Оперативен третман на зголемување на машки полов орган – приказ на случај

Оперативен третман на зголемување на машки полов орган – приказ на случај

Дали големината на машкиот полов орган е нешто за што се зборува отворено или тоа е се́ уште табу тема? Дали големината е одговорна за нормално физиолошко живеење? Дали големината на пенисот влијае на психофизичката зрелост на мажите? И уште многу прашања кои почнуваат со Дали… можат да се формулираат на оваа тема. За жал, кај нас и во нашето општество, оваа состојба е се́ уште “забранета” за јавно размислување. Де факто, состојбата предизвикува бројни функционални абнормалности кои можат да влијаат на репродукцијата, психофизичкото, сексуалното и менталното здравје на поединци. Потребно е познавање на состојбата, како и изнаоѓање на можни решенија кои ќе го подобрат севкупниот квалитет на живот. Микропенис е состојба на невообичаено мали димензии на пенисот (ширина и должина). Критериуми за дефинирање на состојбата по новите светски уролошки guidelines (водичи) се дијаметар на пенисот помала од 2,5 цм и должина помала од 7 цм. Се јавува кај 0,6 % од мажите.

Етиологија – причина: 1. Редуцирана андрогена продукција • абднормален тестикуларен развој (Klinefelter syndrome, Leydig cell hypoplasia)• специфичен дефицит на тестостерон (машки полов хормон) или синтеза на дихидротестостерон (17,20-lyase deficiency, 5α-reductase deficiency)• синдром на неосетливост на андрогени, неадекватен одговор на жлездата во мозокот- гонадотропен дефицит • конгенитален хипогонадизам2. Недостаток на хормонот за раст3. Конгенитален хипопитуитаризам4. Експозиција на некои лекови за време на бременост (diethylstilbestrol)

Третман:1. Хормонски терман 2. Хируршки тертман – phalloplasty

Во Специјалната Болница по хируршки болести “Филип Втори”, од страна на Др. Горан Јовиќ, специјалист уролог се направи оперативен третман на зголемување на пенис кај млад маж на возраст од 40 години. Оперативниот тек одеше уредно. Се користеше материјал Permacol, како имплант, во дебелина од 1,5 мм. Постоперативниот тек, исто така, протече уредно. Самата хоспитализација траеше 24 часа. Контролниот преглед потврди комплетен успех на интервенцијата. Даден совет за физикална терапија во наредните шест месеци со користење на специјално дизајнирана вакум пумпа. Евидентна беше сатисфакцијата на пациентот и тимот.

18- ти Ноември, Европски ден за рационална употреба на антибиотици

18- ти Ноември, Европски ден за рационална употреба на антибиотици

Порастот на антибиотската резистенција е закана за ефективноста на антибиотиците денес и во иднина!• Антибиотската резистенција е сериозен проблем за јавното здравство во Европа • Бројот на инфекции предизвикани од антибиотик – резистентни бактерии е во пораст, производство на нови антибиотици не е на повидок што претставува лоша слика за достапност на ефикасни антибиотици во иднина

Настанувањето на антибиотик – резистентните бактерии би можело да се држи под контрола со ограничена и соодветна употреба на антибиотици!

• Несоодветната и прекумерна употреба на антибиотици е еден од главните фактори за настанување на антибиотска резистенција. Несоодветна употреба може да значи:1. Кога се дава антибиотикот, а не е неопходно2. Давањето на антибиотик е задоцнето кај критично болни пациенти3. Кога спектарот на дејство на дадениот антибиотик е премногу тесен или премногу широк4. Кога дозата на даден антибиотик е пониска или повисока од дозата која е соодветна за таа состојба кај тој пациент5. Кога траењето на антибиотската терапија е премногу кратко или трае предолго6. Кога антибиотскиот третман не е прилагоден на микробиолошкиот резултатЗошто разумна употреба на антибиотици?• Да ја зачуваме делотворноста на антибиотиците и за следните генерации, како не би влегле во постантибиотска ера

Учество на Прва интернистичка тиреолошка школа

Учество на Прва интернистичка тиреолошка школа

Во организација на Здружението на интернисти на Македонија, во периодот од 14-ти до 15- ти Ноември, во Охрид, се одржа Првата интернистичка тиреолошка школа под мотото “Клинички придобивки од применети насоки”.Предавачи и демонстратори на школата беа Проф. Др. С. Хојкер, Проф. Др. Е. Пирнат, Доц. Д-р. М. Грмек, Доц. Др. С. Габершчек и Доц. Др. К. Залетел од Клиника за патофизиологија при Клинички Центар- Љубљана. Свои предавања имаа и Проф. Др. Б. Крстевска од Клиника за ендокринологија и Доц. Др. В. Мајсторов од Институт за патофизиологија.Учесници на школата беа доктори специјалисти по интерна медицина од Р. Македонија.Самата школа имаше и практичен дел, со обука за ехо на тироидна жлезда, како и доста практични препораки во однос на следење и лекување на болестите на тироидната жлезда.

Петти конгрес на трансфузиолози- Р. Србија

Петти конгрес на трансфузиолози- Р. Србија

Од 06- ти до 08.11., во Белград, се одржа V-от Конгрес на трансфузиолози на Србија со меѓународно учество. Во склоп на конгресот, свечено беше одбележан и јубилејот 70 години од постоење на Институтот за трансфузија на крв на Србија. На конгресот беа презентирани 182 усни и постер презентации меѓу кои и темата “Rational use of blood components in cardiac surgery – our nine years experience” на др. Елена Амбаркова Виларова (автор), др. Тања Анѓушева, др. Енвер Идоски и др. Жан Митрев (коавтори). Во тек на престојот во Белград беше посетено одделението за трансфузиологија во КБЦ “Драгиша Мишовиќ – Дедиње” и беа разменети искуства за периоперативниот трансфузиолошки менаџмент на пациентите од областа на кардиоваскуларната хирургија.

Учество на меѓународна конференција на одделот за психологија и психотерапија

Учество на меѓународна конференција на одделот за психологија и психотерапија

По повод 40 години од своето постоење, Институтот за психологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” од 30- ти Октомври до 1- ви Ноември организираше Меѓународна конференција за теорија и пракса во психологијата.Меѓу бројните учесници од повеќе земји ширум светот, со свои трудови пред научната јавност се претставија и психолозите од Одделот за психологија и психотерапија и тоа:- “Биопсихосоцијалниот модел во 21-от век – теориски и практични предизвици” автор: Илија Дојчиновски, коавтори: Фросина Ристовска, Љубица Лилиќ, Тања Анѓушева, Жан Митрев – “Анксиозноста и срцевите заболувања” – автор: Фросина Ристовска, коавтори: Илија Дојчиновски, Љубица Лилиќ, Тања Анѓушева, Жан МитревНа почетокот на 2014-та година, Специјалната Болница по хируршки болести “Филип Втори” потпиша Меморандум за соработка со Институтот за психологија и успешно спроведуваат заеднички активности.

Крводарителска акција

Крводарителска акција

На ден 12.11.2014 година, во просториите на библиотеката Гоце Делчев во Велес, се одржа крводарителска акција. Организатор на оваа акција беше Мото Клубот од Велес.На крводарителската акција беа собрани 86 единици крв, број однапред одреден и ограничен од Заводот за Трансфузија. На оваа акција беше поставен штанд на Специјалната Болница по хируршки болести “Филип Втори”. Присутни беа 4 вработени медицински сестри кои ги запознаа посетителите и крводарителите со работата во болницата. За време на крводарителската акција беше поделен рекламен материјал од сите дејности и услуги кои се извршуваат во Специјалната Болница по хируршки болести “Филип Втори”.