предвиди настанувањето на декубитален улкус?”Со постер презентација учествуваше Соња Коневска на тема”Перкутана трахеостома кај кардиохируршки пациенти”.

Награда “Best Practice Award” за презентацијата на тема“Мониторирање на интрахоспиталните инфекции преку искуствата на СБХБ Филип Втори, Скопје Македонија” беше доделена на Жанета Богоевска- Митева.

VI конгрес на физиотерапевти на Србија

VI конгрес на физиотерапевти на Србија

Во период од 25-27 април 2013 во Нови Сад беше одржан VI-от Конгрес на физиотерапевти на Србија со меѓународно учество. На конгресот учествуваа 140 физиотерапевти од 10 земји од Европа. Мотото на конгрeсот беше “Движењето за иднина”, а целта на овој конгрес беше физиотерапијата да се фокусира на превенцијата и да се базира на најдобрите докази од клиничката пракса. На овој начин се стекнуваме со нови знаења и ја подобруваме ефикасноста на нашата работа во функција на навремена и професионална помош на пациентите.На конгресот активно учество земаа и физиотерапевтите од Филип Втори, Олгица Димитров и Блаже Арсов, кои со својата усна презентација на тема “Рана и интензивна физикална терапија во третманот на нервномускулна слабост стекната во единица за интензивно лекување кај пациенти на продолжена механичка вентилација” предизвикаа голем интерес кај колегите кои немаат искуство во работа на интензивна нега.На самиот конгрес беше потенцирана потребата од континуирана едукација и достапност на информации за нови методи и техники во понатамошно професионално усовршување на физиотерапевтите.

Извештај од 8-ми конгрес на физиотерапевти на Р. Хрватска

Извештај од 8-ми конгрес на физиотерапевти на Р. Хрватска

Во период од 08.-09.06.2013. во Загреб е одржан 8-ми конгрес на физиотерапевти на Р. Хрватска со меѓународно учество во организација на Хрватска комора на физиотерапевтите. На Конгресот присуствуваа 250 учесници од повеќе земји од Европа со предавања и постер презентации од областа на физикална терапија и рехабилитација.СБХ ”Филип Втори “ беше представена со тема ” Влијание на интермитентен CPAP третман во респираторна рехабилитација на ателектази кај кардиохируршки пациенти” презентирана од физиотерапевти Блаже Арсов и Олгица Димитров.Колегите од Хрватска беа позитивно изненадени од нашата презентација, највпечатлив коментар беше “ Од само три труда на целиот Конгрес од кардиопулмонална рехабилитација, еден доаѓа од Македонија!”.Колегите од КЦ Дубрава беа изненадени од бројот на кардиохируршки операции, а во разговорот со нив видовме дека спроведуваме сосема исти терапевтски процедури со тоа што ние работиме поинтензивно и со повеќе третмани во текот на денот ( тие работат само прва смена). Остваривме интересни средби со колегите кои работат во Центарот за трансплантација во Дубрава.Мотото на Конгресот беше поговорка на Winston Churchil: “ Песимистот наоѓа потешкотии во секоја прилика, а оптимистот наоѓа прилика во секоја потешкотија.”