Симпозиум во Приштина, Косово

Симпозиум во Приштина, Косово

На 10- ти Октомври 2014 година, во Приштина, Косово, под организација на “Association of Kosovo anaesthesiologist and CEEA (Committee for European Education in Anaesthesiology) office in Kosovo” како член на ESA (European Society of Anaesthesiology) и WFSA (World Federation of Societies of Anaesthesiologists), се одржа симпозиум од областа на кардиоaнестезијата.

На овој симпозиум учествуваа доктори од различни европски земји, меѓу кои како поканет предавач беше Др. Тања Анѓушева од специјалната болница по хирушки болести “Филип Втори”.

Предавањето на Др. Тања Анѓушева беше на тема “Cardio renal syndrome”.

Конгрес на физиотерапевти во Вуковар

Конгрес на физиотерапевти во Вуковар

Во периодот од 16.10. – 19.10.2014 година, се одржа Конгрес на Хрватски збор на физиотерапевти во Вуковар со меѓународно учество под мотото: “Физиотерапија наука или уметност”. На конгресот земаа учество 98 автори од шест земји (Македонија, Полска, Грција, Германија, Босна и Херцеговина и Хрватска), со 54 презентации. Одржани беа и три работилници (сите од респираторна терапија), три округли маси и една фокус група.

Специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” беше претставена со презентациите на Блаже Арсов- “Физикална терапија послије уградње тоталне ендопротезе кукуа код витално угроженог пацијента” и Олгица Димитров- “Физикална и респираторна терапија у превенцији вентилатор асоцираних пнеумонија”.Двете теми предизвикаа голем интерес кај слушателите и СБХБ “Филип Втори” беше посочена како болница во која се работи по светски стандарди.

ЗАПОЗНАЈ ПСИХОЛОГ во склоп на студентска едукативно- научна дружба „ПСИХЕ-СКОП“

ЗАПОЗНАЈ ПСИХОЛОГ во склоп на студентска едукативно- научна дружба „ПСИХЕ-СКОП“

На 01.11.2014 година, во просториите на Филозофскиот факултет при УКИМ, се одржа студентска едукативно-научна дружба “Психе-скоп” организирана од Здружението на студенти по психологија „Психеско“ кое е основано од студентите на Институт за психологија. Во делот Запознај психолог, психолозите од одделот за психологија и психотерапија при специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” беа поканети да ја претстават својата професија и што значи да се работи како здравствен психолог, да ја претстават институцијата во која работат, да ја запознаат публиката со нивната положба и улога во Филип Втори и што опфаќа нивната секојдневна работа, кои квалификации се потребни и слично. Притоа, студентите имаа можност да поставуваат прашања кои беа поттикнати од дискусијата. Ова е уште една активност која е резултат на меѓусебната соработка на СБХБ Филип Втори и Институтот за психологија при УКИМ.

Анестезија кај пациенти со прекумерна тежина – приказ на случај

Анестезија кај пациенти со прекумерна тежина – приказ на случај

Прекумерната тежина (обезност, дебелина) е се́ почесто застапена на светско ниво и претставува сигнификантен ризик фактор за морталитет/морбидитет кај пациентите кои подлегнуваат на хируршки интервенции и анестезија. Состојбата на пациентите и типот на заболувањето го одредуваат видот на анестезија. Предоперативната анестезиолошка проценка е од важно значење, затоа што отежнатиот дишен пат и невозможната интубација се чести случаи кај обезните пациенти, па така регионалната анестезија (доколку е возможна) е најдобар избор.

Приказ на случај

Пациентка на 63- годишна возраст, примена за хируршко решавање на умбиликална кила (хернија). Анамнестички дава податок за висок притисок и дијабет. Анестезии претходно немала. Висока 161 cm и тежина 163 kg (BMI 62.9 kg/m2). Крвен притисок 150/90 mmHg и срцева фреквенција од 100/мин. Уреден ЕКГ наод. Респираторно присутен дифузен бронхитичен наод. Проценка на дишен пат- тешка интубација, краток врат, ограничена подвижност на вратот. Еписпинална анестезија беше најдобар избор, како за пациентот, така и за анестезиологот. Пациентката беше информирана за оваа високо ризична процедура и истата беше прифатена од нејзина страна. Ранитал и реглан беа дадени како премедикација, заради зголемениот ризик од аспирација. Стандардна антибиотска профилакса. Во операционата сала беше поставена на стандарден неинвазивен мониторинг и беа поставени две интравенски канили. Еписпиналниот блок беше поставен во седечка позиција, ниво L2-L3 со спинална игла од 100мм и епидурална од 88мм, при што беше аплицирано 4 ml Ropivacain 7,5%/ml и континуирано 0,5% Bupivacain. Беше постигнат адекватен сензорен и моторен блок. Хируршката интервенција траеше 70 минути. Пациентката беше префрлена на одделот за полуиинтензивно лекување и отпуштена дома за 48 часа во стабилна состојба.

“Фудбалер не станав, но ќе станам успешен физиотерапевт”- Виктор Костадинов

Во декември 2003 година, влегов низ вратите на Клиниката за Кардиохирургија “Филип Втори”, како единаесет годишно исплашено дете кое родителите го водат на интервенција на срце. Се редеа слики пред мене, болничка соба, сестри, доктори, сала за операција…

Денес, после 11 години, повторно минувам низ истата врата, истите ходници, сестри, доктори, но сега и јас сум дел од нив. Завршив средно медицинско училиште, дипломирав на ВЗШ при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип и се запишав на специјалистички студии. И пак застанав пред Академик Др. Жан Митрев, но сега не како пациент, туку како дипломиран физиотерапевт, со молба да ми дозволи да се усовршувам на неговата клиника.

Многу сум среќен што ми овозможи да волонтирам, да научам како се работи во реномирана клиника по светски стандарди, каде што пациентот е на прво место.

Јас бев првото дете врз кое беше извршена успешна интервнција по нова метода, а после мојата се извршени уште многу такви. Кога прв пат се сретнав со Академик Др. Жан Митрев ме праша што сакам да бидам, а јас детски одговорив- фудбалер!

Фудбалер не станав, но се надевам дека овде ќе научам и ќе станам успешен физиотерапевт кој ќе помага во рехабилитацијата на пациентите.

Фудбалер не станав, но ќе станам успешен физиотерапевт

Да подариме добрина

Да подариме добрина

Има ли поголема добрина од тоа да му се помогне на човека кога помошта му е најпотребна? Да му се понуди шанса за поквалитетен живот, тогаш кога судбината си поиграла на безмилосен начин? Деновиве, специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори”, прими за оперативен зафат млада пациентка од заводот за рехабилитација “Бања Банско”, со цел да се изврши ортопедска интервенција со која на оваа млада личност ќе и́ се понуди можност да стапне на своите стапала на еден природен начин. Покажувајќи ја хуманоста на дело, целокупните трошоци за нејзиниот престој се покриени од ПЗУ “Филип Втори”. Сочувствувајќи со нејзината судбина, како персонал се обидовме престојот во болничкиот амбиент да и́ го направиме што попријатен, да се радуваме и восхитуваме на нејзината ведрина и насмевка, да ја разбереме и нејзината тага во душата и да се воодушевуваме на нејзината желба за живот понатаму. На заминување ја испративме со подарок, а со свој придонес кон ова добро дело се вклучи и Црвениот крст на град Скопје, кој исто така и́ подари корисни работи. Од срце, и́ посакуваме многу здравје и многу насмевки во животот и и́ благодариме што не́ потсети за смислата на животот и неговата бесценета вредност.

Интервентно затворање на ПФО кај пациенти со рефракторна мигрена со аура

Интервентно затворање на ПФО кај пациенти со рефракторна мигрена со аура

Според последните резултати презентирани на 16ти Септември на ТЦТ 2014 во Вашингтон од студијата наречена ПРИМА, затворањето на патент фораменовале (ПФО) може значително да ги намали мигренозните главоболки кај пациенти споредено со медикаментозна терапија. Студијата беше спроведена со цел да се пронајдат нови средства за олеснување на мигренозните главоболки кои погодуваат околу 55 милиони пациенти низ САД и Европа. Од скоро, затворање на ПФО се поврзува со висока стапка на решавање на инцидентна мигрена водејќи до хипотеза дека десно-левшант на хемиски или физички тригеринајвероватно ја влошуваат оваа хронична состојба.

Главната цел во оваа студија беше намалувањето на трањето на мигрената сметано во денови по една година. Вклучени беа 107 пациенти и рандомизирани во група во која било изведено интеврентно перкутано затворање на ПФО (n=53) и група во која се користело медикаментозна терапија (n=54). По 12 месеци, 40 пациенти од првата и 43 пациенти од втората група го завршиле следењето. Резултатите покажале намалување на времетрањето на мигрена на -2,9 дена во групата со интервенција и -1,7 дена во медикаментозната група , додека пак кај пациентите со мигрена со аура намалувањето било за -2,4 дена во првата група и -0,6 во групата само со медикаментозен третман.Авторите на студијата заклучуваат дека интервентно затворање на ПФО може да е безбедно и кај 40% од пациентите тежината на главоболките може да се намали за повеќе од 50%. Кај 10 % од пациентите може да се постигне целосно отстранување на главоболките , а кај 40% од пациентите со мигрена со аура може да се постигне целосно отстранување на тегобите.