Спортувањето – вистински избор за здрав и правилен развој

Спортувањето – вистински избор за здрав и правилен развој

Нашата болница со континуирана поддршка на спортот

По пауза од 14 години најдобрите кик боксери своите вештини ќе ги покажат пред публиката во Штип. Организатор на државното првенство е штипскиот боречки клуб „Гладијатор“ кој се формираше и работи со максимална поддршка на Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“. Од своето постоење до денес клубот ниже успеси како во државата така и надвор од неа . Од година во година бројот на освоените трофеи се зголемува. Успехот на клубот е причина за зголемен интерес на младите да бидат дел од него. Избирајќи го спортот тие го избираат вистинскиот пат за здрав и правилен развој. Првенството ќе се одржи во СЦ „Јордан Мијалков“ со почеток во 12.00 часот, влезот е слободен.

Специјалната болница „Филип Втори“ постави интерактивен блог за посетителите на фан страната на face

Специјалната болница „Филип Втори“ постави интерактивен блог за посетителите на фан страната на facebook

Почитувани,

На нашата фејсбук страна поставивме блог со наслов„ Тема на неделата“. Тоа ќе биде редовна содржина која ќе ја објавуваме секој вторник.Темата за оваа недела е „Покачен крвен притисок-хипертензија“. Доколку сакате да ги споделите Вашите искуства, ако имате некоја дилеми или прашања поврзани со темата, одете на ФБ страната на Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ и бидете дискутант со оставање на Ваш коментар.Ова е линкот кој Ве води до темата. Сите Ваши прашања ќе бидат одговорени од страна на лекарскиот тим на нашата болница.

Ново срце – најголем подарок за неговиот трети роденден

Ново срце – најголем подарок за неговиот трети роденден

Нашето искуство од 15 години кардиохирургија има опфатено третман на 793 деца, тоа се пациенти за кои кај лекарите се буди и непостоечкото шесто сетило. Еден од нив е малечкиот Т.С кој со неполни три години беше примен во нашата болница со една од почестите вродени срцеви мани од типот на вентрикуларен септален дефект која доведува до мешање на крвта во двете комори. По соодветна предоперативна подготовка , кај детенцето е направена хирушка корекција од типот на затворање на вентрикуларниот септален дефект со перикарден пач пластика и реконструкција на аортна валвула со анулопластика.Односно, комуникацијата е прекриена со парче од перикардиумот со што е оневозможено понатамошно мешање на крвта. Прстенот на аортниот залисток хирушки е намален, со што валвулата може да се затвора нормално и да нема враќање на крвта. Овој тип на операции секогаш се проверуваат со трансезофаегеална ехокардиографија чија анализа покажа уредна корекција на вродениот дефект кај пациентот.Датумот на роденденот на нашиот мал-голем јунак се совпадна со неговиот престој во болницата. Персоналот кој се грижеше за него му приреди иненадување со роденденска торта и подарок. Најголемиот подарок за неговиот трети и сите следни родендени е неговото „ново“ срце.Неговата детската насмевка беше одговор на се. Насмевка за живот.

Интраоперативно направено е трансезофагеална ехотомографија (ТЕЕ) при што е верифицирано постоење на ВСД (вентрикуларен септален дефект). Хемодинамиски и ритмички стабилен по излегување од сала со ниско дозирани катехоламини кои набрзо се исклучени. Екстубиран после 3 часа. Кристалоидно супституиран според хемодинамиските параметри. Електролитно супституиран според ацидобазниот статус. Вклучена антибиотска терапија. Задоволителна артериска оксигенација, уредни вредности на гасните анализи во крвта. Спроведена интензивна респираторна терапија и започнати постепени мобилизациски постапки кои уредно ги толерира. Во неколку наврати земени материјали за комплет лабораториски анализи, како и материјали за комплет микробиолошка дијагностика. Лабораториски параметри во граници на референтните вредности. Микробиолошки не се изолирани патогени бактерии. Вториот постоперативен ден, тимот на Филип Втори на малиот Борче му приреди изненадување со роденденска торта и мал подарок за неговиот трети роденден. Насмевката на неговото лице беше најголемата благодарност за нас. Немерливо е задоволството да се работи со деца, да се слушне нивниот плач, да се почувствува нивната топлина. Седмиот постоперативен ден се испишува на домашно лекување во добра општа состојба со препорака за редовни контроли.

Уште едно признание за професионалната работа на Специјалната болница „Филип Втори“

Улогата на микробиолошката лабораторија во контролата на болничките инфекции

Микробиолошката лабораторија на Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ и во 2104 година го потврди квалитетот на своето работење. Признанието е добиено преку надворешна контрола од страна на експерти од Холандија, Данска, Велика Британија и други европски држави во рамките на CAESAR (Central Asian and Eastern European Surveillance of Antimicrobial Resistance).Нулта толеранција поточно ниту еден случај на болничка инфекција!Ова е основното начело на работата на микробиолошката служба и тимот за интрахоспитални инфекции, за континуирано одржување на здравјето на нашите пациенти. Со големи напори од страна на сите профили на здравствени работници се обезбедува систем на работа кој поддржува сигурна пракса. Микробиолошката лабораторија со својот потенцијал постојано работи на спречување на појава на инфекција кај пациентите кои престојуваат во болницата, користејќи брзи, прецизни и стандардизирани техники. Редовната епидемиолошка контрола во болницата и успешната соработка со клиничките тимови придонесува да се држи под контрола настанувањето на резистенција на микроорганизмите кон антимикробните средства. Во светски рамки поразителен е податокот кој укажува дека годишно болничките инфекции се причина за смртност на поголем број луѓе во споредба со бројката на лица кои животот го губат во сообраќајни несреќи,пожари и поплави.

Вадење на камен од мочниот канал

Вадење на камен од мочниот канал

Отежнато или отсуство на мокрење е состојба во човечкиот организам која укажува на сериозен проблем кој не смее да се запостави. Навременото третирање и лекување е клучниот фактор во надминување на состојбата. Во Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ неодамна беше хоспитализиран пациент на возраст од 54 години. Комплетно ретентен односно со неможност за исфрлање на урината. При ехо преглед констатирано е присуство на хидронефроза т.е застој на бубрегот од 3/4 степен. За попрецизни наоди направена е компјутерска томографија на стомакот. Преку ова снимање е воочен застој на десниот бубрег но и застој на мочниот канал од истата страна. Во мочниот канал е откриен камен (калкул)со димензии 10 мм x 9 мм. Поставена е индикација за цистоскопија. При што во мочниот канал -простатичениот дел се наиде на заглавениот камен, кој беше вратен во мочниот меур со поткренување. Со помош на сонда -Дормиа каменот е префрлен во корпата на сондата а потоа е изваден до надворешниот отвор на мочниот канал.Заради некомпарибилноста на големината на отворот со каменот отворот мораше да се засече т.н инцизиј, пресекување на отворот. Поставен е уринарен тропатен катетер.Интервенцијата помина во најдобар ред без никакви компликации.