Физикален третман после ортопедска операција во напредната возраст

Физикален третман после ортопедска операција во напредната возраст

Пациентка на 92 годишна возраст при пад во домот се здобила со скршеница на левиот колк (Fractura colli femoris lat.sin.) и е хоспитализирана во одделот за Ортопедија и Трауматолигија во нашата болница. Од анамнезата, пациентка е кардијално компензирана и никогаш претходно не била лекувана или оперирана.Од страна на ортопедските хирурзи кај пациентка е вградена ендопротеза на левиот колк (implatatio edoprotesis coxae sin subtotalis bipolaris sec.lima).

Првиот постоперативниот ден започната је физикална терапија со апарат за континуирани пасивни движења ( CPM), активни и активно-потпомогнати вежби за долните екстремитети, како и респираторна физикалчна терапија. Пациентка е вертикализирана и мобилизирана со помош на одалка вториот постоперативниот ден.

Пациентката е пуштена дома петтиот постоперативниот ден оспособена за самостојно одење со патерици.

Advanced Principles in Operative Fracture Management Course for ORP

Advanced Principles in Operative Fracture Management Course for ORP

Во период од 8-10.11.2013 год. Во Загреб,Хрватска,се одржа првиот Advanced Principles in Operative Fracture Management Course for ORP,во рамките на AO Trauma.Курсот се состоеше од теоретски предавања,дискусии на случај и практични вежби,кои завршија со тестирање на стекнатото знаење и доделување на сертификати.Акцент беше ставена минимално инвазивните техники при остеосинтеза(MIPO).Имаше учесници од 12 земји,а од нашата болница учество земаа инструментарките Катерина Ристовска Јанев и Десанка Ѓурчиноска.

Рационална употреба на антибиотици

Недела за подигнување на свесноста за рационална употреба на антибиотици: 18–24 ноември

Иако некогаш развојот на антибиотици беше една од најголемите достигнувања во медицината, сега преголемата и несоодветна употреба на истите е вистински проблем. Причина за тоа е настанатата антибиотската резистенција (отпорност на микроорганизмите кон антимикробните средства). Antibiotic Awareness Week е глобална иницијатива за подигнување на свесноста кај здравствените работници и пошироката популација за да се научи повеќе за антибиотската резистенција и важноста од соодветна употреба на антибиотици. Антимикробна резистенција претставува отпорност на микроорганизмите кон одреден антимикробен лек кон кој предходно биле осетливи. Резистентните микроорганизми имаат механизми со кои се спротивставуваат на дадените антимикробни средства а со тоа стандардните начини на третирање постануваат неефикасни а инфекцијата перзистира и е голем ризик за нејзино понатамошно ширење. Еволуцијата на резистентни соеви е природен феномен кој настанува кога микроорганизмите се изложени на антимикробни средства, и резистентните особини може да бидат разменети помеѓу одредени типови на бактерии. Овој процес на настанување на антимикробна разистенција неможе да се спречи, но со прекумерната и несоодветна употреба на антибиотици процесот значително се забрзува.Што значи несоодветна употреба на антибиотици?

1. Препишување антибиотици кога не е неопходно, како кај вирусни инфекции или пролонгирана профилакса2. Употреба на антибиотици со широк спектар (цефалоспорини од трета генерација, карбапенеми) кога и антибиотици со потесен спектар се ефикасни.3. Препишување на премногу ниски или премногу високи антибиотски дози4. Антибиотски третман подолго отколку што е потребно 5. Давање антибиотик без микробиолошки резултат6. Прескокнување или доцнење со антибиотските дози7. Препишување интравенозна терапија кога и оралната е ефикасна и клинички корисна8. Неземање антибиотици како што е пропишаноОдговорноста за употребата на антибиотици е не само на тие кои ги препишуваат туку и на тие кои ги користат. Утврдено е дека повеќе од 50 % од антибиотиците се непотребно дадени (кашлица, вироза…)Антибиотиците се единствени лекови кои допринесуваат до глобална штета, сите останати само индивидуална

Посета на ученици од Средното медицинско училиште од Прилеп

Посета на ученици од Средното медицинско училиште од Прилеп

На ден 02.11.2013 година во нашата болница имавме посет на група од 40 ученици од Средното медицинско училиште од Прилеп. Истатат беше изведена во склоп на нивната работна програма. Учениците заедно со нивните професорки имаа можност да се запознаат со просторините капацитети, апаратура и медицински услуги кои се извршуваат во нашата болница. Посетатат започна во Дијагностичкиот центар, а подоцна и на останатите оддели каде интерактивно со прашања и разговори можеа да се запознаат со многу новини. Во текот на оваа посета се забележа огромен интерес и се поголема желба за понатамошна наша соработа а поготово во нивниот натамошен едукативен развој.

Рано откривање на ракот на дебелото црево

Рано откривање на ракот на дебелото црево

Кои се причините за развивање на рак на дебелото црево?

Причината за развој на ракот на дебелото црево како и причината за повеќето малигни болести останува непозната. Сепак во долгогодишните испитувања на светските истражувачки институти за канцер непобитни се некои факти кои се дел од повеќето причини за развој на оваа малигна болест.

Полипи на дебелото црево Полипите се број 1 ризик фактор за развој на рак на дебелото церво. Може да се јават на било кој дел на дебелото црево и не мора да бидат проследени со симптоми

Фамилијарна предиспозиција и наследни факториБлизу 25% од болните имаат позитивна фамилијарна анамнеза што упатува на наследна предиспозиција. Што значи тоа? Доколку некој од семејството имал тумор на дебелото црево (мајка, татко, баба, дедо, вујко, чичко) независно од која страна, има зголемен ризик во животот да заболи од оваа болест.

Начинот на исхраната и стилот на живот Исхраната игра несомнено голема улога во развојот на рак на дебелото црево. Тоа ја вклопува оваа болест како “болест на развиените општества”, каде се живее динамично и се конзумира претежно брза храна која е богата со животински масти.

Симптоми:

Ректалното крварење е еден од честите симптоми кој го прати ракот на дебелото црево. Крвта е помешана со столицата и истата е потемна, но може и да е посветла (кога пациентите мислат дека се работи за хемороиди) при што не се обрнува посебно внимание со што се прави фатална грешка. Друг симптом кај ова заболување е истенчување на изметот (тој се истенчува како врвка). Можна последица на напреднат процес кој ја стеснува внатрешноста на цревото правејќи ја тесно проодна за изметот. Слабокрвноста е симптом кој е присутен кај многу заболувања,но исто така и речиси секогаш присутна и кај оваа болест.

Дијагноза:

Точната и навремена дијагноза е условена од адекватана припрема за преглед. Така да доколу болеста се открие во рана фаза (царцинома ин ситу) истата е во потенцијално излечива фаза. Дијагнозата на рак на дебелото црево најточно се поставува со: Колоноскопија -Тоталната колоноскопија насекаде во светот претставува златен стандард за дијагноза на ракот на дебелото црево. Се работи за инструментален преглед со дијагностичка точност над 95% .

КОЛОНОСКОПИЈА СО АНЕСТЕЗИЈА во специјалната болница Филип Втори се изведува во општа анестезија (интравенска анестезија, не класична анестезија со интубација), која се практикува секаде во модерните болници во светот и нуди апсолутно безболен преглед каде што пациентот е под константна контрола на високостручен анестезиолошки тим. Со тоа прегледот е комплетно безболен а пациентот по 90 минути ја напушта болницата и продолжува со нормални секојдневни активности.

Лекување:

Лекувањето на ракот на дебелото црево е првенствено хируршко (се отстранува туморот со дел од цревото), а потоа пациентот по упат и проценка на хирургот се лекува на Институтот за Онкологија и Радиотерапија.

18-ти Конгрес на Здружението на Албански лекари

18-ти Конгрес на Здружението на Албански лекари

Во периодот од 26-27.10.2013 година во Хотел Дрим во Струга се одржа 18-тиот Конгрес на Здружението на Албански лекари, на кој како предавач и одговорен на две стручни сесии беше поканет и Академик др Жан Митрев. Тема на неговото предавање беше “ Хируршки третман на пациенти со генерализирана атеросклероза”

Др Иван Милев одржа предавање на тема “ Интервентни процедури кај пациенти со вродени срцеви мани”

Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори на овој конгрес беше застапена и со повеке постер презентации:

1. Балон валвулопастика на пулмонална валвуларна стеноза – др Шпенд Идризи2. Евалуација на коронарните артерии со ЕКГ водена компјутерска ангиографија, кај пациенти со патологија на аортниот корен- наши искуства- др Лидија Велјановска Кираџијска3. ПЦИ в.с. ЦАБГ во третман на повекесадовна коронарна болест – др Шпенд Идризи4. Итни случаи во кардиоваскуларната хирургија – др Жан Митрев5. Транскатетер емболизација во различни патолошки условина абдомен и карлица- др Звонко Атанасов6. Третман на постифарктен ВСД- др Енвер Идоски7. Интраоперативна 3Д трансезофагеална валвуларна евалуација – др Тања Анѓушева